D
Diferans
Гостин
Интересно е дека блиските средби со смртта како да имаат некое НЗС, според она што многумина го опишуваат. Се провлекува истото чуството на спокој, прифаќање, единство со постоењето. Како да треба прво да "умреш" за да почнеш да живееш. Се разбира, метафорички, но смислата е таа - мора да ги баталиш и заборавиш сите ставови за себе за да уживаш во животот.Јас имам доживеано и убаво го паметам тој момент кога цел живот во секунда ми помина како на филмска лента, дури и работи кои одамна сум ги заборавила.
Затоа ме заинтригира, дали и во твојот случај го имаше ова искуство, не толку на сеќавањата, туку на доживувањето во моментот, дали имаше некаков траен ефект?