Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.150
Целиот текст е предолг за да го ископирам тука, ќе ме извинат оние кои велат дека се убивме од рекламирање тука... затоа еве извадок, за оние кои ги интересира, да прочитаат и да размислат во своето светло како би било кога би било :)
Многу сме зборувале тука, но кој да бара низ целава тема, кога соговорниците претежно се тотално незаинтересирани за Телема, иницијации, тајни учења итн итн..
Но, ете текстот, за малкумина е секако:

„... може едноставно да кажеме што прави иницијацијата за оној што го спознал внатрешниот Глас кој што го повикувал толку долго време низ вечноста! Иницијацијата ја поставува „изгубената ѕвезда во мноштвото“ во својата орбита за да го започне својот пат кон прочистување на превезите кои ја прават „Црна Ѕвезда“. И тогаш започнува вистинскиот Пат.
....
Со „Патување“ навнатре треба да ги согледате сите превези на Универзумот, да ги разберете и да ги тргнете – и нормално да имате една јасна цел: Хадит да ги има сите можни искуства во однос на неговата природа според Ѕвездата во која гори. Разберете дека ние Телемитите сме екстровертни – целта е да се зграби она „надвор“ и да се приспои кон она внатре и тоа со една цел – зголемување на Универзумот на нашето „Јас“.

--- За неиницираните и нивното „Големо дело“
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
"For I am divided for love’s sake, for the chance of union." .... Aiwass

God is.
Undivided God is pure potentiality
and realizes Nothing.

God can only realize Itself by becoming Many
and then experiencing all possibilities
through the adventures of Its many parts.

The ultimate purpose for My existence is to
exhaust My individual potentiality.

My Love of God and God's love of Me springs from
the Great Secret we share.

The Secret is....

God and I will achieve Supreme Enlightenment
at the same moment.

Lon Milo Duquette Chicken Qabalah.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.150
Оф-топик:
Се замислив дека ќе испадне вака, но велам ајде, нека биде.
Ок, не знаев - мислев дека се рекламира нешто ако е поврзано со продавање производи и слично... не и за веб страници.
Нека ми се честито 5-те казнени поени за промашувањето :)

Он:



“Now, if you want to step back into the Old Aeon do so.
But try and bear in mind that those around you are in reality Suns and Stars,
not little shivering slaves.
If you are not willing to be a King yourself, still recognize that they have a right to Kingship,
even as you have, whenever you wish to accept it.
And the moment you desire to do so, you have only to remember this —
Look at things from the point of view of the Sun.” - Frater Achad


„The Adept must be ready for the utter destruction of his point of view on any subject,
and even that of his innate conception of the forms and laws of thought.“ - Liber Samekh

 
Член од
11 февруари 2015
Мислења
8
Поени од реакции
5
Здраво на сите, се регистрирам специјално поради темава, после неколку-неделно крипање, поточно читање на истава, и пошто истава е предолга (над 250 стр.) се решив да се регистрирам па директно да дојдам до интеракција со членовиве кои гледам дека имаат бааѓи познавање од истава. Ќе пробам да бидам најкраток што можам.

Најпрво околу што ме доведе тука. Како агностик-атеист, и како секој (по)активен атеист се интересирам околу компаративна религија и религиска философија, па одреден дел од времето го трошам во, така да го наречам, дилетантско истражување на истата.

Неможам да речам дека сосема случајно сум се запознал со окултизмот, поточно со Телема, пошто не е така. Како и голем дел од атеистите, го делам мислењето дека Будизмот(и Зен Будизмот) и одредени истoчните религии (и философии) како Даоизам, Конфучијанизам и одредени секти на Хиндуизам кои не се догматско-ориентирани, содржат во себе корисни работи за напредок на индивидуата и човештвото како целина. Секако тука морам да ја спомнам мојата фасцинација и интересирање за шаманизмот заедно со идејата за трансхуманизам и beyond-good-and-evil моралноста на Вагнер, Ниче и Б.Шо. Лично користев некој хибрид на овие неколку филозофии како adaptable self-improvement алат, балансиран со дози на хедонизам и индивидуализам кој за крајна цел би го имал трансхуманизмот, и индивидуален и цивилизациски.

Е сега кога почнав да правам одредени парарели помеѓу источните религии/философии и одредени движења и идеи на Западот практикувани воглавно од Розикруцијанците, Масонските ложи и Кабалистите околу погледите кон Универзумот, праксите и одредените сфаќања на истите, почнав повеќе да се интересирам околу окултизмот, и сфатив (иако да не се заборави, ова е само мое мислење, базирано на само неколку-месечно гребење по површината на тематикава) дека иако навидум различни, западот и истокот имаат одредени концепти кои се “преклопуваат”. Си реков фор факс сејкс, Универзумот не е до толку мрзлив да прави такви коинциденции, кога по проследено истражување, почна да ми станува јасно дека шаманите, Буда, Мухамед, Мојсеј, Исус (дискутабилно е последниве двајца дали постоеле) имале допир со НЕШТО (незнам како да го опишам можеби пошто сум прилично нов во оваа област, или можеби едноставно поимот е ineffable, а ако не сум грешка со тоа до сега шо го сфатив би се поистоветувало со обединување на индивидуата со the Godhead, Samadhi, станување едно-ништо, обединување на објектот со субјектот итн.) и сакајки истово да го пренесат на обичниот плебс во тоа време, работите се искомплицирале и почнале да се догматизираат, нели, тоа (не?)човечкото, полесно е да афирмираш и да се сложуваш со нешто (да кажуваш како треба да биде – pointing fingers) отколку самиот да го практикуваш, тука секако искомбинирано со патријархалноста, радикалниот традиционализам-држење до социјалната норма и униформираност во тоа време и богата хиерархија која се служи со fear-mongering е тоа што го добиваме денес, фенси (не е ни фенси веќе) догматизам и лажна надеж за спас, пошто нели, никој не е доволно храбар и да превземе сам одговорност за своите постапки и да си го смени животот, туку секогаш треба некој друг да се жртвува/страда за него, и секогаш некој друг да мрази и да обвинува дека е причинтел за неговото страдање и неговите недостатоци, какви и да се. Да се позајмам со речникот на Јунг, глорифицирање и обожување на фенотипот (формата) место архетипот (есенцијалноста).

Така ја открив Телемата, поточно новиот закон на Еон-от (овака се користеше алузијата мислам :) ). Интересно е што во ист ден, на два пати дојдов во контакт со Телема, едниот е горенаведениот, а вториот е преку Алан Мур и неговата работа, пошто како негов фан, развртувајќи низ еден од неговите стрипови, забележав симболика која ја имав сретнато додека читав за окултизмов, и после тоа дознав дека он се идентификува како Телемит. Отсекогаш сум сметал на уметноста, независно дали пишувана или цртана како начин кој допринесува за разработување и будење/зголемување на свеста на субјектот кој ја искусува, стимулирање алтернативен пристап од унифицираноста и конформизмот на секојдневниот свет (No shit Sherlock, tell us something we don’t know). Само го спомнувам ова затоа што имаше многу голем импакт врз мене и сеуште има секојдневно. Иако сеуште сум неофит околу окултизмов, ќе бидам доволно дрзок да кажам дека Алан Мур добро ги поврзува магиката и уметноста (клик), секако немора да се сложувате, немора ни да е вистина, али е интересна медитација на темата.

За крај, сметав (сега повеќе) дека синкретизмот, кога правилно искомбиниран е најпрагматичен пристап, или метод кон напредок, независно каков, за усовршување - независно какво. Иако мнозинството од луѓето преку осмоза користат одредени работи за персонален раст, повеќето од нив истите тие работи ги прават да тонат во депресија, меланхоличност и беда, отколку активното асимилирање и користење на идеи за самоусвршување и уживање во искуството наречено живот. Често се забележува тој passive-observer ефект, и иако несакам да го означувам како негативен или позитивен, повеќето ќе се сложат дека може да се окатегоризира во моменталнава ситуација како негативен. Сумирано, мојот контакт со Телема беше пријатно изненадување, кое до некаде ми потврди некои работи а и ми отвори многу поголем простор за размислување, како ќе биде понатаму неможам да знам, но се надевам и имам некој ентузијазам дека ќе биде супер, па ќе видиме.

Гледам постов испадна поголем отколку што планирав, и главната работа поради која се регистрирав која беше за да прашам одредени работи и да дадам и добијам одредени мислења на точки од интерест, нека почекаат за подоцна. Постов нека биде како еден вид мое претставување. Поздрав.
93/93 (Пусти мерак :pos:)
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.447
Поени од реакции
17.880
@Ipsissimus

Го прочитав твојот пост на темата за Илуминати во врска со условите за пристап и членство во О.Т.О. и имам нејасности во врска со следново :

1. каков е процесот на одлучување за тоа дали потенцијалниот иницијант е човек од збор;

2. како се одредуваат вистинските мотиви за членство кај тој што аплицира?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
Многу често темава коа ќе ја прочтам на насловна страна од форумов - ми се чита: Законот на Телма.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
@Ipsissimus

Го прочитав твојот пост на темата за Илуминати во врска со условите за пристап и членство во О.Т.О. и имам нејасности во врска со следново :

1. каков е процесот на одлучување за тоа дали потенцијалниот иницијант е човек од збор;

2. како се одредуваат вистинските мотиви за членство кај тој што аплицира?
Тоа е проценка на двајцата спонзори што треба да дадат согласност, без нив не е можно да се зачлени аспирантот.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Неможам да речам дека сосема случајно сум се запознал со окултизмот, поточно со Телема,
Секако дека не: случајности не постојат, туку само намерности. Како на најде врската помеѓу окултизмот и Телемата?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.150
Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон




Благодарам за петте години муабети на темава,
благодарам што дававте причина да зборувам и објаснувам онолку колку што можев. :)
Продолжете да истражувате, да надминувате и никогаш не застанувајте.
Хепта is out of this game :)

Љубовта е закон, љубов под волја
 

Kajgana Shop

На врв Bottom