Емоции? Loading...

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Дали мислите дека некогаш емоциите ви немаат доволно силен интензитет?
Ви се случило ли да сакате да чувствувате нешто, да знаете дека по сите непишани правила треба да го чувствувате тоа, а тоа едноставно е или преслабо или изостанува?
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Дали мислите дека некогаш емоциите ви немаат доволно силен интензитет?
Ви се случило ли да сакате да чувствувате нешто, да знаете дека по сите непишани правила треба да го чувствувате тоа, а тоа едноставно е или преслабо или изостанува?
Оваа ситуација се вика трансцендентална состојба....не е нешто што би требало да те исплаши. Едноставно, над мислите и емоциите има нешто друго....тоа е тоа.
 
Член од
27 октомври 2013
Мислења
323
Поени од реакции
248
Jas kako mlad bev mnogu emotiven i totalno se prepustav so site emocii vo edna vrska. No so godinite koga vidov so kakvi "sushtestva" si imam rabota stanav bez emocii i laden kako shpricen. Tazno , ama taka e.... :(
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Дали мислите дека некогаш емоциите ви немаат доволно силен интензитет?
Ви се случило ли да сакате да чувствувате нешто, да знаете дека по сите непишани правила треба да го чувствувате тоа, а тоа едноставно е или преслабо или изостанува?
Да, ми се случило. Подобро е да ги прифатиш како такви, оти подоцна можат да ти создадат само фрустрации, нервоза и одбивност. Препушти се на тоа што го чуствуваш, без разлика со колкав интензитет е.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Да, ми се случило. Подобро е да ги прифатиш како такви, оти подоцна можат да ти создадат само фрустрации, нервоза и одбивност. Препушти се на тоа што го чуствуваш, без разлика со колкав интензитет е.
Проблемот е што не чувствувам скоро ништо, иако треба. Нешто како 'така требало да биде' само поглупо малце пошо вклучува многу деликатна ситуација во која не е нормално ниту да се помисли тоа.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Проблемот е што не чувствувам скоро ништо, иако треба. Нешто како 'така требало да биде' само поглупо малце пошо вклучува многу деликатна ситуација во која не е нормално ниту да се помисли тоа.
Значи не знам за каква ситуација станува збор. Можно ли е нешто да те има шокирано, па на некој начин несвесно да си ги имаш дистанцирано чуствата за таа работа? Како некој одбрамбен механизам, за да не бидиш повреден? Пред колку време ти се случила ситуацијата? Дај си време малце, па ќе видиш дали и какви чувства ќе имаш. Најбитно од се, без разлика дали имаш или немаш чувства, е да знаеш да ја прифатиш реалната ситуација таква каква што е, да не бегаш од неа. Разговарај отворено со личноста која е засегната во истава ситуација. Ако мислиш дека треба, сепак ти знаеш што е најдобро и во каква ситуација точно се наоѓаш. На крај краева, може уште не ти е "сварена" ситуацијава.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Проблемот е што не чувствувам скоро ништо, иако треба. Нешто како 'така требало да биде' само поглупо малце пошо вклучува многу деликатна ситуација во која не е нормално ниту да се помисли тоа.


Ништо страшно. Веројатноста е дека несвесно ги блокираш емоциите, од проста причина што ти е тешко вистински да се соочиш со нив. Си правиш некаква барикада или негација на вистинитоста и реалноста на изворот кој треба да ги предизвика емоциите кои недостасуваат и штитејќи се себеси - не ги доживуваш тие емоции во полн интензитет.

Не се оптеретувај со поими како „нормално“ во вакви ситуации. Емоционалните реакции имаат голема слоевитост на индивидуално ниво и не постои правилен начин на кој треба да бидат изразени.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.114
Специфицирај, ако не е премногу интимно. Некој од семејството е премногу болен а тебе ти е сеедно? Сe скара со девојката па сега "ништо не чувствуваш"?
Спектарот на емоции е обемен, а во однос со различните дадени ситуации, резултатот/решението може да бидат многу, многу комбинации.
Во реченица, да утврдиме дали си социопат или разгалено детенце.


Емоционален хендикеп не постои, само интензитетот варира.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Кога пишуваш на форум и имаш грижа на совест дека немаш емоции, тогаш значи дека не треба да се грижиш дека си социопат.
Ако беше таков воопшто немаше да се грижиш и отвараш темава.
 
П

Пепси_

Гостин
Тоа е голем левел на соочување со реалноста и не реагираш никако.....its okay.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
Кажуваш нешто а не спомуваш за што се работи, какви емоции? Према што?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Оваа ситуација се вика трансцендентална состојба....не е нешто што би требало да те исплаши. Едноставно, над мислите и емоциите има нешто друго....
Шо е то другото шо е над мислите и емоциите?

Инаку, да сум се нашол во ситуацијата, поприлично заебано е. Наместо чувства, имаш грижа на совест и прашање: шо ми е бе?
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Специфицирај, ако не е премногу интимно. Некој од семејството е премногу болен а тебе ти е сеедно? Сe скара со девојката па сега "ништо не чувствуваш"?
Спектарот на емоции е обемен, а во однос со различните дадени ситуации, резултатот/решението може да бидат многу, многу комбинации.
Во реченица, да утврдиме дали си социопат или разгалено детенце.


Емоционален хендикеп не постои, само интензитетот варира.
Близок пријател а и далеку од тоа дека ми е сеедно. Туку едноставно, споредено со реакциите на другите засегнати во ситуацијава ја сум премногу 'тоа е, не можеме да помогнеме никако' и како што кажа и @Dzish имам некоја грижа на совест поради таквото размислување.
 
C

Celsius

Гостин
Едноставно во состојба на силен стрес, механизмот работи така што најчесто ги потискаме емоциите, ги заобиколуваме и немо ја посматраме ситуацијата. Некогаш се работи за очекувањата кои другите ги имаат од нас, па правиме слика на стабилност, контрола, па дури и оформуваме одбивност кон самата ситуација. Се затапуваме емоционално со цел полесно да ја пребродиме ситуацијата.
Гладиус, се ќе се врати, сите емоции, ќе еруптира, ама кога ќе дојде тој момент биди спремен со сите сили да не ги изигнорираш, пушти нека поминат низ тебе, бидејќи тоа е многу важно за твоето здравје потоа.
 
F

Feli

Гостин
Многу често и јас се соочувам со овој проблем. Свесна сум дека треба во одредена ситуација да сочувствувам со луѓе кои ми се блиски и да изреагирам по соодветно, но некако не ми идат такви емоции. Како сето тоа што и се случува на таа личност да ми е далечно, како само теоретски да го доживувам. Не можам да се поврзам со нивните чувства во тој момент и во таа ситуација. И секако и јас чувствувам грижа на совест и понекогаш се форсирам себеси да го почувствувам тоа што се очекува од мене. А ако веќе не можам, тогаш (се срамам да кажам) се обидувам да ја изглумам реакцијата. :(
И тоа не е само во еден случај и не е само кон еден човек.
А себеси се сметам за емотивна личност, ама ете понекогаш имам таква блокада...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom