Забрана на пластични кеси, од 1 декември биоразградливи кеси по цена од 15 денари

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.486
Поени од реакции
4.324
Има и за тоа обид на пример dm имаат како цистерни инсталирано во маркетите каде што можеш да си наполниш детергент за перење, омекнувач и уште некои средства кои се трошат повеќе. Сепак факт е и имаш право дека пластиката се користи сеуште на големо.
Исто постојат и продавници кај што се продаваат рефус работи. Никој нема да се буни ако му подадеш платнена вреќа или било што кај што сакаш да го сместиш производот.
Рефус стварите се суви или барем имаат релативно долг век на трање. Не може истото да го кажеш за овошјето и зеленчукот
 
Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Рефус стварите се суви или барем имаат релативно долг век на трање. Не може истото да го кажеш за овошјето и зеленчукот
И кај овошјето и зеленчукот не гледам причина за користење на кеса која што мора да е пластична. Се што купуваш може да се стави во нешто што ќе го користиш пподолго време. Единствено мислам дека е потешко со замрзнатите работи иако имам видено продавници каде што и тоа е рефус. Таму има некој систем на кеси за замрзнување кои можат да се користат повеќе пати, ама и тие се пластични.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.461
Поени од реакции
3.601

Во Шутка вака продаваат месо рефус на тезга.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.793
Поени од реакции
8.217
Во Шутка вака продаваат месо рефус на тезга.
Mесо на тезга ми делува доста не хигиенски ако е цело свинско, прасечко, телешко.. онака обесено и го сечат на тезга.

Сум видел пастрма по тезги како продаваат. Пастрмата е сушено солено месо кое ајде колку толку нема интензивен мирис, не може брзо да се расипе на отворено. Сепак би требало да се овозможат и за такви продавачи подобри услови на тезгата.

Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.461
Поени од реакции
3.601
Mесо на тезга ми делува доста не хигиенски ако е цело свинско, прасечко, телешко.. онака обесено и го сечат на тезга.

Сум видел пастрма по тезги како продаваат. Пастрмата е сушено солено месо кое ајде колку толку нема интензивен мирис, не може брзо да се расипе на отворено. Сепак би требало да се овозможат и за такви продавачи подобри услови на тезгата.

Хахахха абе живо месо продаваат, каква пастрма.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.486
Поени од реакции
4.324
И кај овошјето и зеленчукот не гледам причина за користење на кеса која што мора да е пластична. Се што купуваш може да се стави во нешто што ќе го користиш пподолго време. Единствено мислам дека е потешко со замрзнатите работи иако имам видено продавници каде што и тоа е рефус. Таму има некој систем на кеси за замрзнување кои можат да се користат повеќе пати, ама и тие се пластични.
У случај да не ти текнало не зборам за пластифицирана хартија оти и таа планираат да ја пратат по патот на додото.
Кој е најбрз начин да упропастиш нешто, да расипеш, да ти скапе?
Се да го ставиш на едно место. Тоа белки од среден век го научивме.
Вториот начин е да не го заштитиш како што треба.
Хартијата и платното тука се инфериорни. 1-не може се на едно место да ставаш, не е хигиенски ни убаво да мешаш компири и кромид со портокали и мандарини. 2 хартијата се распаѓа многу брзо, а платното прима влага. Сега опциите ти се-дали цела шума да исечеш или дали ќе треба да испуштиш тон CO2 само за да ја переш торбата.
Тоа е проблемот со овие еко идиотски глупости-никад не одат на изворот на проблемот-препопулација и корпоративна алчност.
Мисли глобално, делувај локално е нај ретардирна работа што може.
Треба делувај глобално, мисли локално.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.247
Поени од реакции
30.498
Баш би сакал да видам кога ќе ги забранат пластиките за шампони, детергенти, средства за чистење и масла за возила, како ќе се снаоѓате. Оти ќесите се само многу мал % од цела пластика на светов. Ќе си носите метална кантичка од дома, на точење? Или ќе ви ги продаваат во стакло? Да, до менталитетот било.
Ja bi sakala da ve vidam kako kje histerishate ako se izregulira proizvodstvoto na meso i mlecni proizvodi.
:)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
Кога Јапонија, една од најдисплинираните земји (ама и една од оние кои прават најмногу пластично ѓубре) има проблем со рециклажа и пренамена, што да кажеме за другите колку се успешни. Тека Македоња каде еден инцинератор такозвани горилник е мисловна именка.
Автоматски споено мислење:

Ja bi sakala da ve vidam kako kje histerishate ako se izregulira proizvodstvoto na meso i mlecni proizvodi.
:)
месо, без млечни молам.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.718
Поени од реакции
6.094
Кога го гледам целово хистеришење окулу пластичните кеси - ми се блвит...
Преку q*r од сите псеудо екологисти и квази напредњаци...Во цела држава каде имаш мнооогу покрупни работи од каде што треба да се почне, они се фатиле за кесите да бидат 15 денари...

Држава каде имаш тешка индустрија во сред град, Железара, Усје, без никаква контрола на филтри или загадување, уништување на се што е зеленило и паркови на сметка на нови маркици и згради, 5000 дивоградби во сред национален парк, увоз на токсично масло за греење....увоз на канцероген отпад...

Ама битно кесите да бидат 15 денари....кесите, бе...
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.318
Поени од реакции
8.810
Најверојатно не сум првиот што му текна, ама најпрактично решение ми изгледаат преклопливите торби (foldable bag). Мали се (ко што гледам по aliexpress, некои се со големина на привезок) и не е проблем цело време да ги носиш со себе, посебно се наоѓаат во тие ситуации кога инцидентно на враќање од некаде ќе ти текне да прикупиш за дома нешто...
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.486
Поени од реакции
4.324
ви маркици и згради, 5000 дивоградби во сред национален парк, увоз на токсично масло за греење....увоз на канцероген отпад...
E да наплаќаа казни и како што треба за дивоградбите немаше ни да има финансиска криза. Или да наплаќаа данок како што треба од фирмите.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.334
Поени од реакции
7.699
Сега опциите ти се-дали цела шума да исечеш или дали ќе треба да испуштиш тон CO2 само за да ја переш торбата.
Неколку пати го имаш спомнато ова СО2... тоа според тебе е нешто многу штетно и опасно за планетава или што?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.793
Поени од реакции
8.217
Најверојатно не сум првиот што му текна, ама најпрактично решение ми изгледаат преклопливите торби (foldable bag). Мали се (ко што гледам по aliexpress, некои се со големина на привезок) и не е проблем цело време да ги носиш со себе, посебно се наоѓаат во тие ситуации кога инцидентно на враќање од некаде ќе ти текне да прикупиш за дома нешто...
Уште одамна на мајка ми и донеоса подарок торба свиткана во мало торбиче и една торба свиткана во топче .

Исто мајка ми има и од оние малите кутивчиња со патент за тресење на цигарето.

Е сега ретко ги користеше тие торбите ама по некогаш знаеше да ги користи за пазарување.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
И кај овошјето и зеленчукот не гледам причина за користење на кеса која што мора да е пластична. Се што купуваш може да се стави во нешто што ќе го користиш пподолго време. Единствено мислам дека е потешко со замрзнатите работи иако имам видено продавници каде што и тоа е рефус. Таму има некој систем на кеси за замрзнување кои можат да се користат повеќе пати, ама и тие се пластични.
Страшно практичен е законов за овошјето и зеленчукот.
Одиш во маркет, си ги собираш во торба/една кеса сите работи, па касиерката ги вади едно по едно, и ти ги мери ставајќи ги директно на касата каде што цел ден се стругаат работи кои се префатени од стотици раце.

Честитки за нашите мислители, страшно мудар закон, веќе се чувствува почисто надвор :bravobe:

П.С ако не изумам деновиве ќе ви сликам атмосфера во ходниците, вчера кога се качував по скалите пред неколку станови имаше извадено црни вреќи за ѓубре, која полна до половина/која троа над половина. Одма се гледа опулен народ, не сака да прави арч и да фрла пластика за џабе, жал за природата, па фино лепо со денови ќе си ја чува пред вратата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom