Ефес традиционален град на “мајките“

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Ефес, во времето на Павле бил град со околу 200 иљадна популација, Павле таму бил за време на своето трето мисионерско патување и се задржал во него три години. Ефес бил град каде се наоѓал познатиот храм на Артемида, како наследничка на уште постариот култ на Големата Мајка, а кој преживеал во култот на Артемида ефешка како хранителка на човештвото и божица на плодноста. Храмот посветен на ова божица бил изграден во 580 година ПНЕ, значи бил некои 600 година стар кога Павле бил во Ефес. Славата на овој храм била позната низ целото римско царство и реки ходочасници секојдневно доаѓале за да добијат милост од “големата мајка“. И самиот персиски крал Ксероксо кој бил познат по разурнување на храмовите во земјите кои ги освојувал, наредил храмот на Атемида да се остави негибнат. Покрај тоа храмот бил и непроценливо богат, даровите на владатерите, ходочасниците кои иделе од сите познати краишта на светот, допринеле храмот а со тоа и Ефес стани богат и моќен. Основите на банкарството, менувачници, камати се одвиваа на ова место. Во 19сти век при ископувањеto, таму се пронајдани 3000 предмети од злато и слонова коска. Во богатата историја на Ефес, само ќе ги спомнам, престојот таму на Понта Митридат, кој наредил убиство на сите римски граѓани кој ги затекнал, таму се организирани првите гладијаторски игри во мала Азија, Цезар го ослободил Ефес од сите давачки по што е прогласен (Цезар) за бог и спасител на светот, во тој град престојувале и прочуениот љубовен пар Клеопатра и Антониј. Храмот е разурнат во 262 година од НЕ, од страна на готските племиња кои продреа во мала Азија. Храмот потоа е повторно обновен но не во поранешната големина и раскош. Во 432 година токму во Ефес, во ефешката црква, се одржал соборот на кој паралелно со постојани крвави улични пресметки со опозицијата, Марија била прогласена за Мајка Божја, а на местото на Артемида е изградена првата христијанска црква, посветена на Марија, со што е одбележан преминот на култот на Артемида, во култот на Марија. Повторно Ефес станал мета на река на ходочасници кои наместо сребрени статуетки на Артемида сега купуваа слики на Мајката божја со детенце во рацете.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Па главната улица е многу впечатлива, на пошетокот е помалиот амфитеатар, чинам нешто како охридскиот е голем, после како што се движиш накај бибилиотеката поминуваш нис трајановата порта или тоа што е останато од неа, ина крај стигаш кај бибилиотеката, многу импозантна градба иако само преданта страна е останата после се продолжува на десно на патот кон големиот амфитеатар кој е колосално нешто, навистина е многу голем, интересно е што се приметува по поплочените улици дека има покриени каналчиња кои претпоставувам дека биле еден вид атмосферска канализација.
Како и да е првиот антички град во кој сум се почувствувал дека се движам низ прав град.
Инаку сум бил и во троја двапати, и уште неколку таму што се попатни антички градови во ширина на егејското море, но не ми текнува сега кои беа, бидејчи тоа одамна беше има едно 5-6 години најмалку
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
можам да претпоставам каков доживљај е. Јас ги прошетав локалитетие низ (воглавном) бивша СФРЈ, нешто Грција и малку Бугарија. Животна желба ми е Помпеи.... ќе видиме... ќе видиме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom