Не ме интересираат човечки етикети. По природа сум толерантен до максимум, 2-3 ми имаат поминато преку тој максимум.
Во поголем број од случаите излегува дека тие етикети се точни, ама па во неколку случаи тотално погрешни.
Да постоеше некој апарат со кој би го одредиле човековиот карактер, од најлош до најдобар, убаво ќе беше, вака само може да имаме слични мислења за некоја личност. Колку и да се слични, секогаш ќе преовладува субјективното и ќе има некоја мала нијанса.
Најкласичен пример е со добар и лош професор, кај мене имаше еден, пискаа, врискаа, коси кубеа, паднаа 30 души, пушти само 3ца. Му залепија етикета, лош професор, бута без разлог.
Нареднава генерација после мене, пушти 18-20 души од 30, и сега пак е лош професор?, Или ќе му залепат друга етикета.
Најлесно е да се етикетира некој, луѓе поминуваат по 20 години со некој, или на работа, или емотивно и уште не можат со сигурност да го опишат својот колега т.е. брачен другар.
На крај, не сум лепел етикети, ама ми лепеле и уште ми лепат. Ако се замарам што мисли секој за мене и како ме доживува, па кога ќе живеам Јас.