Заземјување (уземјење) ?

Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Требало да набиеш поцинкувани цевки на определено растојание во каналот,
по можност три на длабочина од 3-4м и истите да ги завариш за поцинкуваната лента
бидејќи влажноста на почвата во сушните периоди од годината е многу мала
и заземјувањето во твојов случај може да биде многу слабо или речиси никакво.
Ставив али една на крајот на лентата,3 метри.Не ми кажа дали можам со овој универзален апарат да измерам некако?
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.304
Поени од реакции
1.775
со обичен мулти метар не се мери домашно заземјување, треба посебен инструмент со кој се вршизаземјувањето

со него има две сонди и 4 кабли, два се приклучуваат на заземјувањето дома, а другите два на сондите, и си има посебни правила како се мери заземјувањето, пример едната должина на сондата треба да е за 3 пати подолга од дијагоналата на објектот на кој зе мери заземјувањето, и вредноста не смее да надминува 2 ома (ова е од ЕВН-Македонија)
 
Фала друже.
Најбољи да не мерам,нека тера ко шо е.Ова е посложено од што мислев.А и што може да му фали?
 
H

Hombre

Гостин
Ставив али една на крајот на лентата,3 метри.Не ми кажа дали можам со овој универзален апарат да измерам некако?
Како прво со обичечен мултиметар никако неможе да се врши мерење на
заземјување заради тоа што батеријата од 9v во мултиметарот може да да даде
едвај неколку десетини милиампери струја,на тој начин мерење преку почва
никако не е можно.
Мерењето се врши на следниов начин се забиваат две сонди во земја.
Се пушта напон на најодалечената сонда на едниот крај а другиот
крај преку ампреметар се врзува за крајот од лентата што водди во
објектот,од истиот крај на лентата преку волт метеар се врзува
поблиската сонда.Вршиме мерење добиената вредност на волтметарот
ја делиме со вредноста на амперметарот и го добиваме отпорот на заземјувањето.
Важно!!!
Напонот што се пушта не е мрежен напон(не директно од штекер!!!) туку напон
со ограничена струја добиена преку мрежно трафо.
Ова е постапката за мерење а денес се врши со нагодени мерни уреди
кои што можат да се најдат на пазарот и секој доаѓа со упатство за користење.
За да се изведе заземјување и да не те боли глава дали е добро или не прво се врши пресметка.
Се утврдува видот на почвата (мочурлива,песоклива идт...) се земаат
во предвид материјалите кои што ќе бидат употебени,се избира бараниот отпор
и знаеме како да постапиме.
Идеално заземјување 0.3-0.9оми може да варира од преиодот во годината во зависност
од влажноста на почвата, а прописите на ЕВН се нешто друго.
Многу важно положувањето на лентата и заземјувачите(во твојот случај цевка)
во каналот колку подлабоко толку подобро.Не само поради влажноста туку и поради мрзнењето на почвата во зимските периоди,замрзнатата почва е добар изолатор.
Денес многу изведувачи (јас лично сум забележал) заземјувањето го изведуваат во темелите на објектот што се гради,за да не се копа повторно крај објектот.
Тоа не е добро бидејќи влажноста на почвата под изградените објекти е речиси никаква.

Ете и јас малку се подсетив на оваа тема.
 
Е богами цела наука било.
 
pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.482
Поени од реакции
598
Барам ваше мислење за мојов проблем, што мислам дека е заземјувањето.
Во соба, којашто се наоѓа на приземје, подот е со плочки, и кога користиш (допираш) некој електричен апарат (лаптоп, фрижидер, елек.шпорет) дрма струја.
Јас мислам дека е од недобро заземјување (или нема). Ако е тоа, колку е опасно и како се проверува?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.280

Куќа или зграда си и колку е стара?
 
haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.291
Поени од реакции
1.583
Барам ваше мислење за мојов проблем, што мислам дека е заземјувањето.
Во соба, којашто се наоѓа на приземје, подот е со плочки, и кога користиш (допираш) некој електричен апарат (лаптоп, фрижидер, елек.шпорет) дрма струја.
Јас мислам дека е од недобро заземјување (или нема). Ако е тоа, колку е опасно и како се проверува?
Следниот пат облечи си влечки и нема да те дрма исто и кај мене во кујната е така

Sent from my SM-N910F using Tapatalk
 
pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.482
Поени од реакции
598
Куќа или зграда си и колку е стара?
Куќа, стара е можеби 20-30 години, но таму кајшто живеам просторијата била планирана за гаража, и пред 4-5 години е заѕидана и направена соба.

Со инструмент покажа на едниот штекер дека има 156волти во уземјувањето, а на другите штекери не покажува струја во уземјувањето но пак дрма.
 
Клошар.

Еднаш бев 4NHK0.
Член од
6 јуни 2014
Мислења
965
Поени од реакции
850
Барам ваше мислење за мојов проблем, што мислам дека е заземјувањето.
Во соба, којашто се наоѓа на приземје, подот е со плочки, и кога користиш (допираш) некој електричен апарат (лаптоп, фрижидер, елек.шпорет) дрма струја.
Јас мислам дека е од недобро заземјување (или нема). Ако е тоа, колку е опасно и како се проверува?
Најди си некој стар занаетчија електричар и ќе ти среди. Тие повеќе разбираат од овие што сега купуваат дипломи од факултетите.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.280
Куќа, стара е можеби 20-30 години, но таму кајшто живеам просторијата била планирана за гаража, и пред 4-5 години е заѕидана и направена соба.

Со инструмент покажа на едниот штекер дека има 156волти во уземјувањето, а на другите штекери не покажува струја во уземјувањето но пак дрма.
можи воопшто да не е приклучено на заземјување кога е правена гаражата, во секој случај некој електричар нека види
 
pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.482
Поени од реакции
598
Најди си некој стар занаетчија електричар и ќе ти среди. Тие повеќе разбираат од овие што сега купуваат дипломи од факултетите.
Баш таков инсталирал, и ни рече НЕ Е НИШТО СТРАШНО, ЕДНИОТ ШТЕК ПРЕНЕСУВА НА ДРУГИОТ.

ЕВН колку пари може да земат за да извршат проверка?
 
Клошар.

Еднаш бев 4NHK0.
Член од
6 јуни 2014
Мислења
965
Поени од реакции
850
Баш таков инсталирал, и ни рече НЕ Е НИШТО СТРАШНО, ЕДНИОТ ШТЕК ПРЕНЕСУВА НА ДРУГИОТ.

ЕВН колку пари може да земат за да извршат проверка?
ЕВН дома јас не би ги пуштил. А ти да му кажеш на тој стариот ако е жив да додје и да ти поправи бесплатно. Чим не е ништо страшно нека провери со прстите колку е трофазната...
 
Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.230
Поени од реакции
7.321
Исто и кај мене. Кога допирам некои метални делови во визбата понекогаш дрма.
 
pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.482
Поени од реакции
598
ЕВН дома јас не би ги пуштил. А ти да му кажеш на тој стариот ако е жив да додје и да ти поправи бесплатно. Чим не е ништо страшно нека провери со прстите колку е трофазната...
Му рековме, ама вели дека не помнел каде одат жиците од штекерот (хоризонтално,вертикално). Истиот е плочкар, мести парно, гас, пархет, водовод и одвот, столарија. Така да ако тој знаел не би било вака сега, значи незнае ни да поправи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom