Ставив али една на крајот на лентата,3 метри.Не ми кажа дали можам со овој универзален апарат да измерам некако?
Како прво со обичечен мултиметар никако неможе да се врши мерење на
заземјување заради тоа што батеријата од 9v во мултиметарот може да да даде
едвај неколку десетини милиампери струја,на тој начин мерење преку почва
никако не е можно.
Мерењето се врши на следниов начин се забиваат две сонди во земја.
Се пушта напон на најодалечената сонда на едниот крај а другиот
крај преку ампреметар се врзува за крајот од лентата што водди во
објектот,од истиот крај на лентата преку волт метеар се врзува
поблиската сонда.Вршиме мерење добиената вредност на волтметарот
ја делиме со вредноста на амперметарот и го добиваме отпорот на заземјувањето.
Важно!!!
Напонот што се пушта не е мрежен напон(не директно од штекер!!!) туку напон
со ограничена струја добиена преку мрежно трафо.
Ова е постапката за мерење а денес се врши со нагодени мерни уреди
кои што можат да се најдат на пазарот и секој доаѓа со упатство за користење.
За да се изведе заземјување и да не те боли глава дали е добро или не прво се врши пресметка.
Се утврдува видот на почвата (мочурлива,песоклива идт...) се земаат
во предвид материјалите кои што ќе бидат употебени,се избира бараниот отпор
и знаеме како да постапиме.
Идеално заземјување 0.3-0.9оми може да варира од преиодот во годината во зависност
од влажноста на почвата, а прописите на ЕВН се нешто друго.
Многу важно положувањето на лентата и заземјувачите(во твојот случај цевка)
во каналот колку подлабоко толку подобро.Не само поради влажноста туку и поради мрзнењето на почвата во зимските периоди,замрзнатата почва е добар изолатор.
Денес многу изведувачи (јас лично сум забележал) заземјувањето го изведуваат во темелите на објектот што се гради,за да не се копа повторно крај објектот.
Тоа не е добро бидејќи влажноста на почвата под изградените објекти е речиси никаква.
Ете и јас малку се подсетив на оваа тема.