Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 11.996
- Поени од реакции
- 11.986
Многупати сме зборувале тука дека бројноста е небитна... само оние од стариот еон бројат луѓе и им е битна бројноста.
Во „Книгата на Законот“ може да се најде што се повеќе цени... квантитет или квалитет.
За останатото какви се Телемитите, не може да пресудиш правилно ако имаш проблем со еден Телемит бидејќи му го мразиш Законот по кој што живее, и тоа го мразиш бидејќи никогаш не си ја проучувал Телемата, ниту пак можеш да пресудиш правилно каков „би требало“ да биде еден Телемит во однос на твојата омраза, а со тоа твое незнаење и подлост се трудиш да осудуваш цел Закон кој што нели, не ти е по мерак
Коментаров твој е колку да се напише нешто негативно за Законот на Телема во обид да се навреди некој Телемит, нема врска едно со друго...
Сакаш да ми кажеш дека ти може да го мразиш и да шириш лаги за Законот на Телема, а со тоа да ги напаѓаш Телемитите како што направи со овој пост и бараш демократија и фер игра?
Тешко да го добиеш тоа на овој начин...
Ти доаѓаш со боксерски ракавици на дуел тука, а бараш од нас балет да играме додека ти боксуваш...
Кој те научи така, стариот еон...?
Да ти завртиме образ, да паземе да не се навреди твојот бог, бидејќи тука постојано некој е навреден на религиозна основа! Тоа е минато, умре со стариот еон!
Види и разбери колку што ти е дадено да разбереш:
„Затоа внимавајте! Сакајте ги сите, зашто можеби Кралот е прикриен! Така велиш? Будало! Ако тој е Крал, ти не можеш да го повредиш.
Затоа удри грубо и ниско, и во пекол со нив, мајсторе!“
--- Liber AL, II:59-60
И следи ова потоа:
„Како браќа борете се!
Нема Закон над Прави што ти е волја.“
--- Liber AL, III:59-60
Твоето е бедно и хипокритско однесување... знам кој си, може да смениш 1000 кориснички имиња тука, но секогаш ќе бидеш препознаен по поганиот јазик и омразата кон Телема!
Нека те изеде од внатре, можеби ќе остане нешто саглам од таа ѕвезда што вирее во тоа твое човечко тело!
Последно уредено: