Пред некој ден ми дојде на гости еден пријател и извади образец да ми земел податоци за да ми направи лојална картичка од Спорт Лајф.Законот си гласи дека во Македонија секакво обложувањето преку интернет (on line) е забрането.
Ниедна обложувалница во Македонија не смее да воведе ваков тип на обложување (не е дека немаат можности)
Идејата им е да спречат државата да остне со кратки ракви, односно немаат можност за контрола на уплатените средства и основ по кој да си го наплатат данокот.
Исто така Македонските државјани не смеат да се обложуваат преку интернет ни во светските обложувалници што ја нудат таа услуга.
Ако добиете пари во некоја странска обложувалница и тие ви ги уплатат средстствата на сметка кога одите да ги подигнете не смеете да кажете дека ви се добиени на обложување. Како и секогаш снаодливиот Македонец ја наоѓа дупката во законот па како основ може да се наведе на пример, дека сте надворешен консултант на таа странска обложувлница и тие ви го уплаќаат хонорарот. Еден пријател често дава консултации на бет анд вин. :kesa:
Ова нашиве го видоа (ископираа) од еден Француски закон.
Во Франција игра „Обложување на спортски натпревари“ смее да организира само државната лотарија, и несмеат французите да се обложуваат преку интернет во странство. Монополот на државната лотарија во Франција беше оспорен на меѓунроден суд (тужеше горе спомнатата обложувалница) и по едногодишно судење Франција го доби спорот.
Образложение:
„Француската држава се грижи за своите граѓани и само вака може да го контролира во “нормални“ граници неморалното трошење на парите на своите граѓани“
За нивно добро Франција им лапа на граѓаните околу 5 000 000 000 (5 милијарди) евра годишно. И нормално несака да ги дели со други обложувалници.
Ми вика дај лична карта, му викам ќе ти кажам податоци (физичко лице се дрзнува да побара лична карта).
ОК ми вика ајде кажи ми податоци, му кажувам име, презиме, тел број и адреса.
Ми вика и број од лична карта.
ЗА КОЈ К БРЕ БРОЈ ОД ЛИЧНА КАРТА ДА ОСТАВАМ НА КЛАДИЛНИЦА
И почнува да ми објаснува "Абе гледам многу си паметен, ај ќе видиме до кај ќе стасаш, сите што ми оставија податоци за картичката ги ограбија. Ако сака некој да те ограби не му треба ни број ни ништо".
Каде со ваа полуписмена раја.
Во која институција да се пријави дека наивен народ си остава број од лична карта по кладилници?