Здраво на сите, се регистрирам специјално поради темава, после неколку-неделно крипање, поточно читање на истава, и пошто истава е предолга (над 250 стр.) се решив да се регистрирам па директно да дојдам до интеракција со членовиве кои гледам дека имаат бааѓи познавање од истава. Ќе пробам да бидам најкраток што можам.
Најпрво околу што ме доведе тука. Како агностик-атеист, и како секој (по)активен атеист се интересирам околу компаративна религија и религиска философија, па одреден дел од времето го трошам во, така да го наречам, дилетантско истражување на истата.
Неможам да речам дека сосема случајно сум се запознал со окултизмот, поточно со Телема, пошто не е така. Како и голем дел од атеистите, го делам мислењето дека Будизмот(и Зен Будизмот) и одредени истoчните религии (и философии) како Даоизам, Конфучијанизам и одредени секти на Хиндуизам кои не се догматско-ориентирани, содржат во себе корисни работи за напредок на индивидуата и човештвото како целина. Секако тука морам да ја спомнам мојата фасцинација и интересирање за шаманизмот заедно со идејата за трансхуманизам и beyond-good-and-evil моралноста на Вагнер, Ниче и Б.Шо. Лично користев некој хибрид на овие неколку филозофии како adaptable self-improvement алат, балансиран со дози на хедонизам и индивидуализам кој за крајна цел би го имал трансхуманизмот, и индивидуален и цивилизациски.
Е сега кога почнав да правам одредени парарели помеѓу источните религии/философии и одредени движења и идеи на Западот практикувани воглавно од Розикруцијанците, Масонските ложи и Кабалистите околу погледите кон Универзумот, праксите и одредените сфаќања на истите, почнав повеќе да се интересирам околу окултизмот, и сфатив (иако да не се заборави, ова е само мое мислење, базирано на само неколку-месечно гребење по површината на тематикава) дека иако навидум различни, западот и истокот имаат одредени концепти кои се “преклопуваат”. Си реков фор факс сејкс, Универзумот не е до толку мрзлив да прави такви коинциденции, кога по проследено истражување, почна да ми станува јасно дека шаманите, Буда, Мухамед, Мојсеј, Исус (дискутабилно е последниве двајца дали постоеле) имале допир со НЕШТО (незнам како да го опишам можеби пошто сум прилично нов во оваа област, или можеби едноставно поимот е ineffable, а ако не сум грешка со тоа до сега шо го сфатив би се поистоветувало со обединување на индивидуата со the Godhead, Samadhi, станување едно-ништо, обединување на објектот со субјектот итн.) и сакајки истово да го пренесат на обичниот плебс во тоа време, работите се искомплицирале и почнале да се догматизираат, нели, тоа (не?)човечкото, полесно е да афирмираш и да се сложуваш со нешто (да кажуваш како треба да биде – pointing fingers) отколку самиот да го практикуваш, тука секако искомбинирано со патријархалноста, радикалниот традиционализам-држење до социјалната норма и униформираност во тоа време и богата хиерархија која се служи со fear-mongering е тоа што го добиваме денес, фенси (не е ни фенси веќе) догматизам и лажна надеж за спас, пошто нели, никој не е доволно храбар и да превземе сам одговорност за своите постапки и да си го смени животот, туку секогаш треба некој друг да се жртвува/страда за него, и секогаш некој друг да мрази и да обвинува дека е причинтел за неговото страдање и неговите недостатоци, какви и да се. Да се позајмам со речникот на Јунг, глорифицирање и обожување на фенотипот (формата) место архетипот (есенцијалноста).
Така ја открив Телемата, поточно новиот закон на Еон-от (овака се користеше алузијата мислам
). Интересно е што во ист ден, на два пати дојдов во контакт со Телема, едниот е горенаведениот, а вториот е преку Алан Мур и неговата работа, пошто како негов фан, развртувајќи низ еден од неговите стрипови, забележав симболика која ја имав сретнато додека читав за окултизмов, и после тоа дознав дека он се идентификува како Телемит. Отсекогаш сум сметал на уметноста, независно дали пишувана или цртана како начин кој допринесува за разработување и будење/зголемување на свеста на субјектот кој ја искусува, стимулирање алтернативен пристап од унифицираноста и конформизмот на секојдневниот свет (No shit Sherlock, tell us something we don’t know). Само го спомнувам ова затоа што имаше многу голем импакт врз мене и сеуште има секојдневно. Иако сеуште сум неофит околу окултизмов, ќе бидам доволно дрзок да кажам дека Алан Мур добро ги поврзува магиката и уметноста (
клик), секако немора да се сложувате, немора ни да е вистина, али е интересна медитација на темата.
За крај, сметав (сега повеќе) дека синкретизмот, кога правилно искомбиниран е најпрагматичен пристап, или метод кон напредок, независно каков, за усовршување - независно какво. Иако мнозинството од луѓето преку осмоза користат одредени работи за персонален раст, повеќето од нив истите тие работи ги прават да тонат во депресија, меланхоличност и беда, отколку активното асимилирање и користење на идеи за самоусвршување и уживање во искуството наречено живот. Често се забележува тој passive-observer ефект, и иако несакам да го означувам како негативен или позитивен, повеќето ќе се сложат дека може да се окатегоризира во моменталнава ситуација како негативен. Сумирано, мојот контакт со Телема беше пријатно изненадување, кое до некаде ми потврди некои работи а и ми отвори многу поголем простор за размислување, како ќе биде понатаму неможам да знам, но се надевам и имам некој ентузијазам дека ќе биде супер, па ќе видиме.
Гледам постов испадна поголем отколку што планирав, и главната работа поради која се регистрирав која беше за да прашам одредени работи и да дадам и добијам одредени мислења на точки од интерест, нека почекаат за подоцна. Постов нека биде како еден вид мое претставување. Поздрав.
93/93 (Пусти мерак
)