Само едно ќе ги замолам љубителите на двата клуба: немој понатау да дигате толкава фама, Ел Класико ова, Ел Класико она, најспектакуларното дерби, не ти знам шо...
Ова што го гледав беше понижување, играше само едната екипа, кралевите беа премногу збунети (рано шокирани), не знаеја да врзат 3 паса, нервозно реагираа, беспомошно, очајно, посакуваа да заврши натпреварот во 60та минута. 100000 народ да ги пеат навивачките песни на Барса, а притоа резултатот да биде 5:0, на мечот помеѓу најголемите ривали во лигата, тоа не знам на шо личи. Точно е дека мадридистите беа под притисок и тоа огромен, но не очекував да изиграат толку немоќно. Од друга страна ова беше вечер на Барселона, се беше според планот, а богами и подобро, милијарда пасови пред очите на 11мината од Мадрид, програмирана игра, маестрална...како и секогаш овие од Мадрид се палат на тренерот као демек Мурињо ќе влезе и ќе се обиде да ги задржи Меси и Виља, а факт е дека доолго време одбраната им е швајцарско сирење. Да, можеби е добра, ама против тимови од понизок ранг на кои Реал го диктира темпото и реткост е другата екипа да нападне (читај Ајакс). Се палат на напаѓачите, добар ви е овој Бензема, ама за у Сошо можеби. Џабе е желбата за успеси кај Роналдо, кога целиот тим потфрли, самиот тој не беше никаков проблем нити пак закана по голот на Валдес. А дали некогаш Бензема, Озил, Кедира, Ди Марија и остали нови фаци осетиле што уствари значи Ел Класико, па уште и на Камп Ноу? Доста е да ја споредиме само течноста на играта кај двата тима и се ќе стане јасно. Овие толку се уиграни и технички спремни, што можат да си подаваат до бескрај без да се гледаат, кога топката беше во Реал, Барселона вршеше неверојатен притсок за по само неколку секунди да ја превземе и креира одново одлична акција. Ова со инцидентите на крај го очекував, пошто 90 минути да гледаш како си поиграваат со тебе како со мало дете, богами е премногу фрустрирачки. Толку беа нервите кај Рамос, и тоа е тоа, кој ќе си добие казни ќе си добие, а на Реал сепак ќе му треба уште многу време, со ист тренер и истите фудбалери во тимот секако, да ја подобрува својата игра, зашто и во ЛШ никој не простува за таква игра. Честито нека им е победата на Барселона, и нека уживаат сите фанови во феноменалните партии на оваа златна генерација.