Запознајте го невронаучникот кој случајно открил дека е психопат

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.387
Додека седел во својата канцеларија, проучувајќи ги снимките на луѓето кои страдаат од сериозни психијатриски нарушувања, невронаучникот Џејмс Фелон останал шокиран од едно неверојатно откритие.

Во досегашните 58 години тој живеел мислејќи дека е нормален човек, оженет и татко на три деца, човек кој по ништо не се одвојува од останатите луѓе. Но, овој професор на Универзитетот Калифорнија, во 2005 година дошол до сознание кое го натерало повторно да го преиспитува сопствениот идентитет.

Мозокот на Фелон покажува намалена активност во пределот за емпатија и морал.

Додека работел на проект за проучување на мозокот на сериските убијци, споредувајќи ги со оние на шизофреничари, пациенти кои боледуваат од хронична депресија и нормални луѓе, истовремено учествувајќи и во истражување за Алцхајмеровата болест, тој го скенирал и својот мозок.

Снимка од мозоците на сите членови на семејството на научникот, единствено во неговиот мозок е забележана неактивност на пределот за емпатија.

Прегледувајќи ги снимките, наишол на една која покажувала очигледни знаци на психопат: активноста на мозокот во пределот за емпатија, морал и самоконтрола била исклучително мала, исто како кај мозокот на криминалците.

Снимката го привлекла неговото внимание и веднаш проверил за чиј мозок станува збор. Тогаш останал шокиран, бидејќи се работело за снимка токму од неговиот мозок.
Наместо да ја задржи оваа тајна за себе, тој ја напишал книгата „The Psychopath Inside“ во која објаснува дека и среќно оженет човек, татко на три деца, може да биде психопат со еднакви генетски својства какви што имаат и сериските убијци.

Она што го прави различен од познатите психопати како Чарлс Менсон или Тед Банди е фактот што иако емпатијата не му е силна страна, тој не ги следи своите агресивни пориви. Но, изненадувањата за професорот не престанале, проучувајќи го семејното стебло, тој открил дека е во крвно сродство со барем седум познати убијци. Навистина е тешко да се одреди што е тоа што го прави еден човек психопат, бидејќи симптомите варираат до непрепознатливост.

„Страшно сум компетитивен, не им дозволувам на децата да ме победат во игрите и правам различни работи што ги нервираат луѓето. Меѓутоа, попрво би победил некого во расправија отколку да се тепам со него“, вели тој за Daily Mail.

Фелон е професор по психијатрија на Универзитетот во Калифорнија.

Тој верува дека безусловната љубов што ја добивал од родителите е главната причина поради која психопатските склоности не го совладале. Неговата мајка имала неколку спонтани абортуси пред тој да се роди, затоа бил сакано и долго очекувано дете.

„Имав прекрасно детство, никогаш не сум бил злоставуван, никој никогаш не ми сторил големо зло за да ме претвори во убиец“, ги објаснува своите размислувања професорот. По ова неочекувано сознание, Фелон почнал да го менува сопственото однесување и се труди повеќе да се грижи за чувствата на другите луѓе, нешто што не му доаѓа природно.

via Kajgana
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Наместо да се плаши би требало да се радува, не му треба мозокот да му симулира емпатија, и да глуми морал. Тоа што е поважно, а не е прикажано е кохерентноста на мозочната активност.
 
Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
BBC Horizon во 2011 имаше еден ваков сличен документарец во кој научник го открива токму ова.
Мислам дека се викаше Are you good or evil.
 
D

Daedalus

Гостин
Да, социопатите и психопатите не покажуваат знаци на емпатија што воедно ги дефинира како такви. На пример, снимки од мозокот на деца кои се мали насилници (bullies), покажуваат на тоа дека овие деца исто така немаат емпатија но амигдалата им се активира во ситуации кадешто гледаат некој кој чувствува болка што им пружа задоволство воедно. Што е интересено, разликата помеѓу овие видови на социопати и други видови на социопати е тоа што некои само не се емпатични, како докторов можеби. Други имаат емотивни нарушувања и уживаат додека гледаат некој кој чувствува болка. Иако сите овие спаѓаат под етикетата на "социопати" и "психопати", можеби постојат некои суштествени разлики кои ги делат овие групи на луѓе
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
75
Поени од реакции
104

Потполно неточно. Само мал број одд тешките психопати, и тоа оние кои тежнеат на кај шизоидната страна имаат вакви профили. Повеќето психопати и социопати имаат скоро потполно нормална реакција на амигдалата при страв, и целиот лимбичен систем за сите емоции, вклучувајќи и емпатија. Разликата е што се способни преку повисоките центри да се дисоцираат од емотивното резонирање и да размислуваат по ладна логика. Ако ги тестираш успешните брокери и ЦЕО-а и сериските ограбувачи, ќе приметиш дека нема скоро никаква разлика во тоа како се однесуваат во стварност: сите се свесни за ризиците и можните последици, и дури и имаат релативно нормална емотивна реакција, само што во клучен момент кога треба да се направи одлука можат да ги исклучат емоциите, и да оперираат брзо и исклучиво според нивниот интерес.
 
S

Sagan

Гостин
...овој професор на Универзитетот Калифорнија...
This explains everything...
Шала на страна, првите амерски колонии биле преполни со затвори каде осуденици од Британија одлежувале, па психопатијата на амерската нација (што год да претставува таа), е нешто што мнозинството си го носи во крвта како генетско културно наследство.

Инаку, не може да се етикетира некој како психо, криминалец, убиец... само заради неактивноста/активноста на еден центар во мозокот. Личноста на човекот е единство од работата на сите мозочни центри. Ако на овој му недостига емпатија и морал, тогаш сигурно центрите за самоконтрола, праг на толеранција и (условно кажано) суперего, ја надополнуваат таа дупка и го држат во нормала.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Ако ги тестираш успешните брокери и ЦЕО-а и сериските ограбувачи, ќе приметиш дека нема скоро никаква разлика во тоа како се однесуваат во стварност: сите се свесни за ризиците и можните последици, и дури и имаат релативно нормална емотивна реакција, само што во клучен момент кога треба да се направи одлука можат да ги исклучат емоциите, и да оперираат брзо и исклучиво според нивниот интерес.
Змејко внук ми беше ваков. Ладен као флидижер. Во решавачките моменти секад прибран и логичен. Бат ми, Цале, му го видел брејн скенот у „Ремедика“. Ист као на оној невронаучникон горе.
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
75
Поени од реакции
104
Змејко внук ми беше ваков. Ладен као флидижер. Во решавачките моменти секад прибран и логичен. Бат ми, Цале, му го видел брејн скенот у „Ремедика“. Ист као на оној невронаучникон горе.
И ти, и Цале, секундарно на снимање, и тоа дубинско. Ова е наследно, може си некој секташ или сатаниста, а уште да не си приметил.
 
D

Daedalus

Гостин
Потполно неточно. Само мал број одд тешките психопати, и тоа оние кои тежнеат на кај шизоидната страна имаат вакви профили. Повеќето психопати и социопати имаат скоро потполно нормална реакција на амигдалата при страв, и целиот лимбичен систем за сите емоции, вклучувајќи и емпатија. Разликата е што се способни преку повисоките центри да се дисоцираат од емотивното резонирање и да размислуваат по ладна логика. Ако ги тестираш успешните брокери и ЦЕО-а и сериските ограбувачи, ќе приметиш дека нема скоро никаква разлика во тоа како се однесуваат во стварност: сите се свесни за ризиците и можните последици, и дури и имаат релативно нормална емотивна реакција, само што во клучен момент кога треба да се направи одлука можат да ги исклучат емоциите, и да оперираат брзо и исклучиво според нивниот интерес.
Патем, целово објаснување кое го даваш е непотврдено верување кое невронаучниците го немаат покажано како валидно. Согласно со најновите сознанија, како точно функционираат овие механизми е непознато и дали постојат варијабили од "психопат" до "психопат" е исто така нејасно. Еве ти пример за студија која е излезена пред некој ден и покажува како lateral habenula има функција која е од големо значење а тоа не било познато до сеа.
http://www.sciencedaily.com/releases/2013/11/131124200554.htm

Исто е и со социопатите и психопатите. Нова евиденција може да ги побие сите досегашни знаења за тоа што е психопат/социопат а воедно и да ги смени овие изрази притоа давајќи нови за луѓе кои имаат различни варијабили од истото пореметување. Секако, можеби постојат причини поради кои ти сметаш дека социопат е нешто позитивно, но науката покажува дека овие луѓе имаат сериозни дисфункционалности.
 
Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.622
Поени од реакции
12.433
на Јунг мислам дека беше тезата дека секој во себе има нешто што сака да го направи, меѓутоа разграничувањето меѓу тоа и она што се смета за нормално и прифатливо од страна на општеството е на крај тоа што те прави нормален, и го карактеризира твоето однесување како нормално...баткава е најдобар пример за ова :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom