Закон за лов и риболов

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Дали мислите дека треба да се донесе нов закон за ловците и роболовците?
Иако има процедури за добивање дозвола за ловење како извесно време хранење на животните во шумите и наплатување извесна чланарина како и вадење на риболовна дозвола за риболовците треба да се постават одредени граници и повисоки казни за прекршок на тоа што веќе е забрането т.е. на веќе забранетите животни за ловење.
Дали мислите дека е во ред да се ловат животните како што се дивите волци, рисови кои веќе се пред истребување, многу видови на птици, ловење на рибата кога и е време за мрестење или диво ловење на Охридската пастрмка...? Да не ги споменам мечката која мислам дека во зоолошката градина во Скопје е единствениот примерок во целата Македонија и дивата свиња која исто така уште малку ќе влезе во групата на загрозен вид доколку нашите ловци продолжат да ловат дивеч во ова темпо.
Според мене и мојот став кој во секоја мера ги заштитува животните затоа што како и човекот така и тие треба слободно да се движат и по вина на човекот се до тоа ниво дојдени на истребување. Мислам дека треба да се донесе закон со кои ќе се забрани ловот на дивечот, секако да биде дозволен само ловот одредени видови на птици, дивите зајци како и одредени видови на риби.
Да не се разбереме погрешно, не сакам да поднесам иницијатива за нов закон туку ме интересираат други ставови и мислења околу оваа тема.
И ако има веќе постоечка ваква тема може слободно да ја избришете или споите со веќе постоечката тема.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
За ловот има сезони кога е отворена за лов свиња,кога зајак,кога волк на пример и тн.... што значи не можеш преку целата сезона да ловиш.
И за риболов има кога е дозволено фаќање,и тоа само со дозвола.Тука ќе додадам дека понекогаш гја прекршувам сезоната за риболов,мада кога идам не ни фаќам нешто :D,ама да правам прекршок,и сум свесен за тоа.Не сум горд,ама тоа е што е :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
За ловот има сезони кога е отворена за лов свиња,кога зајак,кога волк на пример и тн.... што значи не можеш преку целата сезона да ловиш.
И за риболов има кога е дозволено фаќање,и тоа само со дозвола.Тука ќе додадам дека понекогаш гја прекршувам сезоната за риболов,мада кога идам не ни фаќам нешто :D,ама да правам прекршок,и сум свесен за тоа.Не сум горд,ама тоа е што е :)
Точно има одредени сезони ,но кој ги почитува? Со таквите чести празнења на пушките секојдневно се намалува бројот на животни, тоа е многу логички. Јас подразбирам во борба да си го заштитиш стадото или себе да убиеш ,но од чиста мира негледам ништо добро ниту логично.
И јас ловам риби но по таа процедура позната како фати-пушти и мислам дека тоа е во ред, јас имам рекреација, а притоа не убивам ниту едно живо суштество. Но во миговите кога е дозволена сезоната на риболов.
Да ја погледнеме Австралија, дали некој шуми и животни се строго забранети за лов или за сечење т.е. уништување?
А Со најновава иницијатива за “еколошки“ амандрман со кој се дозволува сечењето на поедини шуми за огрев, незнам до каде ќе отидеме.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
За ловот има сезони кога е отворена за лов свиња,кога зајак,кога волк на пример и тн.... /quote]

во валандово не е вака мислам. Сезоната почнува на 11ти октомври и трае до фебруари некаде мислам во неа е дозволено да се лови се. Ловат само за викенди и празници.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Мене многу ме нервира кога на Лов и Риболов се додава терминот -спорт. Не, не е спорт. Убиство е. Ако беше спорт, на Олимписки игри ќе се стрелаше во животни, не во мети. Најчесто, ловџиите си чуваат трофеи дома од жртвите, знаете кој друг чува трофеи од жртви? Сериски убијци- толку! А за законот, постои одамна. Али кој го почитува. Срните, срндачите, кошутите и елените се строго забранети за лов, па пак нашите искомплексирани ловџии и нивното мушко срце, не можат а да не им подарат куршум, ако им искочат во близина. Најинтересно, шумска полиција ги фаќа и наместо законски да си ја сработат работата, тие си го делат пленот (така го нарекуваат убиството нели, како најголеми предатори без заби туку со додаток на пенисот- пушка)- 50-50. Така да, колку и да се измислува топла вода во однос на закони кај нас, малоумници постојат и ќе продолжат да постојат.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Имам еден рибар во комшии и рече дека тоа што го правел го правел ради ќејф и муабетот што бил таму. Рече дека сега дозволата била 100 EUR. во против денарска вредност ако не грешам? :D и дека за тие пари ќе си купи тон риба, за разлика од она што фаќал/не фаќал на р. Вардар или р.Треска.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom