Економски факултет- Штип

  • Креатор на темата AFI
  • Време на започнување
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
1.Кои подрачја ги опфаќа сметководствената функција?
2.Карактеристики на сметководствените функции
3.Основни сметководствени концепти-да ги наброиш(како едно прашање) и да ги објасниш(секој концепт посебно како посебно прашање)
4.Корисници на сметководствени информации
5.Влезна и излезна сметководствена документација
6.Интерна сметководствена документација
7.Контрола на сметководствени документи
8.Хронолошко,систематско,потполно и формално евидентирање
9.Објасни ги билансите според точноста на состојбата што ја презентираат
10.Објаснете ги видовите на специајни биланси
11.Како се искажуваат промените што настануваат во пресметковниот период на одделните позиции на билансот на состојба и билансот на успех
12.Објаснете ги финансиските показатели кои се добиваат од билансот на состојба и билансот на успех
13.Што вклучуваат паричните приливи и одливи од оперативни,инвестициони и финансиски активности
14.Кои ставки можат да предизвикаат промена во структурата на капиталот
15.Објаснете ги одделните форми на конта
16.Набројте ги поделбите на сметките
17.Објаснете ги активните и пасивните сметки
18.Објаснете ги синтетичките и аналитички сметки
19.Објаснете ги целосните,нецелосните и корективните сметки
20.Што претставува салдото на сметките и објаснете го неговото трикратно значење
21.Набројте ги класите од контен план
22.Во кои фази се одвива редоследот на сметководствената постапка
23.Објаснете ги заклучните работи во сметководството
24.Кои основни цели ги има завршната сметка


Тоа ти се прашањата,а исто така има и задачи да составиш почетен биланс на состојба,биланс на успех,Извештај за паричните текови,Да определиш кои ставки (од табела која он ќе ја даде) резултираат со готовински прилив (+) и готовински одлив (-)

Ај крши нога :toe:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
^ Пријателе да те прашам само, при пресметка на извештајот на паричните текови, која метод го бара, дирекниот или индирекниот ??
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
^ Пријателе да те прашам само, при пресметка на извештајот на паричните текови, која метод го бара, дирекниот или индирекниот ??

Мислам дека повеќе се паѓа индиректниот метод
 
Член од
15 јануари 2009
Мислења
92
Поени од реакции
13
Браво за темава бар ке можеме колегите да се дружиме, само да не дознаат асистентиве па да ни ги крадат мисленјата :pos2:
 
Член од
6 октомври 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
колку од оваи прашања се паѓат? и колку бода носи едно прашање
 

AFI

Член од
17 ноември 2009
Мислења
389
Поени од реакции
98
За прашањата колеги бидејќи се многу групи паѓат сите.Задачите ги вежбајте бидејќи повеќето задачи се на колоквиум.Јас лесно поминав лани треба вежбање само имав 9че за 3 бода Костадиновски не ми даде 10....поздрав и поминаа колоквиуми како напишавте:vozbud:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Ај едно прашање до колегите (бруцоши) од Штип, да не знаете дали има резултати Финансии од вториот колоквиум ?? - Бидејќи асистентот на е-учење не ги става резултатите, на список на факс ги вади само. Ај плиииис ако знае некој нека пише, да знам дали да тркнам да видам шо сум направил :) ...
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Дали некој знае зашо не отвара Е-учење,до серверо ли е или..
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
^ Кај нив е проблемот, цел ден не отвара .. А сакав да видам резултати дали има по сметко.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Помина семестарот, па ајде како поминавте :) ?? - Јас го се исчистив и сума сумарум лесно поминав, како бруцош повеќе од добро се снајдов.

Факултетот инаку е топло-ладно. На почеток можеби било полабаво и полесно се минувало, но денес можам да ви потврдам дека фак. си држи стандард достоен на државен универзитет. Сите што се запишаа и мислеа дека од ракав ќе паѓаат 6ките, на*баа гадно, а многумина и после првите колоквиуми кренаа раце.

Слушав и читав муабети дека организацијата не им штимала. Оваа мене ми е прва год. и можам да кажам дека ниту една инфо која е објавена - се нема реализирано, или доцна објавуваат термини. Ааа она е-учење им е право чудо, курсеви има по секој предмет и таму ги има сите работи поврзани со истиот, објавуваат резултати, термини за поправни, семинарски и сл.

Е сега се не е така розово, бидејќи скоро се што постои има црна и бела страна. Овде образот на институцијава го црнат професорите. Кадарот им е катастрофа. Станува збор за проф. и др. на науки, неспособни и неуки да предадат знаење и тематска единица. Без лап топ не почнуваат предавање, како изгубени се. Така да се што ќе си спечалиш на фак. верувај дека е твоја лична заслуга и колку ти сам имаш вложено труд во тоа.

Се надевам на уште полесен II семестар. Иии ајде повозрасни колеги, кажете што и како со предметиве и професорите на финан. мен. ?? :)
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Кажете кај може да се најде некоја Штипјанка?
Ногу си хубаи овие момички.
 
Член од
13 септември 2010
Мислења
114
Поени од реакции
2
Да ве прашам........ Основи на финансии имам 6, ама сакам да го преполагам, да ја поништам оваа оцена.
Ако некој има што е преполагал, или ако знае какви биле испитите, да пише што како ....... pls
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
јас го полагав на испит и можам да ти кажам бајаги се помачив,го полагав едно трипати,но прашањата иако се на заокружување се така поставени да мораш да внимаваш на секоја запирка,повеќе ми личеа на трик прашања,сега незнам каков совет да ти дадам, ти си знаеш
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Да ве прашам........ Основи на финансии имам 6, ама сакам да го преполагам, да ја поништам оваа оцена.
Ако некој има што е преполагал, или ако знае какви биле испитите, да пише што како ....... pls
Чувај си ја 6ката таму, резултатите и така беа катастрофа. Бегај, на цел испит кој знае од кај ќе ги ископа прашањата, бетер ќе бидат и од Debentures обврзниците и од нормалното контанго. Во Ср 28 души положија само, за 6ка очи вадат.
 

AFI

Член од
17 ноември 2009
Мислења
389
Поени од реакции
98
Да ве прашам........ Основи на финансии имам 6, ама сакам да го преполагам, да ја поништам оваа оцена.
Ако некој има што е преполагал, или ако знае какви биле испитите, да пише што како ....... pls
И јас прашував за поништување на предмет имам 9 па сакав 10 бидејќи сум сигурен дека го знам материјалот , но откако ќе ги објават резултатите во рок од 24ч треба да се пише барање за поништување па да одобрат и да полагаш на цел испит. И јас по долго размислување решив да не го поништам туку сега кога ке се стават оценки ке го замолам професорот да одговарам усно или пред асс.

Втор семестар ако се учи е полесен. Статистика проф.Мицески е закон задачи е предметот со вежбање се совладува. Економика на претпријатија, предметот ни најмалко не е интересен се мина лесно...Информатика ни за предмет не се смета ...Е сега Макроекономија на нас го предаваше асистентот Дарко кој од него многу се учи. Малку е строг но ништо страшно, го предаваше под менторство на Фотов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom