И Македонија не стои баш добро кога станува збор за избори !
ОК фала му на бога не се случија некои поголеми физички пресметки(тепачки или убиства), но во никој случај наместени избори не можат да се сметаат за демократски и регуларни !
Разновидниот поткуп на гласачи(пензионери, земјоделци, социјалци, стечајци, Роми и.т.н.), притисоците врз јавните административци, ветувањата за работа на илјадници млади и на тој начин нивно врбување, носење на гласачи од општина Пустец(Албанија) да гласаат во општини кои се на територијата на Македонија како Ресен, Центар и.т.н. зарем со сите овие нешта можеме да кажеме дека сме имале демократски и регуларни избори ... НЕ !
Е сега тоа што се случувало во Албанија тоа е веќе претеризам тепачки и убиства на политички неистомисленици, тоа е веќе врв на лудоста и хаосот !
Но очигледно на Балканот воопшто луѓето сеуште неможат да сфатат што е тоа плурализам и неможат да сфатат дека најнормално е во плурализам и демократија властите да се менуваат на неколку години(на избори а не на улица со палки и куршуми), одамна помина добата на едноумието, но многумина сеуште живеат со такви замисли дека еден лидер/една партија треба да владеат неограничено !