Запознај ја Македонија - туристички водич

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
497
Поени од реакции
280
Сакам да одам Осоговски манастир, некој совет шо можам да видам во околина и некое убо ресторанче?
 
Член од
21 септември 2010
Мислења
349
Поени од реакции
181
Сакам да одам Осоговски манастир, некој совет шо можам да видам во околина и некое убо ресторанче?
Nema da se kaes veruvaj mi, prekrasno nesto, nemoze dovolno so zborovi da se opise, za restorance imas tamu gore vo manastirskiot kompleks prekrasno cisto i eftino restorance so tradicionalni i prevkusni jadenja, cistiot vozduh i prirodnata ubavina u kombinacija so tradicionalni jadenja e nesto nezamenlivo na ovaa denesnica....pojdi, vidi uzivaj pa spodeli iskustvo (y)
 
Член од
9 октомври 2011
Мислења
20
Поени од реакции
4
Ako doagjas za Kocani, kontaktiraj me, jas ziveam na glavnata ulica koja vodi do Osogovskite planini, moze da te prosetam vo okolinata
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.634
Поени од реакции
13.067
Некој поинформиран за и околу Галичник, покрај Неда хотелот, дали има други сместувања?
Исто ако некој бил до скоро во Св. Јован Бигорски, да ми каже ситуација таму, дали има смештај и што цена е?
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Некој поинформиран за и околу Галичник, покрај Неда хотелот, дали има други сместувања?
Исто ако некој бил до скоро во Св. Јован Бигорски, да ми каже ситуација таму, дали има смештај и што цена е?
Незнам дали ќе ти помогне но вреди да се обидеш директно во манастирот да се јавиш:
http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_name=kontakt
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
ИНТЕРЕСНИ ГЕОГРАФСКИ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНИЈА КОИ НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ

Во наредниот преглед се претставени некои географски факти за Македонија кои можеби не сте ги знаеле!

-Во Македонија, на така мал простор се застапени речиси сите видови на карпи и почви што ги има во Европа. Некои карпи во источниот дел на државата се извонредно стари – близу милијарда години! Исто така, во нашата држава се наоѓа можеби единственото европско наоѓалиште на рубини. Многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози се прокриумчарени од Прилепско.




Ова е линк од ebay каде што е објавена информацијата за продажба

Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд и тоа од најниска класа. Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот Сивец.

-Околината на Прилеп, посебно кај Сивец, претставува најголемо и најквалитетно наоѓалиште на бел мермер во Светот! Дневно од овде се извезува меѓу две и три илјади квадратни метри мермерни финални производи во Грција, во Саудиска Арабија, Африка, Австралија, САД, Јапонија и во други континенти и земји. Секој ден од Прилеп за светот патуваат најмалку три шлепери со непреработени грамадни мермерни блокови, а секој блок е тежок меѓу дваесет и триесет тони.


Нивната крајна адреса се скулпторски ателјеа или мини-фабрики за производство на украсни фасади, подиуми и ѕидови на многу сакрални христијански и муслимански верски објекти и галерии и најразлични мали фигури од овој постојано студен и светол камен. Белиот Град, наоѓалиштето на мермер – Сивец, на североисточниот дел на Прилеп, има импресивна и мистична креација. Низ светлите заслепувачки бели ходници под отвореното темно сино небо, движењето на посетителот е по бели комплекси мермерни блокови, високи и шеесет метри. Тоа што може да се доживеат во Сивец крај Прилеп ретко се доживува некаде во светот.

-Македонскиот рудник “Алшар” на планината Кожув е единственото позначајно наоѓалиште на лорандит и талиум во светот. Од 2008 год. рудникот е прогласен за споменик на природата и дел од мрежата на “Емералд” – мрежата за заштита на природните реткости. Во јавноста со децении кружат и неверојатни приказни за интересот на странските разузнавачки служби за Алшар.


Тие сметаат дека со негова помош може да се прават експерименти за истражување на вселената што е во интерес на нивните вселенски програми. Со употреба на лорандитот може да се регистрираат најстарите процеси во вселената. Поради реткоста, лорандитот од Алшар е извонредно скап и баран минерал.

-Јужно од Свети Николе се јавуваат таканаречени бели солени почви: солонец, солоѓ и солончак, кои главно се застапени по руските степи. По површината имаат тенка солена кора, особено впечатлива во летниот период. Во Гевгелиско пак (кај с. Ѓавато) има појави на интересни песочни почви или ареносоли!

-Македонија е меѓу земјите што има најмногу планини во однос на површината: 38 планини на 25.713 км кв. или по една планина на околу 700 км кв. Од тој број 12 планини се повисоки од 2000 м, а 5 пак од нив се повисоки од 2500 м.


Ако се наредат сите планини една врз друга, нивната височина ќе достигне 65 км, а само оние над 2000 м заедно се високи 31 км!

-Во Македонија има многу добро сочувани остатоци од 30-тина вулкани во североисточниот дел на државата и тоа од Кокино на север до Кочани на југ. Во близина на Злетово, поточно кај с. Лесново е еден од најдобро сочуваните кратери (калдери) на Балканот и пошироко. Најголем дел од овие вулкани биле активни пред десетина милиони години, со спектакуларни експлозивни ерупции!


Слични остатоци на вулкани има од Кавадарци до границата со Грција, а Витачево е меѓу ретките во Европа висорамнини од вулканско-ерозивен тип!

-Земјотресот што се случил во 1904 година кај Пехчево имал магнитуда од 7,8 степени по Рихтер и 10 степени по ЕМС и до сега е најсилен забележан земјотрес на Балканот и меѓу посилните во Европа. Всушност, во Македонија има повеќе земјотресно активни зони бидејќи овие подрачја од земјината кора се вклештени помеѓу големата Европска (Евроазиска) континентална плоча на север, Африканската плоча на југ и 2 помали плочи на исток и запад.

-Во Македонија се утврдени неколку стотици пештери и јами (пропасти). Во внатрешноста на пештерата Ѓоноица или Убавица кај Гостивар има подземен водопад и подземна река. Под водите на вештачкото езеро Матка пак е откриена една од најдлабоките подводни пештери во Европа (Врело), до сега истражена до длабочина од 212 метри!


Отворот на пештерата Пешна пак кај Македонски Брод е меѓу најголемите во светот! Неодамна откриената Словачка јама близу врвот Солунска Глава, според досегашните истражувања е длабока 600 метри, а се очекува да биде многу подлабока, поточно меѓу најдлабоките во овој дел на Балканот!

Македонија е меѓу ретките земји со толкаво шаренило на климата на растојание од стотина километри: од Гевгелија и Дојран каде климата е топла, изменето медитеранска, до високите планински подрачја каде има студена алпска клима. Беровско и Кривопаланечко имаат континентална клима, а Охридско-Струшкиот регион има умерена клима со езерско влијание. Најниската забележана температура во Македонија е -31 степен во Берово и Битола, а највисоката е 45 степени (на сенка) во Демир Капија или екстрем од 76 степени! Според количеството на врнежи од околу 300-400 мм годишно, подрачјето на Градско е меѓу најсушните во Европа! Во Тетовскиот, Гевгелискиот, Беровскиот и други краишта се случувало половина од таа годишна количина да наврне за само еден ден (1962, 1979, 2010)!

Покрај десетината, за наши услови поголеми реки како Вардар, Црна, Брегалница, Треска, Црни Дрим, Струмица, Пчиња и др., во Македонија има уште стотици помали рекички, потоци, повремени и периодични водотеци. Нивната вкупна должина е околу 20.000 км! Воедно, Македонија има и околу 70 природни езера: тектонски или котлински како Охридското, Преспанското, Дојранското, потоа 30-тина глацијални, десетина пештерски, неколку карстни, 3 мочуришни, неколку свлечишни и други.


Од нив, Охридското е меѓу најстарите и најдлабоките во Европа (288 м), со голем број на ендемични видови. Македонија има голем број на топли, односно термоминерални извори, од кои 8 се користат како бањи. Кочанската и Струмичката котлина се особено богати со подземни топли води, односно со геотермални лежишта!

Автор: д-р Ивица Милевски
Извор:Игео-Портал
Веб портал на Институтот за географија во Скопје
http://www.fakulteti.mk/news/11-12-25/interesni_geografski_fakti_za_makedonija_koi_ne_ste_gi_znaele.aspx
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Драги мои, најдов една тема ама е ставена во историја а членовите што пишувале уште одамна ги нема. Значи, ме интересира како да стигнам до таа пештера во Катланово со топла вода и како што читав наоколу во тој регион имало како мали базенчиња исто со топла вода и интересни ствари да се видат. Каде точно треба да се качам, детали ако може, мапа уште подобро :) Фала многу :love:
 
Член од
23 септември 2010
Мислења
645
Поени од реакции
385
Дали има некој спореден пат од Скопје до Маврово, сакам да одам со велосипед и неќам да имам проблем со милиција.
 
S

sramezliviot blesavko

Гостин
dobro eftino smestuvanje naponikva, bez razlika vila vikendica hotelce samo da ne e skapo
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.619
Поени од реакции
14.353
Nema da se kaes veruvaj mi, prekrasno nesto, nemoze dovolno so zborovi da se opise, za restorance imas tamu gore vo manastirskiot kompleks prekrasno cisto i eftino restorance so tradicionalni i prevkusni jadenja, cistiot vozduh i prirodnata ubavina u kombinacija so tradicionalni jadenja e nesto nezamenlivo na ovaa denesnica....pojdi, vidi uzivaj pa spodeli iskustvo (y)
Eве една моја фотка од манастирот пред некој ден

https://www.google.com/maps/@42.2086255,22.3626924,3a,75y,357h,90t/data=!3m5!1e1!3m3!1sTrZ_VRMvx9oAAAQYPGl_YQ!2e0!3e11
 
Член од
6 септември 2012
Мислења
71
Поени од реакции
21
Ќе може ли неκој да пρепоρача неκое убаво место или гρадче за шетање или може и пρеноќување,поефтино нешто неκој што се ρазбиρа.. пρедходниот месец бев со девојκата во Штип и не беше лошо али неκое дρуго место во пρиρода саκаме овојпат,поκρај ρеκа или езеρо исто не би било лошо само да е убаво и ефтино :) сеа знам деκа тие две тешκо идат заедно али што имате споделете, поздρав
 

Kajgana Shop

На врв Bottom