@Saber Rider
Рек работи сега со 1 или 2 блока, во зависност од потребите. Доколку го спремат и третиот блок ќе работат 3 од 3 или 2 од 3. Нив принципот им беше еден блок да е во постојан ремонт, да ги ротираат. Али ова е вонредна ситуација и може да работат сите 3 некој месец.
Осломеј го тестираа пред некој месец и е функционален (на јаглен). Тец неготино
мора да e функцион, зима пари да биде ладна резерва од државата (неколку милиони годишно). Стои како бекап зашто никој не сака да гори мазут, ама ако згусне биди сигурен дека ќе го распалат. Можат да му забранат и на ТЕТО да извезува ако е зорт. Тоа е окулу капацитетите, со било кое од овие се исполнуваат потребите.
Значи ако немате струја зимава, некој заебал работа
Бро, тоа е така на хартија, во пракса и сам знаеш дека не е
РЕК како демек ги вклучува вториот и третиот блок по потреба, ама работата е што и кога има потреба не им работат.
Овој период имаше потреба од вториот блок, ама не им работи. Затоа што едноставно тие работи не се прават во 5 за 12 како што сакаат они. Им испаѓа блокот постојано, а за третиот гарантирам дека никогаш нема да проработи зимава. Јаглен немаат ни за лек, го поплавија Суводол сто пати и тој јаглен што го вадат не е доволно квалитетен за да работат со цел капацитет. Они не ги исполнуваат нити капацитетите на тој еден блок, не па трите одеднаш.
Во Осломеј, Сапунчица нема вода, ко ќе им загреат блоковите, нема со што да ги ладат и мора да гасат.
За Неготино е смешно воопшто да коментирам.
Знаеа дека имаме сушна година, дека хидрата се исцрпени до максимум, а фотоволтаичниот и ветерничкиот капацитет ни е смешен.
Место да кажуваа баслословни планови со наводен јаглен од страна, требаше со време да седнат да ги решат сите проблеми со постоечките извори на енергија.
Заев лаже суши на оваа тема, тоа што го кажува нема допир со реалноста. Го гледам најавува некои фотоволтаици со капацитет од 400MWh или ветерниците што ќе ги граделе Германци од Куманово до Паланка, со капацитет од 415MWh. Не знам дали он може воопшто да си замисли колку чинат тие инвестиции. Не можат волтаик од 2 mwh 5 години да изграфат, а ќе граделе најголем парк во цела Европа (после Мадрид).
Македонија е пред криза, слично како и цела Европа. Албанија прогласи кризна состојба, Италија и Шпанија веќе субвенционираат и цела европа се состанува за да се реши ситуацијата, а нашиве се ко демек лабави, а во соседствово имаме УБЕДЛИВО НАЈМАЛО производство.
ЕЛЕМ и Мепсо им служат за партиски вработувања, директори морони, прашање на време е кога ќе колабира системот на ранг на Железници. Крајниот биланс за годинава на елем ќе го потврди тоа.