Епска поезија...

R

Razorblade Kiss

Гостин
Се раѓа нов ден.
Воскреснува духот во мене
Го слушам сопствениот шепот
Се губам далеку во хоризонтот
Гледам само две силуети,
си играат во провидноста на сенките.
Згасна нивниот жар во очите,
згасна и невиноста,
се претвори во сончев зрак,
само забележав насмевка на усните...
----------------------------------------
Нов ден.
Нова желба за верба-
помислив дека нема да дојде.
Дека животот ќе ми зависи
од утринското сонце,
заменето
со изгубеното детство.
Тоа е цената што ја плаќам-
живеам,учам,лажам
по цена на љубовта.
Бакнувам,потоа кажувам збогум-
по цена на љубовта.
Насмевка во ноќта...
зар тој се плаши да не ја разоткрие сонцето
неговата намера?
 

Fluffy

Hellraiser
Член од
6 мај 2007
Мислења
1.373
Поени од реакции
16
Нов ден.
Нова желба за верба-
помислив дека нема да дојде.
Дека животот ќе ми зависи
од утринското сонце,
заменето
со изгубеното детство.
Тоа е цената што ја плаќам-
живеам,учам,лажам
по цена на љубовта.
Бакнувам,потоа кажувам збогум-
по цена на љубовта.
Насмевка во ноќта...
зар тој се плаши да не ја разоткрие сонцето
неговата намера?
-----------------------------------------------------------
И повторно е ноќ...
Само полна месечина
ми прави друштво за тага.
И по којзнае кој пат
го колнам животот и зла судбина..
Лаги...неверства....без крај.
Маѓепсан круг на болка и солзи.
Без тебе...
 
M

_MACA_

Гостин
И повторно е ноќ...
Само полна месечина
ми прави друштво за тага.
И по којзнае кој пат
го колнам животот и зла судбина..
Лаги...неверства....без крај.
Маѓепсан круг на болка и солзи.
Без тебе...
-----------------------------------
...Немам веке ништо,останав сама
а,сепак те чувствувам под мојата кожа
зависна сум од тебе,
од твојот мирис,твоите преграти,бакнежи...
те молам врати се...заборави го минатото
заборави се и врати се...
 

Ljupco

...ExtraVagant...
Член од
20 јули 2006
Мислења
1.810
Поени од реакции
12
...Немам веке ништо,останав сама
а,сепак те чувствувам под мојата кожа
зависна сум од тебе,
од твојот мирис,твоите преграти,бакнежи...
те молам врати се...заборави го минатото
заборави се и врати се...[/quote]
---------------------------------------------
...i se bi bilo kako sto beshe
ako nokta ja prati denot
a mesechinata sonceto
i senkata svetloto
...da ne sme daleku...sepak bliski no daleku...
ti so sonceto se budish
kaj mene mesechinata izgreva
...minatoto e minato
i sonceto e sonce
i denot e den
...ako se vratam...se prashuvam sega...ke bidesh li ti tamu...tamu samo za mene...
 
С

Сатори

Гостин
...i se bi bilo kako sto beshe
ako nokta ja prati denot
a mesechinata sonceto
i senkata svetloto
...da ne sme daleku...sepak bliski no daleku...
ti so sonceto se budish
kaj mene mesechinata izgreva
...minatoto e minato
i sonceto e sonce
i denot e den
...ako se vratam...se prashuvam sega...ke bidesh li ti tamu...tamu samo za mene...
-------------------------------
Тука сум злато,
тука сум мил мој,
само твоја,
топла и облечена во твојата кошула,
и те чекам,
те посакувам,
како таа вечер,
како секој момент без тебе.
Тука сум.
 

Fluffy

Hellraiser
Член од
6 мај 2007
Мислења
1.373
Поени од реакции
16
Тука сум злато,
тука сум мил мој,
само твоја,
топла и облечена во твојата кошула,
и те чекам,
те посакувам,
како таа вечер,
како секој момент без тебе.
Тука сум.
-----------------------------------------
И те чекам...
Го слушам звукот на осамата
и бојата на мракот ме обвива,
а тебе те нема.
Тишината лази низ мрачната соба
и само тагата ми прави друштво...
Бескрајна надеж и болен копнеж,
а каде си ти?
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Тука сум злато,
тука сум мил мој,
само твоја,
топла и облечена во твојата кошула,
и те чекам,
те посакувам,
како таа вечер,
како секој момент без тебе.
Тука сум.
--------------------------------
Ти си тука,
но јас не.
Јас вечерва заминувам.
Зар би била жива
кога би знаела
дека ме убиваш?
Бурните ноќи
се прескапи за мене.
Јас резервирав карта
кај спокојот,
а тоа кај тебе
значи пустош.
Дали би лажела?
Дали би плачела?
дали би умирала?
Беше романтичар,аватурист.
И убиец.
 

Fluffy

Hellraiser
Член од
6 мај 2007
Мислења
1.373
Поени од реакции
16
Ти си тука,
но јас не.
Јас вечерва заминувам.
Зар би била жива
кога би знаела
дека ме убиваш?
Бурните ноќи
се прескапи за мене.
Јас резервирав карта
кај спокојот,
а тоа кај тебе
значи пустош.
Дали би лажела?
Дали би плачела?
дали би умирала?
Беше романтичар,аватурист.
И убиец.
---------------------------------------------
Ги собирам оние неколку
ронки достоинство и одам.
Далеку од тебе,далеку од овој град.
Ме гуши воздухот зашто знам
и ти си дишел во овој град.
Си одам и оставам се зад себе
сите мисли,надежи и очекувања.
И нема да плачам
и нема да тагувам.
Ќе си одам со скршено срце
и болна душа...
 
С

Сатори

Гостин
Ги собирам оние неколку
ронки достоинство и одам.
Далеку од тебе,далеку од овој град.
Ме гуши воздухот зашто знам
и ти си дишел во овој град.
Си одам и оставам се зад себе
сите мисли,надежи и очекувања.
И нема да плачам
и нема да тагувам.
Ќе си одам со скршено срце
и болна душа...
--------------------------------
Прости и љубов,
на девојката која живееше од дождот,
а Сонцето ја правеше уште побела.
Прости и љубов,
зошто не беше обична, нормална,
само твоја.
Зошто ако заминеш,
ако ја оставиш,
дождот нема да биде храна,
ќе биде киселина,
а Сонцето ќе и остава лузни.
Прости и љубов,
и остани.
 
Член од
6 август 2006
Мислења
201
Поени од реакции
29
Прости и љубов,
на девојката која живееше од дождот,
а Сонцето ја правеше уште побела.
Прости и љубов,
зошто не беше обична, нормална,
само твоја.
Зошто ако заминеш,
ако ја оставиш,
дождот нема да биде храна,
ќе биде киселина,
а Сонцето ќе и остава лузни.
Прости и љубов,
и остани.
--------------------------------
Та да ја оставам, така,
зар не ќе умрам и јас од мака,
не ќе ме спржи ли киселината пуста,
а мојава уста,
не ќе скапи ли в болој тешки?
Та ќе те згрнам, самовило в свила,
диво моја, со сета сила,
та ќе ти простам и љубов,
нека не знае и умов...
 
С

Сатори

Гостин
Та да ја оставам, така,
зар не ќе умрам и јас од мака,
не ќе ме спржи ли киселината пуста,
а мојава уста,
не ќе скапи ли в болој тешки?
Та ќе те згрнам, самовило в свила,
диво моја, со сета сила,
та ќе ти простам и љубов,
нека не знае и умов...
-------------------------------
Лесен лет низ зелени долини,
прекриени со златен прав,
сончеви зраци,
распрскано виножито врз нас.
Птици низ нас,
мед и топол воздух.
Таа го сака...
 

асфалт

UNCENSORED
Член од
8 август 2005
Мислења
804
Поени од реакции
23
-------------------------------
Лесен лет низ зелени долини,
прекриени со златен прав,
сончеви зраци,
распрскано виножито врз нас.
Птици низ нас,
мед и топол воздух.
Таа го сака...
-------------------------------
го сака, онака како што
Господ наредил да се сака...
секоја нејзина клетка го посакува,
секоја нејзина пора од кожата трепери,
целото тело и се згрчува,
а ноќта полека доаѓа,
без него,
месечина убедливо го совладува
слабото сонце на хоризонтот,
а нејзе ја совладува
јаката љубов,и дробната
сила, да и се спротистави на љубовта...
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
го сака, онака како што
Господ наредил да се сака...
секоја нејзина клетка го посакува,
секоја нејзина пора од кожата трепери,
целото тело и се згрчува,
а ноќта полека доаѓа,
без него,
месечина убедливо го совладува
слабото сонце на хоризонтот,
а нејзе ја совладува
јаката љубов,и дробната
сила, да и се спротистави на љубовта...
____________________________________

Ноќ... Уште една проклета ноќ,
создадена само да ги отвара раните,
да ги разбуди солзите,
да ги распушти мислите...
И колку може да и се спротистави на љубовта?
Кој ли успеал воопшто?
Залуден е секој напор...
Браната е пробирна,
срцето- поплавено...
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Ноќ... Уште една проклета ноќ,
создадена само да ги отвара раните,
да ги разбуди солзите,
да ги распушти мислите...
И колку може да и се спротистави на љубовта?
Кој ли успеал воопшто?
Залуден е секој напор...
Браната е пробирна,
срцето- поплавено...
____________________________________

И оваа проклета ноќ
Краде воздишки од месечината
откинува парче ѕвезда
од небесниот свод.
Небото е тажно.
И улиците сведочат...
Сведочат за една љубов
Љубов што полека умира...
Се губи во сеќавањата.
Сеќавањата на една младост...
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
И оваа проклета ноќ
Краде воздишки од месечината
откинува парче ѕвезда
од небесниот свод.
Небото е тажно.
И улиците сведочат...
Сведочат за една љубов
Љубов што полека умира...
Се губи во сеќавањата.
Сеќавањата на една младост...
------------------------------------
Оваа ноќ
ќе бидам сам
но не и осамен.
Оваа ноќ
ќе пијам,
но нема да бидам пијан.
Оваа ноќ ќе сакам
но нема да бидам сакан.
И можеби реков да-
но се смеев толку грубо
што мислам дека умрев.
Сега кога питам за душа,
немам ништо
за да докажам
дека би умрел,
за да го одбранам
тоа што останало од тебе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom