Живот во Словенија

Член од
18 декември 2017
Мислења
15
Поени од реакции
5
Еве ќе ти пишам од мое лично искуство. Веќе 4 години како живеам и работам во Марибор и можам да кажам дека сум презадоволен, МБ е втор град во Сло. и е главен град на покраината Штајерска. Град со развиена индустрија и одлична местоположба, саат и пол вожња до Загреб, 4 саати до Будимпешта и 2 и пол до Виена. Системот е функционален, доколку ти треба нешто да завршиш по институциите, вработените се љубезни и гледаат да ти помогнат, без разлика дали си странец или домашен. За интеграција е лесно, после првичниот културен шок и јазична бариера ќе се навикнете брзо бидејќи луѓето се пријателски настроени особено кога ќе видат и осетат дека се трудиш да го зборуваш нивниот јазик, многу често се случува да те поздрават непознати на улица...јас до сега не сум имал никакви проблеми, дури бев пријатно изненаден на почетокот. Имаат бесплатни курсеви за јазик, а исто така и децата во училиштата имаат дополнителни часови по словенски јазик се со цел за по брза и лесна интеграција. За безбедноста можам да кажам дека е на високо ниво, нешто слично како кај нас за време на титова Југославија, секако дека има исклучоци и повремени инциденти, но тоа се изолирани случаеви најчесто предизвикани од балкански доселеници. За фамилија градот е прекрасен, со многу паркови, зеленила и можности за секаков вид на спорт и рекреација. Од еден до друг крај на градот се стигнува за 15до20мин кога е гужва. Незнам за што друго да ви пишам, слободно прашајте за друго што ве интересира, тука сме да помогнеме со секаква информација, поздрав.

Sent from my M2007J17G using Tapatalk
дали има македонци во марибор ? или повечето се во главниот град инаку фала ти премногу
Автоматски споено мислење:

A zoshto ne pojdish uste 30km ponatamu vo Avstrija i da zemaah 600€ povejce plata?
Site slovenci od Maribor rabotat vo Avstrija :pos:
A ti sakash kaj niv !
Не знам имаш право али некако поради народот поради јазикот по близок јазик ми е а и народот така го осеќам
Автоматски споено мислење:

Инаку да се надоврзам тука во Македонија имам доста добар живот проблемот е во системот, што не се почитуваат закони ,премногу се тупи со политика на секој чекор , за да завршиш нешто ти требаат пријатели во една обична институција од кој земаат пари од мене што ми кратат на платата и уште многу други работи затоа прашав какво место е сакам да пробам да видам ако се снајдам со ок работа и ако ме бендиса системот ќе продадам се тука и ќе купам нешто таму барем ќе живеам мирно и во систем кој се почитуваат закони
 
Последно уредено:
Член од
14 октомври 2011
Мислења
111
Поени од реакции
43
дали има македонци во марибор ? или повечето се во главниот град инаку фала ти премногу
Автоматски споено мислење:


Не знам имаш право али некако поради народот поради јазикот по близок јазик ми е а и народот така го осеќам
Автоматски споено мислење:

Инаку да се надоврзам тука во Македонија имам доста добар живот проблемот е во системот, што не се почитуваат закони ,премногу се тупи со политика на секој чекор , за да завршиш нешто ти требаат пријатели во една обична институција од кој земаат пари од мене што ми кратат на платата и уште многу други работи затоа прашав какво место е сакам да пробам да видам ако се снајдам со ок работа и ако ме бендиса системот ќе продадам се тука и ќе купам нешто таму барем ќе живеам мирно и во систем кој се почитуваат закони
Има Македонска дијаспора овде, има и Македонско културно друштво, екипа за мал фудбал, се собираат чат пат кога има турнири меѓу Македонските друштва.Освен иселеници има и студенти.Сега не знам како сме процентуално распоредени, мислам дека највеќе не има околу Крањ, Јесенице...

Sent from my M2007J17G using Tapatalk
 
Член од
18 декември 2017
Мислења
15
Поени од реакции
5
Има Македонска дијаспора овде, има и Македонско културно друштво, екипа за мал фудбал, се собираат чат пат кога има турнири меѓу Македонските друштва.Освен иселеници има и студенти.Сега не знам како сме процентуално распоредени, мислам дека највеќе не има околу Крањ, Јесенице...

Sent from my M2007J17G using Tapatalk
Fala ti mnogu na informacijata i imaj ubava vecer batko mnogu mi pomogna
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.710
Поени од реакции
2.802
Каде има Македонци во Словенија највеќе, за Марибор знам, но други градови каде, прашувам за пријателка?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom