Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
Дали мислите дека треба да се донесе нов закон за ловците и роболовците?
Иако има процедури за добивање дозвола за ловење како извесно време хранење на животните во шумите и наплатување извесна чланарина како и вадење на риболовна дозвола за риболовците треба да се постават одредени граници и повисоки казни за прекршок на тоа што веќе е забрането т.е. на веќе забранетите животни за ловење.
Дали мислите дека е во ред да се ловат животните како што се дивите волци, рисови кои веќе се пред истребување, многу видови на птици, ловење на рибата кога и е време за мрестење или диво ловење на Охридската пастрмка...? Да не ги споменам мечката која мислам дека во зоолошката градина во Скопје е единствениот примерок во целата Македонија и дивата свиња која исто така уште малку ќе влезе во групата на загрозен вид доколку нашите ловци продолжат да ловат дивеч во ова темпо.
Според мене и мојот став кој во секоја мера ги заштитува животните затоа што како и човекот така и тие треба слободно да се движат и по вина на човекот се до тоа ниво дојдени на истребување. Мислам дека треба да се донесе закон со кои ќе се забрани ловот на дивечот, секако да биде дозволен само ловот одредени видови на птици, дивите зајци како и одредени видови на риби.
Да не се разбереме погрешно, не сакам да поднесам иницијатива за нов закон туку ме интересираат други ставови и мислења околу оваа тема.
И ако има веќе постоечка ваква тема може слободно да ја избришете или споите со веќе постоечката тема.