Енергетска криза во МКД ноември 2021
... денес повеќе ми изгледа како наметната енергетската криза во МКД, да не се води грижа за обновување на старите објекти, да не се вложува во нови ресурси, да со високи плати во оваа професија никој не одговара на недомаќинското работење, грижа за летно реновирање, како грижа за резерви и грижа во едукација на нови кадри кои треба да се грижат за исправноста, доведе до денешниов кризен момент,
АД „Електрани на Македонија“ - ЕЛЕМ како акционерско друштво во сопственост на државата е најголемиот производител на електрична енергија во МКД, но тие не се одговорни само за производство на електрична енергија туку и изнаоѓање нови енергетски извори,
АД ЕЛЕМ е формиран со Одлука на Владата на Р.Македонија (30.06.2005), како резултат на реструктуирањето на Електростопанство на Македонија, регулирана со Статутот на Друштвото, а со добиената лиценца врши енергетска дејност (производство на електрична енергија).
денес ги слушам криејќи се позади светската енергтска криза, непризнавајќи ја својата неодговорност и негрижа ни велат нас граѓаните дека треба да штедиме, дека ќе се покачи струјата, пак ќе удрат по грбот на народот,
...јас како граѓанин, би им рекла дека треба некој дебело да одговара за ова кризна енергетска состојба, не само кривично туку и по џеб да се удри поради несовесно работење што ја доведе МКД во ваква состојба да купува 5 пати поскапа струја,
... еве една ретроспектива на една главна причина за денешнава енергетск криза како резултат на нивна неспосбност, неодговорнст, од кога не се изградило ниеден објект, потрошувачката и побарувачката е зголемена, а ништо изградено, вложено, обновено.
...почетоци на производството на електрична енергија во Македонија се во 1909 година кога со примена на технологијата на еднонасочна струја, засветува првата светилка во Скопје, од малата дизел електрична централа која го овозможила тоа со само еден агрегат од 44 киловати, со напон од 220 до 240 вати за:
- напојување на една пумпна станица за градскиот водовод,
- за осветлување на зградата на Општината,
- за една улица,
- за конакот на турскиот валија,
до
1924
...во Скопје,Тетово, Битола, Велес, Куманово, Прилеп се пуштени уште неколку помошни агрегати за снабдување со електрична енергија
.
до
1940
- хидроелектрана „Пена“ во Тетово (1.760 киловати)1927 год,
- ТЕ „Дизел“ во Скопје (1.000 киловати) 1933 год,
- ХЕ „Матка“ во Скопје (4.160 киловати)1938 год,
- ТЕ „Пробиштип“ (1.280 киловати) 1940 год,
до
1955
- двата агрегати во ТЕ „Маџари“,
- ХЕ „Зрновци“, „Песочани“, „Сапунчица“, „Дошница“,
до
1970
(Мавровскиот хидроенергетски систем)
- ХЕ „Вруток“ два агрегати со моќност од по 37,5 мегавати,
- ХЕ „Равен“ 12,8 мегавати
- ХЕ „Врбен“ 12,8 мегавати,
(Црнодримскиот слив)
- ХЕ „Глобочица“ 42 мегавати,
- ХЕ „Шпилје“ Дебар 70,2 мегавати,
- ХЕ „Тиквеш“ Кавадарци два агрегати од по 46 MW во 1968 година,
- ХЕ „Калиманци“ Виница 12,8 мегавати,
до
1990
- термоелектраните ТЕ „Неготино“ во 1978 година
- ТЕ РЕК „Осломеј“ Кичево, лоциран во непосредна близина на големите рудни наоѓалишта на јаглен ,
- ТЕ РЕК „Битола“ трите термо блока, лоцирани во непосредна близина на големите рудни наоѓалишта на јаглен,
2004
- хидроелектрична централа „Козјак“ 80 мегавати.
2012
- хидроелектрична централа „Света Петка“ на реката Треска 36,4 мегавати
2014
- паркот на ветерни електрани „Богданци“, прв објект од ваков тип во Република Македонија со 16 ветерници со инсталирана моќност од 2,3 мегавати секоја годишно производство на електрична енергија повеќе од 100 гигаватчасови.
- ревитализацијата на хидроелектраните модернизираната хидроелектрана „Вруток“ инсталираната моќност е зголемена за плус 18,31 мегавати.
... во сопственост на АД ЕЛЕМ се два рударско-енергетски комбинати, осум хидроелектрани, седум од нив групирани во хидроенергетски системи, и паркот на ветерни електрани, сите од време на ЈУгославија, освен Козјак,
(ДОКУМЕНТИ) Фирмата „на Вицето“ со туѓа механизација заработува пари од РЕК Битола (во 4 очи)!
lider.com.mk
...скоро сите поголеми термоелектрани (Битола, Осломеј) лоцирани во непосредна близина на големите рудни наоѓалишта на јаглен, а ние кубуриме не сме имале јаглен, па некој треба да го ископа, ама полесно е да се донесе, ем профит,
- инвестиција значи и изградба на нови енергетски објекти сеуште се работи со капацитети од екс Ју изградени објекти (освен Козјак 2005), а се жалиме за недостаток, кога потребите и потрошувачка не се исти како во 1990 година сега во 2021 година,
и сега народот треба да штеди ем да плаќа пет пати поскапа струја, до кога ќе не еба_вате господа челници?