Енергија за мали пари

Член од
27 декември 2011
Мислења
591
Поени од реакции
508
Случајно налетав на некои линкови за Андреа Роси и неговиот патент. Се работи за (ако не е измама) атомска фузија на ниско енергетски степен која се постигнува дури и во домашни услови. Патентот е прифатен во Италија, но се уште не е потврден во светот. Оставам два линка подолу и сакам да слушнам ваше мислење.

http://en.wikipedia.org/wiki/Energy_Catalyzer

http://ecat.com/
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Ха ха,овој и Балтазар го заебал.
Нема врска.
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Енергија за мали пари=сончева енергија. Бар за кај нас нема потреба од други работи.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Од тоа што го прочитав, уредот би требало да работи така што се судираат брзи атоми од водород (1 протон) на површина од никел (28 протони) и се добива бакар (29 протони) и големо количество на енергија кое би можело да се трансформира во ефикасна работа.
Арно ама при некои екперименти добивал и железо (26 протони). Тоа и не ми е баш јасно.
Можеш некаде да најдеш некој труд, признаен во реф. научно списание? Податоци за спектроскопски мерења на емитираните зрачења и на продуктите не најдов.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Колку што сум чул, на искористување на атомската фузија упорно се работи во Франција.( постои конзорцијум Франција, Германија, Русија и Кина )
Ова е нешто ново. Добро е да се следи.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
гејците се фрлија на производство на овој генератор.
во г.Ксанти отворена фабрика Defkalion green technologies- планирано производство до 300000 генератори во година-
цената на еденHyperion генератор би била 3-4000 евра

http://nextbigfuture.com/2011/05/greek-scientist-stremmenos-discusses.html
 
B

Black Guard

Гостин
Постојат сега засега,научно докажани начини за добивање енергија истите детерминирани од правилата на природата.

Првиот процес се вика нуклеарна фисија која ја користиме за производство на електрична енергија.

Нормално е да се прашате како функционира фисијата-епа одговорот е во таканаречената ланчана реа
Кај нуклеарните централи фисијата се контролира со борови или графитни прачки-доколку откажат следува неконтролирана ланчана реакција и нуклеарна експлозија.

Вториот начин се вика нуклеарна фузија и тоа е процесот кој се одвива во Сонцето(и другите звезди) и ни дава предуслови за живот.

Но имајте предвид фузијата е на некој начин опозит на фисијата,имено кај фузијата загреаната плазма од изотоп(водороден) ослободува огромно количество енергија а притоа како резултат имаме хелиум(потежок елемент),понатаму и хелиумот фузира и.т.н

Сега навистина нуклеарната фузија е нерадиоактивна и веќе ја имаме постигнато

еве го и реакторот каде плазмата се загреваше.



Ова е првата контролирана фузија каде се произведе енормно количество енергија,фузијата е тешка за контрола бидејќи треба висока температура(милиони целзиус) и притоа плазмата да се контролира со јаки магнети-кога би ја "припитомиле" фузијата тогаш гориво ќе биде водата т.е водородните изотопи.

Моментално САД,Јапонија,Франција Русија и Кина имаат заедничка лабораторија мислам дека беше во франција)

Што се однесува за италијанецот поточно десеттина години пред него се тестираше и се бараше начин да се создаде ладна фузија но....неуспешно така да патентов е дефинитивно лага.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.576
А што викате вие за бесплатна енергија? Се купува или конструира само уредот, има шеми за конструирање на интернет а потоа се добива бесплатна неограничена енергија .
Моторот работи на природни неодимиумски магнети (најаките природни магнети), и создава движење по пат на одбивање на половите. Според човекот кој коментира на видеово, овој мотор има моќност од 9 kW.
Планирам кога ке тргнам некој динар на страна да го наравам овој мотор, па потоа ке пробам да го модификувам, да го усовршам или некаков друг дизајн да му направам.
Има многу примери на вакви магнетни мотори на youtube.

Што се однесува до темата мислам дека сеуште не е доволно безбедна нуклеарната енергија за да се вградува во домовите, но можеби и грешам, можда направиле научниците некаков напредок.
До сега се знаеше дека нуклеарната енергија не е доволно откриена.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Енергија за мали пари=сончева енергија. Бар за кај нас нема потреба од други работи.
Да си ја обложиш куќата и дворот со соларни панели за да добиваш енергија ќе те кошта минимум 40-50 илјади евра.Ако за 50 години платиш толку сметка за струја слободно кажи.
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Да си ја обложиш куќата и дворот со соларни панели за да добиваш енергија ќе те кошта минимум 40-50 илјади евра.Ако за 50 години платиш толку сметка за струја слободно кажи.
Не знаев дека е толку скапо. Прогуглав сеа и најдов малку извори на кои можам да се ослонам, ама сумите беа многу пониски од тоа што го пиша.
 
B

Black Guard

Гостин
Што се однесува до темата мислам дека сеуште не е доволно безбедна нуклеарната енергија за да се вградува во домовите, но можеби и грешам, можда направиле научниците некаков напредок.
.
Е грешиш,нуклеарната енергија е безбедна,не загадува и во поновите централи постојат повеќе системи за гасење на реакторот на пример откажало ладењето па веднаш под притисок од пероксид плочките се спуштаат фисијата завршува.

П.С тоа видео е фарса а моторот гарант 100% ќе престане да функционира тоа се законите на термодинамиката и не можат да бидат погазени,додуше војо ушески незнам дали пробал??
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Науката е чудесна работа.
Многу работи се сеуште тајна. Сеуште не е познато зошто внатрешноста на земјата е топла. Земјата се уште зрачи прилично голема енергија кон вселената, Јупитер зрачи многу многу повеќе. Ние сеуште со сигурност не знаеме ни каков е составот на внатрешноста на нашата планета. Одамна е позната просечната густина на Земјата, а таа е многу поголема одколку што е густината на површинскиот слој на Земјата кој ни е достапен. Позната е силата на гравитација, но зошто е таа привлечна и зошто се јавува се уште е тајна.
Ова го напишав, затоа што сакам, помладите, да ги заинтересирам за природните науки. Бидејќи силата на Човечкиот род е да ги запознае природните појави и да ги искористи за општо добро.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
П.С тоа видео е фарса а моторот гарант 100% ќе престане да функционира тоа се законите на термодинамиката и не можат да бидат погазени,додуше војо ушески незнам дали пробал??
Perendev мотор воопшто не е фарса, измислен е пред многу години, има маани но во глобала може да се направи да функционира. Кинезите имаат ваков мотор ставено во мотор хибрид со сонечева енергија без фосилни горива што е голем напредок. Не можам да го најдам видеото. Проблемот е при тргнувањето и контрола на обртаите затоа што се повеќе и повеќе се убрзува.
--- надополнето: 8 јануари 2012 во 00:27 ---
За ова видео зборував

 

Kajgana Shop

На врв Bottom