- Член од
- 20 декември 2005
- Мислења
- 503
- Поени од реакции
- 6
Историски економски раст од седум проценти
Според премиерот Никола Груевски, оваа убава вест е значајна затоа што станува збор за најважниот показател за движењето на економијата во земјава
Во првиот квартал од годинава е остварен историски раст од 7 проценти, споредено со истиот период лани, соопшти премиерот Никола Груевски повикувајќи се на најновите податоци добиени од Државниот завод за статистика. Според Груевски, оваа убава вест е значајна затоа што станува збор за најважниот показател за движењето на економијата во сите земји во светот.
- Историски ова е највисок пораст споредбено со кој било друг квартал во изминатите 17 години во самостојна Македонија. Покрај ова, во првите четири месеци индустриското производство е зголемено за 10 проценти, извозот на стоки е пораснат за 53 проценти - изјави премиерот Груевски.
Според вицепремиерот Зоран Ставревски, овој податок е показател дека конечно го достигнавме историски највисокото ниво на економски раст, којшто е идентичен на најбрзорастечките економии во регионот и во светот. Тој соопшти дека е значајно што порастот не е остварен во една или две стопански гранки, туку ги опфаќа сите сектори во економијата.
Во индустријата и рударството вкупниот пораст - новосоздадената вредност е 11,6 проценти, во трговијата на големо и мало 13,6 проценти, во сообраќајот - 11,1 проценти, во банкарските услуги 12,5 проценти, градежништвото 5,8, а во земјоделството и шумарството - 3,5 проценти.
- Буквално во сите сектори на економијата има силен економски раст. Уште позначајно за идниот економски раст е што инвестициите во машини и опрема во првиот квартал на 2007 се повисоки за 10,7 проценти во однос на првиот квартал од 2006. Тој податок покажува дека е почнат сериозен инвестиционен циклус во земјата по долгогодишниот период на неинвестирање - вели вицепремиерот Ставревски.
Тој информираше и дека по долги години македонскиот извоз почнал да расте со двоцифрени цифри, при што во првите три месеци од годината извозот на стоки во вредност оствари раст од 42,6 проценти, а извозот на услуги околу 19,4 проценти. Во истиот период се остварил двојно помал пораст на увозот што значи дека земјава го стеснува јазот помеѓу извозот и увозот.
- Македонската економија станува се поконкурентна и македонските производи наоѓаат нови пазари во земјите од ЕУ и од регионот. Станува збор за реално формиран пораст, којшто очекуваме да продолжи и во следните квартали - рече Ставревски.
Тој изјави дека со континуиран раст и во наредните квартали сигурно ќе се подобри стандардот на граѓаните.
PUSTOSOT STO GO OSTAVIJA GNASITE KOMUNJARSKI, SEGA PREMIEROT SO SUDNI MAKI USPEVA NESTO DA PODIGNE NA ZAVIDNO NIVO, NEMOZI OD TOJ PUSTOS ODMA DA POTECI MED I MLEKO,!!! AMA POLEKA I SIGURNO MAKEDONIJA ODI NAPRED, A KOMUNJARITE I SEKERINSKA KE SI LAAT, DO SLEDNITE IZBORI, I KOGA KE GI SNEMA OD POLITICKA SCENA, STO ZNACI EDNAS ZASEKOGAS OVOJ NAROD DA SE KURTULI OD ODRODNICITE.
CESTITKI ZA PREMIEROT I IDNIOT PRESEDATEL NA MAKEDONIJA
(А.Се)