Жената што ги избриша своите солзи

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Берлинале: Абрил се инспирирала од македонските икони
Плакатот на филмот на Теона Митевска „Жената што ги избриша своите солзи“ кој својата светска премиера ја има вечерва во „Панорама специјал“ на Берлинскиот филмски фестивал осамна денеска на една од најфреквентните точки пред Синестар кината на Потсдамер плац
Утрово филмот ја имаше и својата проекција за новинарите по што следеше и прес-конференција на која брилијантната француска актерка со шпанско потекло Викторија Абрил нагласи дека инспирацијата за емоциите на нејзиниот лик ја црпела токму од средновековните икони на Богородица кои ги видела во Македонија.
-Македонија ме потсетува на Андалузија од моето детство - рече актерката, додавајќи дека на прв поглед се вљубила во сценариото на Митевска.
На прес-конференција се обрати и Митевска, зборувајќи за поврзаноста меѓу главните филмски ликови.
- Ликовите на двете мајки со сосема различни судбини, едната јуручка од радовишките села (Лабина Митевска), а другата урбана Французинка (Викторија Абрил), која таргично го губи својот син, постојано се испреплетуваат. Тие се дури како еден лик со две страни – изјави режисерката Теона Митевска.
Присутните новинари ги шармираше и нејзиниот син Каелиок Митевски, кој го толкува ликот на малиот Илкин.
Филмот „Жената што ги избриша своите солзи“ од македонско-белгиско-словенечко-германска копродукција, е трауматична приказна за вината и избавувањето во кој играат Абрил, Митевска, Жан Мари Галеи, Арбен Бајрактар и други.
Ова е трето долгометражно остварување на Теона Митевска по „Како убив светец“ и „Јас сум од Титов Велес“ и второ учество во програмата „Панорама“ на Берлиналетo.
Автор:Мимоза Петревска Георгиева, наш известувач од Берлин​

http://www.time.mk/read/dcfbfa0161/5bbabcb722/index.html
The Woman Who Brushed Off Her Tears

THE WOMAN WHO BRUSHED OFF HER TEARS
SYNOPSIS
Teona Strugar Mitevskas dritter Film verwendet märchenhafte Elemente, um von familiären Tragödien zu erzählen. THE WOMAN WHO BRUSHED OFF HER TEARS beginnt in Frankreich und schickt seine Protagonisten in die tiefsten Wälder Mazedoniens.​
In Paris verliert Helena unter tragischen Umständen ihren Sohn. Sie will den Verlust kompensieren, indem sie den mazedonischen Abschiebehäftling Lucian an sich zu binden versucht. Als seine Betreuerin gelingt es ihr, den Jungen zu entführen. Helena, ihr Ehemann und Lucian reisen nach Mazedonien. Das Paar will dort die Asche seines Sohnes verstreuen und zugleich eine Reise unternehmen. In Mazedonien kämpft Lucians Geliebte Ajsun um ihre Freiheit. Sie und Lucian haben einen kleinen Sohn. Doch Ajsuns Vater hat seine Tochter bereits an einen anderen Mann verkauft, um sie so vor der Schande eines unehelichen Kindes zu bewahren. Ajsun und Helena – beide Frauen müssen sich in einer von Männern dominierten Welt behaupten.​
Während der letzte Film der Regisseurin (JAS SUM OD TITOV VELES, Panorama 2008) im postkommunistischen Balkan spielte, kontrastiert hier das moderne Paris mit dem mazedonischen Landleben. Streunende Wölfe, magische Kräfte und seltsame Zufälle durchdringen die Geschichte.​
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
ОДЛИЧЕН ПРИЕМ НА МАKЕДОНСKИОТ ФИЛМ НА БЕРЛИНАЛЕ
Теона, Викторија, Лабина во Берлин пречекани како ѕвезди

Четириесетина новинари ја проследија прес-проекцијата на нашиот филм, кој е избран во програмата „Панорама специјал“. Особено интересни за странските новинари беа локациите каде што дел од филмот се снимаше, во Јасен кај Скопје, и тоа како Абрил се нашла во проектот
Аплаузи во полното кино „Интернационал“, публика која чека за автограми, повеќе десетици интервјуа - е повеќе од посакуваниот резултат на тимот на македонскиот филм „Жената која ги избриша своите солзи“ на светската премиера во Берлин. Режисерката Теона Стругар-Митевска, актерката и продуцент Лабина Митевска, шпанската дива Викторија Абрил и останатите на фестивалот беа пречекани како ѕвезди. Ниту студеното време не беше пречка за берлинци да ги наполнат киносалите во сите термини на проекциите. За добрата промоција на филмот се погрижи една од најдобрите пиар-фирми во Европа – „ПР фактори“. Ејџ-би-о и „Јуроњуз“ беа само дел од медиумите за интервјуа со авторите на филмот.

- Се сеќавам на зборовите на Бјорк – дека денес од с` може да се направи уметност, ама само неопходната уметност е неопходна. Се надевам дека и нашето дело е такво – рече Стругар-Митевска на премиерата во саботата.



Kопродукциите - единствена опција

Македонија е мала земја и принудени сме да правиме копродукции. Така се бориме за подобро европско кино - рече Лабина Митевска. Филмот пред публиката го најави вториот човек на Берлиналето, Виланд Шпек, кој рече дека по неколку години, Берлин повторно ~ посака добредојде на Стругар-Митевска.

На сцена се качија повеќето од екипата на филмот, актерите Жан-Мари Галеј, Арбен Бајрактарај, Вук Митевски, копродуцентите... На проекцијата беше и нашата амбасадорка во Германија, Kорнелија Утевска.

Четириесетина новинари ја проследија прес-проекцијата на нашиот филм, кој е избран во програмата „Панорама специјал“. Особено интересни за странските новинари беа локациите каде што дел од филмот се снимаше, кај Јасен во Скопје, и тоа како Абрил се нашла во проектот. Стругар-Митевска објасни како ја добила идејата за сценариото.

- Пред неколку години пред мои очи се самоуби човек и ги поминав последните минути од животот со него. Добив приказна за две мајки-волчици кои се борат за своите синови. Особено беше важна средбата со Јуруците, кои живеат во Радовишко – рече Теона.



Стругар-Митевска како Алмодовар

Модераторот на прес-конференцијата направи споредба помеѓу ликовите на Педро Алмодовар и на Стругар-Митевска.

- Слободата што ја имаат ликовите кај Алмодовар најмногу ја почитувам. Ликот на Хелена што го толкува Викторија е токму таков, знаете дека нешто наумила.

Абрил објасни како прифатила да игра во филмот.

- Откако бев на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, по неколку месеци, добив повик во кој Лабина ми рече дека Теона напишала сценарио за две жени и ми понуди да играм. По два часа откако го прочитав сценариото, останав без зборови и веднаш прифатив. Пред да снимам во Македонија работев француска комедија и снимавме на Алпите. Атмосферата на филмот ме потсетуваше на „Врисок“ од Мунк, но и на нажалостената Богородица, ликот што го видов во многу цркви во околината на Охрид.

За актерката и продуцент Лабина Митевска, ова беше многу важен проект.

Филмот го промовираа и француските актери Зан-Мари Галеј и Арбен Бајрактарај.

- Ова е филм за жени, но без мажи не се прави. Јас морав во цел филм да докажувам дека не сум виновен – рече Галеј.

Во филмот игра и Kаелиок, синот на Теона.

Филмот „Парада“ во кој Македонија е еден од копродуцентите ќе има премиера во 17.30 часот во Фридрихштад паласт. Премиерата на краткиот игран филм на Марија Апчевска, „Бардо“, кој е избран во програмата „Генерација“, ќе биде денеска во 16.30 часот во Хаус дер културен дер велт. Филмот е во трка за „Kристална мечка“.

По проекцијата на филмот, македонскиот Филмски фонд организира забава на која дојдоа многу гости. Присуствуваше и директорката на Европската филмска академија, Марион Доринг.

Денеска проекција на маркетот имаше и неконечната верзија на „Балканот не е мртов“ во режија на Александар Поповски.
Сребра ЃорЃиЈевска
#
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=2750572A938A7E4F9DA8A1A6409AD06F
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Kритиката за филмот на Теона Митевска: Смешен наслов, прекрупни сцени
Во „Варајети“ е критикувана камерата – доминирале крупни кадри, сцените во Македонија биле понатуралистички и попривлечни за гледање, но и дека филмот има помалку чудни работи отколку во „Јас сум од Титов Велес“
Дали доколку еден филм се вика „Жената која ги избриша солзите“ би отишле да го гледате? Веројатно, не! - пишува критичарот Kол Абаиус, на интернет-страницата „Филм скул риџектс“. „Звучи како да е филм полн со сцени во која група жени плачат и си се тешат меѓу себе дека с` ќе биде во ред. Ваквиот поетичен наслов е несреќен зашто речиси гарантира дека човек би прескокнал силна оригинална приказна за одмазда со жена-убиец во главната улога. Во овој случај, ако го цените филмот според постерот, ќе погрешите“ - пишува во критиката.

Станува збор за приказна за одмазда, нетипична на секој чекор. Таа е спротивност на „Одземено“, но сепак вклучува главен лик кој бара одмазда за неопростлив грев, цени критичарот. Kлучната разлика овде е што Хелена е жена која се обидува да се спаси себеси. Абрил доминира над сите со талентот на екранот. Таа е како човек-нож и има толеранција нула.

Работата на камерата е извонредно активна. Филмот има ефективен прв и трет дел со задоволувачко драмско месо во средина. Би било добро да се истакне подобро лутиот тон, но има многу во што да се ужива. Дали е тоа вообичаена приказна за одмазда? Воопшто, не. Никој не би очекувал ќотек или акција на секој агол. Има замав како во филмовите на Чан-вок Парк, а делот во Македонија е често тивок, но онемувачки. За крај, накратко: Смешен наслов, сериозен филм!

Во „Варајети“ беше критикувана камерата – доминирале крупни кадри, сцените во Македонија биле понатуралистички и привлечни за гледање, но и дека филмот има помалку чудни работи отколку во „Јас сум од Титов Велес“, но сепак и овој филм страда од слични грешки. Во рецензијата е пофален Владимир Ѓорѓиевски, кој има епизодна улога. Лабина Митевска се снаоѓа подобро од Абрил, палетата е главно морничаво сива, на страна на селските фустани на Ајсун со весела црвена и розова, што не многу суптилно ја сугерира нејзината живост и добрина. (С.Ѓ)
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9E565347560611448BD175599E609F32
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
„Жената која ги избриша солзите" во програмата на Сараевскиот филмски фестивал

Филмот „Жената која ги избриша солзите" на Теона Струга Митевска е поканет во натпреварувачката програма на претстојниот, 18-ти по ред, Филмски фестивал во Сараево, кој се одржува од 06 до 14 јули, и тоа во главната конкуренција во која годинава има само девет филма.

Филмот ќе се натпреварува за престижните награди Срцето на Сараево. Со претходните филмови, Митевска освојуваше награди во Сараево (Милан Тоциновски за најдобра машка улога со 'Како убив светец' и специјалната награда од жирито за 'Јас сум од Титов Велес').

Тоа беше и последниот македонски филм на овој престижен фестивал во главната конкуренција.


Во месец јули „Жената која ги избриша солзите", освен на Сараевскиот филмски фестивал, ќе биде прикажана на уште три фестивали низ светот.


На Интернационалниот филмски фестивал во Бразилија од 18 до 23 јули, во Бразил, каде исто така ќе биде претставен во главната конкуренција.


Потоа, филмот ќе биде дел и од Авторскиот филмски фестивал во Палиќ, Србија од 14 до 20 јули, каде ќе биде презентиран во програмата Паралели и судири.


На крајот од јули филмот патува уште на еден фестивал, Two Riversides, 28 јули-5 август, каде е селектиран во програмата World under canvas каде се прикажуваат „впечатливи филмови кои ги претставуваат последните трендови во уметничкиот и независниот филм од целиот свет, со акцент на европскиот". Селекторите се водат по критериумите како што се авторско кино, уметнички филмови, филмови кои се одликуваат со интересна форма, оригинален јазик. /крај/со/ач


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ќе си го почекаме филмот изгледа на ДВД, кога немаат ум да им текне да го прикажат во повеќе градови (барем онаму каде што има услови) :)
 

Knoppix

El Patrón
Член од
16 април 2012
Мислења
723
Поени од реакции
1.908
Осеќам дека е ова слично срање како Јас сум од Титов Велес, али ќе почекам да излезе да се уверам во тоа.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Викторија Абрил во Сараево: Улогата во „Жената ...“ ми беше најтешка!

  • Објавено: пред 19 минути
  • Прочитано: 16
  • Печати
Сподели со твоите пријатели!
На Сараевскиот филмски фестивал, кој е во тек, на прикажувањето на филмот на Теона Митевска, „Жената која си ги избриша солзите“ во официјалната програма, покрај режисерката и добар дел од екипата, во Сараево гостуваше и една од главните актерки, познатата шпанска актерка, Викторија Абрил.
Таа на ова престижно филмско случување уште еднаш го раскажа својот пат до филмот на Митевска, кој водел преку нашата актерка, Лабина Митевска, која, исто така, игра една од главните улоги во филмот.
-Првиот пат отидов во Битола во 2009 година, на повик на Лабина Митевска, директорка на фестивалот за филмска камера „Манаки“, а едниот планиран ден се претвори во цела недела престој низ Македонија. Шест месеци потоа ја добив поканата за улога во филмот. Бев шокирана. Се сеќавам дека ги прочитав првите две страници и не можев да си поверувам дека толку многу може да има случување само во две секвенци на стартот, кои речиси и да немаат дијалог. Тука имаше слика на инцест, самоубиство, педофилија...и тоа се во првите минути од филмот. Веднаш ја повикав Лабина, и реков – прифаќам! – споделува Абрил во интервју за читателите на „Јутарнњи лист“.
Таа открива, како што го направи тоа тука и на годинешнптп издание на Скопскиот филмски фестивал, дека Македонија ја потсетува на нејзиното детство во Малага во 60-те години на минатиот век.
За улогата на Хелена, изјавила дека и е една од најтешките во животот.
-Две слики ми беа инсипрација за улогата. Едната е „Врисок“ на Мунк, која ми помогна за првиот дел од филмот, а инспирацијата за вториот дел ја најдов во една мала икона во Охрид, Девица Марија, која во прегратка го има малиот Исус, каде го претставува она што ние го нарекуваме „Матер Долороса“, изјавила Абрил.
Фестивалот завршува на 14 јули.
http://www.time.mk/read/NONE/51bd270751/index.html

Victoria Abril: Uloga u 'Ženi koja je obrisala suze' bila mi je najteža



Autor: Ines Tanović
Objavljeno: 09.07.2012



inShare


U filmu “Žena koja je obrisala suze” makedonske redateljice Teone Strugar Mitevski poznata španjolska glumica Victoria Abril ima glavnu ulogu. Na početku razgovora zanimalo nas je kako je uopće došlo do suradnje s tom redateljicom.
VEZANE VIJESTI

Vijesti

- Prvi put sam došla na Bitola film festival 2009. na poziv glumice Labine Mitevske, direktorice festivala. Isprva nisam željela doći, bilo mi je predaleko. Pisali su mi desetak puta i isto toliko puta sam ih odbila. Na nagovor Labine pristala sam doći na jedan dan koji se pretvorio u tjedan dana boravka u Makedoniji koje sam provela putujući po cijeloj zemlji s Labininom obitelji. Oni su zapravo željeli da dođem na festival kako bi mi ponudili ovu ulogu. Šest mjeseci nakon što sam se vratila primila sam mail od Labine u kojem mi je prvi put rekla za Teonin scenarij: dvije žene, dvije paralelne radnje, jedna u Francuskoj, druga u Makedoniji, te da se nada da će mi se scenarij svidjeti i da ću pristati na suradnju.
Šokirana pričom

Kako ste reagirali kad ste ga prvi put pročitali?
Google oglasi

- Bila sam šokirana. Sjećam se da sam pročitala prve dvije stranice i nisam mogla vjerovati. Nervozno sam ulazila i izlazila na balkon, pušila cigarete jednu za drugom i govorila sebi: ovo je nemoguće! Nisam mogla vjerovati da se toliko toga može dogoditi u prve dvije sekvence koje gotovo nemaju dijalog. Imate sliku incesta, samoubojstva, pedofilije, sve u prvim minutama filma. Odmah sam nazvala Labinu i rekla - pristajem.
Koliko ste dugo snimali u Makedoniji i kakav je dojam ostavila na vas?
- Jako me podsjetila na moje djetinjstvo u Malagi 60-ih godina prošlog stoljeća. Primjerice, rajčice. Kupila sam rajčice na tržnici i ostavila ih u sobi dok sam bila na snimanju. Kad sam se vratila, cijela je soba mirisala na rajčice. Zdrava organska hrana, zdrav život - to je takva rijetkost.
Je li vam bilo teško glumiti Helenu?
- Da, to je izuzetno teška uloga, vjerojatno najteža koju sam glumila. Dvije su me slike inspirirale za tu ulogu. Jedna je Munchov ‘Krik’. Uvijek sam se pitala zašto taj čovjek ima takav izraz lica, što je točno vidio? Munch mi je pomogao da se pripremim upravo za taj prvi dio filma, kada si prestravljen onim što vidiš. Ja glumim majku koja pati, koja mora pronaći način da preživi smrt sina i nastavi život, koja bi trebala zaboraviti incest, pedofiliju i krenuti dalje. To je teško, gotovo nemoguće. Inspiraciju za drugi dio filma našla sam u maloj ikoni koju sam vidjela u Ohridu, Djevica Marija koja grli malog Isusa, gdje ona predstavlja ono što nazivamo Mater Dolorosa.
Dugo ste na filmu. Jeste li postali selektivniji kad je riječ o ulogama?
- Mašta nema granica. Ako sam snimila i 100 filmova, to je kao ljubav, svaki put je ista i svaki put je drugačija. Ono što je teško jest naći dobru ulogu za žene u 40-im godinama. Sa 50 godina je već lakše. Zanimljivo je da sam do 40-e radila samo s redateljima, a nakon 40-e samo s redateljicama. Ne mogu se požaliti na svoju karijeru.

http://www.jutarnji.hr/victoria-abril--uloga-u--zeni-koja-je-obrisala-suze--bila-mi-je-najteza/1039898/
 

MakeLOVEnoTwar

Љуби без оглед на се’
Член од
10 декември 2010
Мислења
213
Поени од реакции
114
филмов имаше проекции и во Битола
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.817
Поени од реакции
8.236
во неделата го даваа на МТВ 1
филмов мене ми беше досаден како и сите други на Теона
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
После Јас сум од Тито Велес јасно е све.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom