Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.956
Поени од реакции
11.966
Многупати сме зборувале тука дека бројноста е небитна... само оние од стариот еон бројат луѓе и им е битна бројноста.

Во „Книгата на Законот“ може да се најде што се повеќе цени... квантитет или квалитет.

За останатото какви се Телемитите, не може да пресудиш правилно ако имаш проблем со еден Телемит бидејќи му го мразиш Законот по кој што живее, и тоа го мразиш бидејќи никогаш не си ја проучувал Телемата, ниту пак можеш да пресудиш правилно каков „би требало“ да биде еден Телемит во однос на твојата омраза, а со тоа твое незнаење и подлост се трудиш да осудуваш цел Закон кој што нели, не ти е по мерак :)

Коментаров твој е колку да се напише нешто негативно за Законот на Телема во обид да се навреди некој Телемит, нема врска едно со друго...

Сакаш да ми кажеш дека ти може да го мразиш и да шириш лаги за Законот на Телема, а со тоа да ги напаѓаш Телемитите како што направи со овој пост и бараш демократија и фер игра?
Тешко да го добиеш тоа на овој начин...
Ти доаѓаш со боксерски ракавици на дуел тука, а бараш од нас балет да играме додека ти боксуваш...
Кој те научи така, стариот еон...?
Да ти завртиме образ, да паземе да не се навреди твојот бог, бидејќи тука постојано некој е навреден на религиозна основа! Тоа е минато, умре со стариот еон!

Види и разбери колку што ти е дадено да разбереш:

„Затоа внимавајте! Сакајте ги сите, зашто можеби Кралот е прикриен! Така велиш? Будало! Ако тој е Крал, ти не можеш да го повредиш.
Затоа удри грубо и ниско, и во пекол со нив, мајсторе!“
--- Liber AL, II:59-60

И следи ова потоа:

„Како браќа борете се!
Нема Закон над Прави што ти е волја.“
--- Liber AL, III:59-60

Твоето е бедно и хипокритско однесување... знам кој си, може да смениш 1000 кориснички имиња тука, но секогаш ќе бидеш препознаен по поганиот јазик и омразата кон Телема!

Нека те изеде од внатре, можеби ќе остане нешто саглам од таа ѕвезда што вирее во тоа твое човечко тело!
 
Последно уредено:
S

SpaceTraveler

Гостин
93!

„Сега доволно е да се каже дека во овој Закон лежи целата иднина: тоа е Законот на Слободата, и оние кои го одбиваат се прогласуваат самите за робови, и како робови ќе бидат оковани и тепани. Тоа е закон на Љубовта, и оние кои ќе го одбијат се прогласуваат себе си да бидат деца на омразата, и нивната омраза ќе се сврти против нив и ќе ги проголта во нејзините бескрајни мачења. Тоа е закон на Животот, и оние кои ќе го одбијат ќе бидат предмет на смртта; и смртта ќе ги фати неподготвени. И нивниот живот ќе биде жива смрт. Тоа е Законот на Светлината, и оние кои ќе го одбијат, според тоа се прават самите мрачни засекогаш.

Прави што ти е волја тоа нека биде целиот Закон! Одбиј го ова и падни под клетвата на судбината. Подели ја волјата против самата себе, резултатот е слабост и борба, залудна борба. Законот не го осудува Човекот. Прифати го законот и се е законски.“

Еквинокс на боговите, Глава VIII

93 93/93
 
Последно уредено од модератор:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Во секојдневието сте хипокрити, зборувате едно а правете друго.Се заканувате по приватни пораки, плувате по секој што не се согласува со вас, немате поим што е тоа демократија,дека има луге што не мислат како вас и дека тоа требе да го поштувате а не од тоа да правете лични комплекси и да ги вреѓате, дури одите и во крајности, сакате да ги заплашувате дури и да се заканувате во приватниот живот!!!
Не ти е ли срам?! Што е тоа што сме го правеле во секојдневието а што било контрадикторно на она што го зборуваме тука?! Дали е хипокрит човек што во лице кажува некому дека не го поднесува? Да не треба според тебе да ги сакам и да имам почит за луѓето што нивните бабароги од религиите на кои припаѓаат ни ги припишуваат нас? Јас немам никаков проблем било кој да не се согласува со мене, но кога некој шири лаги дека сме правеле нешто кое не сме правеле, тогаш не станува збор за ,,плукање по некого" бидејќи имал ,,различно мислење"! Клеветите не се мислење! И за такви бедници неможам никогаш да имам ниту разбирање ниту почит!
Нашата совест е чиста! Нашите постови сведочат за тоа, никој не добил никаква закана ниту навреда затоа што имал различно мислење од нашето, тоа е само уште една мизерна лага и ништо повеќе.

П.С. Што се однесува до членството, незнам дали си свесен колкава глупост е да веруваш дека бројот на членови на форумов е репер за бројот на членови во ОТО.... Тоа е подеднакво глупо како на пример да тврдиш дека бројот на зачленети хиндуси на форумов, е показател колку хиндуси има некаде.
 

Ne-misli

Жив ѓавол
Член од
2 август 2016
Мислења
351
Поени од реакции
639
Не ти е ли срам?! Што е тоа што сме го правеле во секојдневието а што било контрадикторно на она што го зборуваме тука?! Дали е хипокрит човек што во лице кажува некому дека не го поднесува? .
Хипокрит е човек кој на јавен форум се прави дека зa него човештината e на прво место, дека се труди со прапаганда да ја прикаже неговота филозофија како нешто најдобро, како нешто неминовно, нешто кое ќе го подобри светот, ќе ги надмине предходните религиозни учења.....итн,итн,итн....се најдобро.
Сето тоа не е хипокризија, ако во секојдневниот живот го прави она кое што го проповеда, она што го пропагира, со кое сака да го зголеми членството, ако најде такви.
Хипокризијата се појавува кога тој истиот член, во овој случај твојот духовен водач, се појавува со лажни профили на фејс и ми се заканува со пцовки и навреди ,кои не се ни вредни да ги повторувам овде, затоа што се на многу низок степен, срам за човечкото постоење во 21 век.

Значи ово го кажувам од лично искуство, не од рекла казала .
Која ми е целта? Да го опеменам членот да не ги повторува истите затоа што ќе се потрудам и кривично да го гонам. Само да знае дека неговите пораки се сочувани и ако се повторат ќе биде кривично гонет. Неговиот идентитет ќе се открие лесно.
И овој пост ќе биде сочуван како доказ, во случај модераторот да го избрише.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Хипокрит е човек кој на јавен форум се прави дека зa него човештината e на прво место, дека се труди со прапаганда да ја прикаже неговота филозофија како нешто најдобро, како нешто неминовно, нешто кое ќе го подобри светот, ќе ги надмине предходните религиозни учења.....итн,итн,итн....се најдобро.
Сето тоа не е хипокризија, ако во секојдневниот живот го прави она кое што го проповеда, она што го пропагира, со кое сака да го зголеми членството, ако најде такви.
Хипокризијата се појавува кога тој истиот член, во овој случај твојот духовен водач, се појавува со лажни профили на фејс и ми се заканува со пцовки и навреди ,кои не се ни вредни да ги повторувам овде, затоа што се на многу низок степен, срам за човечкото постоење во 21 век.

Значи ово го кажувам од лично искуство, не од рекла казала .
Која ми е целта? Да го опеменам членот да не ги повторува истите затоа што ќе се потрудам и кривично да го гонам. Само да знае дека неговите пораки се сочувани и ако се повторат ќе биде кривично гонет. Неговиот идентитет ќе се открие лесно.
И овој пост ќе биде сочуван како доказ, во случај модераторот да го избрише.
Јас лично ги познавам речиси сите членови на ОТО во Македонија, и глава оставам дека ниеден од нив ни во сон не би се заканувал ниту би навредувал било кого без причина. Така да, слободно да гониш кривично кого сакаш, уште утре и тоа ако можеш.
Ако мислиш дека Телемит треба и мора да молчи доколку некој друг го клевети, понижува или напаѓа, тогаш очигледно ништо не си разбрал за тоа што значи да живееш според принципите на Телемата. Никој не е должен да трпи напад над своето достоинство, чест и интегритет. Телемата е огледало, како ќе се поставиш, таков одраз ќе дојде од другата страна, тоа што некои луѓе гледаат вина во ,,огледалото" е нивен проблем.
 
Последно уредено:
S

SpaceTraveler

Гостин
Хипокрит е човек кој на јавен форум се прави дека зa него човештината e на прво место, дека се труди со прапаганда да ја прикаже неговота филозофија како нешто најдобро, како нешто неминовно, нешто кое ќе го подобри светот, ќе ги надмине предходните религиозни учења.....итн,итн,итн....се најдобро.
Сето тоа не е хипокризија, ако во секојдневниот живот го прави она кое што го проповеда, она што го пропагира, со кое сака да го зголеми членството, ако најде такви.
Хипокризијата се појавува кога тој истиот член, во овој случај твојот духовен водач, се појавува со лажни профили на фејс и ми се заканува со пцовки и навреди ,кои не се ни вредни да ги повторувам овде, затоа што се на многу низок степен, срам за човечкото постоење во 21 век.

Значи ово го кажувам од лично искуство, не од рекла казала .
Која ми е целта? Да го опеменам членот да не ги повторува истите затоа што ќе се потрудам и кривично да го гонам. Само да знае дека неговите пораки се сочувани и ако се повторат ќе биде кривично гонет. Неговиот идентитет ќе се открие лесно.
И овој пост ќе биде сочуван како доказ, во случај модераторот да го избрише.
Хипокризија е кога православен христијанин прави контрадикторни дела на православието додека се обидува очајно да омаловажува некого. За таквите пишува и во новиот завет „ќе се појават волци во овчја кожа.“ Единствен хипокрит овде моментално си само ти, инаку не би си ја делкал својата црна душичка на повеќе форумски профили со цел да презентираш бедно богоборство.
И со која цел? Кога и така никому не му е битно што ќе кажел еден роб! :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.956
Поени од реакции
11.966
Хипокризијата се појавува кога тој истиот член, во овој случај твојот духовен водач, се појавува со лажни профили на фејс и ми се заканува со пцовки и навреди... .
Ние немаме духовен водач... О. Т. О. не е религија. ОТО има Надворешен водач или OHO - Outer Head of the Order.

А тој Водач преку лажни профили на фб со тебе да се заморува или пак како што велиш, простачки да се однесува е глупост и фантазија на болен ум.. .

Можеби некој се преставува како Телемит кај тебе по фб, за кој што не можеш да знаеш дали навистина е, ниту дали воопшто е инициран во ОТО или има контакт со нас, па те навредува... така да реши си го тоа со таквите фб пријатели...

Не се суди законот по мене или нечие друго дејствување, ами по своeто во однос на законот.

Сепак сметам дека ова твоето е лага која требаше да ти послужи да ни покажеш како ние Телемитите едно зборуваме друго правиме... Секој таков како тебе, го упатувам да ја проучува "Книгата на Законот" и да го практикува Законот на Телема и видете како е... со лаги и глупости и со идеја дека со вакви простачки муабети некому ќе му ја променете волјата да биде инициран само се лаждте себе си а и застанувате со вашата подлост на нечиј пат кој што ниту го знаете ниту го разбирате...

Бидете секигаш свои и заборавете ги идеите од стариот еон...
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.956
Поени од реакции
11.966
Ја добив презентацијата која ќе биде презентирана на предавањето со наслов „Телемитски Редови“, на 9-ти ноември во 19 и 30 часот, и слободно можам да кажам дека е извонредно комбиниран извор на информации, која што на многумина ќе им разјасни многу работи во врска што значи Ред, Телема, О.Т.О., A.'.A.'. ...
Сигурно ќе потикне многу прашања, па ќе може да се постави некое прашање како шлаг :)

Ќе биде прекрасно предавање познавајќи го човекот што ќе ја презентира истата...

Така да, оние навистина заинтересирани луѓе кои одвојуваат време да ги истражуваат нашите мистерии, им препорачувам да не го препуштаат ова предавање организирано од АЛЕФ - Скопје.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.956
Поени од реакции
11.966
Јас не те ни познавам лично за да те пронајдам на фб... ниту пак имам желба да заморувам луѓе по фб, посебно не со навреди...
Од друга страна, ти кажа „духовен водач“ - а јас најмалку сум некаков духовен водач. Тоа се измислици од ваша страна...

Јас мислам и дека лажеш општо како некој ти правел муабети на фб со скриени профили сега...

Тие што ме читале до сега тука на форум, многупати ме прашувале како сум успевал да не почнам да ве колнам до 3-то колено заради вашите навреди и простачки муабети...
Одговорот е лесен: не сум таков, знам дека заради незнаење и омраза зборувате глупости.
A и се водам по ова, од „Книгата на Рамнотежа“:

„Не брзај другите да ги осудуваш; како можеш да знаеш дека ти на нивното место би одолеал на искушението. И дури да е така, зошто би презирал некого кој е послаб од тебе?“

Нормално со комбинација со овој стих:
„Затоа биди раздвижен и активен како Силфите, но одбегнувај ја лекоумноста и непостојаноста;
биди огнен и цврст како Саламандерите, но одбегнувај ја раздразливоста и суровоста;
биди прилагодлив и внимателен кон формата како Ундините, но одбегнувај ја мрзливоста и променливоста;
биди работен и вреден како Гномите, но одбегнувај ги грубоста и алчноста.“

По се изгледа доволно ви е „заморувањето“ тука од моја страна, на Кајгана форумов за да забегувате и лажете како Телемит ве навредувал и зборувал гнасни работи на фб.

Ти реков, провери си кој се преставува како Телемит, кој те навредува итн итн, а не веднаш: ти си тој.
Или сподели ги во порака тие „лажни профили“, да видам која личност се преставува како мене и има толку голема желба да биде Хептаграм XI :)
А и ако ти некому си дрдорел сешто, има право да те гони во три ... итн итн... нели :)
Кога ќе го симнеш муабетот на простачки навреди, ти следува и таков одговор...
Сепак не сум јас тој што те заморувал на фб. Побарај си го виновникот на друго место.

И дојди ако сакаш затвори не нас, Телемитите. Сеуште со тие закани за затворање бидејќи не сме православни христијани ами се од оние, „лошите“ кои ја поткопуваат благодатната ти црква(стави си големо Ц ако сакаш)?
Ве молам, со такви муабети доста е...

Такви закани дома, пред твоите, на форум е некако... не знам, немам зборови во моментот. :)
Знам дека не си во Македонија, а и кога си, тешко да дојдеш да позборуваме tete-a-tete да ти видам умот одблизу за овие работи.

П.С. И реков:
... знам кој си, може да смениш 1000 кориснички имиња тука, но секогаш ќе бидеш препознаен по поганиот јазик и омразата кон Телема!

Нека те изеде од внатре, можеби ќе остане нешто саглам од таа ѕвезда што вирее во тоа твое човечко тело!
 
Последно уредено:
S

SpaceTraveler

Гостин
56.Бегајте! Вие потсмевачи; иако се смеете во моја чест нема да се смеете долго: тогаш кога сте тажни знајте дека сум ве напуштил.
57.Тој што е праведен и ќе остане праведен; тој што е гнасен и ќе остане гнасен.
58.Да! не верувајте во промена: ќе бидете тоа што сте, а не друго. Затоа кралевите на земјата ќе бидат Кралеви засекогаш: робовите ќе служат. Нема никој што ќе биде понижен или воздигнат: сѐ е како што било секогаш. Сепак има маскирани, мои служители: може оној питач да е Крал. Кралот може да ја избере својата облека по волја: не постои сигурен тест: но питачот не може да ја скрие својата беда. - Книга на Законот (поглавје II)

И за оние кои што се спремни да станат контрадикторни на своето писмо и на својот закон, за да се обидат да го црнат туѓиот образ и туѓата чест, само затоа што нивната омраза ги совладала и не познавањето на сопствениот закон од нив изградил фанатички будали:

И светлината свети во темнина, и темнината не ја опфати. - Јован 1:5




https://heptagramxi.wordpress.com/%d0%ba%d0%bd%d0%b8%d0%b3%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%be%d1%82/2/
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
FB_IMG_1459672002298.jpg
А има луѓе што ова го прикажуваат како зло, како недостижно, како непостоечко, апстрактно.....
 
Последно уредено:
S

SpaceTraveler

Гостин
Секој човек е Ѕвезда, со свое индивидуално јадро, центар на внатрешното Себство. Кога ние не знаеме што е најдобро за нас, ниту пак можеме да го пронајдеме нашиот внатрешен центар, ние ја препуштаме нашата Волја во туѓи раце со цел да спознаеме нешто повеќе за нас. Тоа можат да бидат посредници како што се свештениците, гуру-а, родители, учители, чувства на патриотизам или национализам. Многу полесно му е на човекот да ја фрли душата на овие нешта отколку да превземе одговорност врз својот живот и да работи на спознавањето на самиот себе. Во Новиот Еон, непотребни се некакви светци, духовни отци, високи сили за да се иницираш самиот себе во осознавањето на животот. Потребна е храброст и потребна е Волја! Секој човек може да ги осознава своите потенцијали и проширува своите пропорции на својот Универзум секојдневно откривајќи во себе нови можности. Без сомнеж, тоа представува одговорност и чесност пред самиот себе си.
Секој човек е Ѕвезда, индивидуална, неповторлива душа, а не само жртва или бело глувче за експерименти, кое мора само да работи, спие, да го пушти животот на некој „авто-пилот“, а потоа да умре.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.956
Поени од реакции
11.966
Чувајте го чист вашиот највисок идеал; стреми се секогаш кон него не допуштајќи ништо да те сопре или да те оттргне настрана; исто како што ѕвезда се лизга на нејзиниот непресметлив и бесконечен курс на слава, и сè е Љубов.
Законот на твоето постоење станува Светлина, Живот, Љубов и Слобода. Сè е мир, сè е хармонија и убавина, сè е радост.“

--- Законот на Слободата, А. Кроули

П.С. Ама му ја удривме на размисли за Телема, како да е малку на форумов низ годините :)
[DOUBLEPOST=1477403038][/DOUBLEPOST]
Има ли поголеми фанатички будали, од ликови кои трагаат по апстрактни, непознати, непостоечки и недостижни нешта?...
Фанатизмот е плод на стариот еон. Таму треба и да умре, заедно со догматските религии кои прават роб од човекот!

Не постои ништо недостижно за човекот. Еднаш засекогаш мора да го разберете тоа... ова тврдење како твоето, раѓа кукавици и неспособно луѓе.
Тоа се старо-еонски сказни лажачки за неспособноста на човекот, заради неразбирање на положбата на човекот во однос на универзумот.
Нормално и за држење на стадото на едно место, да не истражуваат многу - како им е кажано, така е и нема друго!
Се е непостоечко надвор од кругот на нечиј универзум.

Апстрактност.

Е сега, кога ќе излезете од Стариот Еон ќе успеете можеби да видите дека, апстракноста е визијата која ви била следната цел, непознатото станало познато со текот на искуствата поминати, непостоечкото станало или докажано непостоечко или станало постоечко заради искуството стекнато од апстракноста која не била дел од вас кога сте стапнале на патот...
И на крај: ќе увидите дека ништо не е недостижно за човекот кој што ја извршува својата чиста волја, без страст за резултат! :)

Е тоа е разликата од стариот и новиот еон ;)

Ping @Ipsissimus ,@Атеист, @Ne-misli ,@SpaceTraveler, @121314
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Е тоа е разликата од стариот и новиот еон ;)
Луѓето се‘ уште се раѓаат и умираат, во лето им е жешко а во зима им студи, а лагата и гревот земаат глобален замав..

Навистина, новиот еон ептен го сменил Светов во однос на стариот еон. :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.956
Поени од реакции
11.966
„He therefore who liveth by air, let him not be bold to breathe water. But mastery cometh by measure: to him who with labour, courage, and caution giveth his life to understand all that doth encompass him, and to prevail against it, shall be increase.
"The word of Sin is Restriction":
seek therefore Righteousness, enquiring into Iniquity, and fortify thyself to overcome it.“

--- Знакот на Ѕверот, Liber Reguli

Ниту еден еон до сега не направил таква промена да ти бидеш вечен од туку така, или заради твоето верување во одредени работи тука на Земјата! Мора неспособните да се одделно од способните и работливите!

Ти со сет ум мислиш дека ќе дојде време кога луѓето физички нема да умираат, постојано со ова тело кое е доказ на променливоста? И ти зборуваш за абсурдности и фантазии за другите? Лошо...

Пак христијанство ми проповедаш... дека грешни сме а?

Не сме, ти ако си, твој проблем. Нема да те убедувам дека не си грешен, глупо е... ти најдобро знаеш каков си! Тоа е Телема!

Гревот постои само во умовите и срцата на припадниците на стариот еон, со такви немаме ништо ние... Новиот Еон го избриша гревот на стариот еон и го прогласи за Ограничување, што и навистина е!
Одлучно ја отфрламе идејата дека гревот постои како што беше даден во стариот еон, во однос на боговите, а со тоа и идејата дека заради тој грев мора да постои спасител, како што се зборуваше во стариот еон.

Луѓето сеуште и дишат кислород, а не CO2... да не очекуваше и таква промена? :)
Да не очекуваше богови на двоколки, молњи, твоите родители кренати од гробовите заедно со тебе пак на јадење на трпези и пеење песни? :eek:

Законот на Телема донесе промена во магиските формули и психологијата на човекот одвнатре, отвори нови патишта за човекот за себенадминување. Тоа е многу далечно за тебе, за да можеш да го разбереш... не ни барам да разбереш, само да проучуваш за да барем малку се доближиш до проблематиката од друг агол, не од стариот еон.

Од друга страна, ако некој пак мисли дека целта на неговото постоење тука, на Земјата, е да почне да дише под вода, тогаш мора да го направи тоа и ништо друго... ако сака да излезе од бесконечниот круг на Самсара.
Но сигурно тоа нема да важи за мене... :)

Донесен е нов закон за луѓето кој што гласи „Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон.“
„Љубовта е закон, љубов под волја“.
Закон кој што ти вели дека ако ја извршуваш својата чиста волја, ти си едно со божественото, ти си тоа кое што е највнатрешно во тебе и немаш никакви судири со никој по твојот бесконечен пат.

Навидум едноставно и лесно, но луѓето заборавија во стариот еон да се истражуваат себе си и својот универзум внатре, па мора мало потсетување дека тоа е возможно... а што ќе откријат таму, каква ѕвезда - не е наша работа.

Стариот еон и неговата едноликост... се да е на едно... како за мене, така и за другите, без разлика дали јас сум способен за тоа или не :) Ајде секаде нека е пролет :) Само да не мириса на темјан...

Така ќе немаме искуства и победување на себе си... ако се е еднолично...

Се е како што било од секогаш.
Само многу лудаци кои што својата религија ја прифаќаат за апсолутност и преку неа го осудуваат сечиј живот, премногу им е дозволено да зборуваат глупости и да го плашат народот. Добро е што се помалку луѓе им веруваат на тие сказни. Нека умрат во осама тие бедници. Нивната крв нема потреба да продолжи штом во срцето им вирее страв и омраза.

Ping @Ipsissimus @SpaceTraveler @Атеист @121314 @Ne-misli @Црноризец Храбар :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom