Заборска: како аргумент во спорот со Грција искористете го чешко-словачкиот спор

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Заборска: како аргумент во спорот со Грција искористете го чешко-словачкиот спор
Македонија да го искористи како аргумент исходот од спорот меѓу Словачка и Чешка за знамето, сугерира европратеничката Ана Заборска.

По распадот на Чехословачка, Чешка не го испрочитувала договорот двете земји да направат ново знаме и го присвоила знамето на заедничката држава. Образложението на меѓународната заедница бил дека Чешка имала право на тоа, бидејќи ниту еден друг меѓународен субјект во тој момент не го користел тоа знаме.

Заборска вели дека по истиот принцип, Македонија може да го користи името, бидејќи кога стана независна држава, никоја друга земја не го користела тоа име. По посетата на земјава е убедена дека сме блиску до договор со Грција.

- Блиску сте до решение, бидејќи ЕУ е невозможно секоја година да вика “ги исполнивте сите критериуми, но треба да го решиме овој проблем“. Така што, мислам дека до следниот самит ќе има појасен одговор, изјави европратеничката Ана Заборска.

Европратеничката Заборска сугерира Владата детално да информира што повеќе европски функционери за спорот за името, а нејзината пратеничка група на народните партии во Европскиот парламент да разговара со грчките колеги за надминување на проблемот.

– Би било добро ако вашите политички претставници во блиска иднина дојдат во нашата политичка група. Се согласувам дека веројатно не сите наши членови ја знаат ситуацијата добро, во детали. Затоа, многу сум задоволна што сум овде, бидејќи како што велам – подобро е еднаш да се види од тоа десет пати да се слушне или прочита, изјави европратеничката Ана Заборска.

Заборска вели дека на земјите кои станаа дел од ЕУ во минатите години им било полесно, бидејќи било јасно дека треба да ги исполнат само Копенхагенските критериуми. Македонија треба плус да го реши долгогодишниот проблем. Заборска забележува дека е штета што станал дел од секојдневниот живот, бидејќи останатите делови од евроинтеграциите, на кои треба да се работи, се поважни од спорот за името.

Александар Методијев

http://www.time.mk/read/81bb896dc2/6491d46371/index.html

Ima mnogu argumenti na nasa strana...
Gospod zdravje da i dade na gospogata edna od retkite koja ne podrzuva i ne sovetuva da istraeme...a pritoa i ni nudi konkretni predlozi...100% se soglasuvam so seto sto go iznese...
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Токму ова треба да го искористи меѓународната заедница како аргумет заради искуството што го имала со Чешка и Словачка. Меѓутоа повеќе од јасно е зошто ова не е валидно искуство кога станува збор за нашиот спор со грците. Во тој спор, вакви и слични искуства и правила не важат затоа што меѓународната заедница (посебно ЕУ) продолжува да биде продолжена рака на грците.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom