- Член од
- 18 октомври 2007
- Мислења
- 31
- Поени од реакции
- 21
Деновиве многу размислував за „Господарот на Прстените,“ иако книгите неодамна ги прочитав по кој знае кој пат. На англиски, секако. Многу ме боли фактот што немаме соодветен превод на толкиновите дела, а српскиот и хрватскиот се навистина одлични. Особено хрватскиот превод.
Со тие мисли, денес ја земав книгата „Враќањето на Кралот“ на Македонски јазик за да се потсетам на еден од омилените делови во книгата. Особено поради прекрасната игра на зборови со: „No living man may hinder me“ VS „No living man am I. You look upon a woman!"
Преводот на овој прекрасен, но исклучително комплексен и емоционално набиен дел, беше толку катастрофален и генерички што решив јас самиот да се обидам и да го поправам. Со љубов и секако директно од Англиски, без copy/paste финти.
********
„Во служба на Кралот! Во служба на Кралот!“ срцето врескаше од внатре. „Мора да останеш покрај него. Ќе ми бидете како татко, му велев.“ Но, волјата затаи, а телото му се тресеше. Тој не се осмелуваше да ги отвори очите или да погледне нагоре.
Тогаш, низ темнината на умот, му се причини дека го слушна Дернхелм како зборува; сепак, гласот имаше чуден призвук што потсетуваше на веќе познат глас.
„Бегај, нечисто сениште, господару на мршојадците! Остави ги мртвите да почиваат во мир!“
Одговори студен глас, „Не стој меѓу Назгулот и неговиот плен! Или кога редот ќе ти дојде тој нема да те погуби. Ќе те однесе далеку, во домовите на јадот, зад незнајната тмина, каде телото ќе ти биде глодано, и каде умот свенат и слечен ќе трепери пред Окото Оголено.“
Мечот заѕвони, изваден од корицата. „Прави како ти е волја; но јас ќе те запрам, ако можам.“
„Да ме запреш? Беузмнику. Не се родил маж што може да ме запре!“
Тогаш Мери, од сите повици, го слушна дотогаш најчудниот. Се чинеше како Дернхелм да се насмевна, и чистиот глас беше како челичен екот. „Но, јас не сум родум маж! Пред тебе стои жена! Јас сум Еовин, ќерка на Еомунд. Не застанувај помеѓу мене и мојот господар и род. Изгуби се, ако смртен не си! И да дишеш и да си мракот нежив, ако го допреш, ќе те сотрам.“
Крилестото суштество вресна кон неа, но сеништето на прстенот не одговори, и молчеше, како обземено од ненадеен сомнеж. Изненадувањето за момент го навјаса стравот на Мери. Тој ги отвори очите и темнината пред нив се расчисти. Големиот ѕвер беше на дистанца од неколку чекори и мракот што го обвиваше голташе сè, а над него надвиснуваше Господарот на Назгулите како сенка од очај. Малку на лево, свртена кон нив, стоеше онаа која се одѕиваше на името Дернхелм. Но, шлемот беше паднат, повеќе не криејќи ја нејзината тајна, а сјајната коса, ослободена од стегите, зрачеше ко бело злато на нејзините раменици. Очите, сиви како морето, тврди и чемерни, но сепак имаше и солзи што ѝ се слеваа по образите. Мечот цврсто стегнат во раката, а штитот подигнат наспроти ужасот во очите на непријателот.
Таа беше Еовин, но и Дернхелм во исто време. Во умот на Мери блеснаа мемориите за лицето што го виде по патот од Дунхароу: лице на некој што ита по смртта, на некој одроден од надежта. Тага и голема восхит му го исполнија срцето, и одеднаш му се разбуди касната храброст што беше вродена во неговата сорта. Ја стисна дланката. Таа не смееше да умре, така прекрасна, толку очајна, сама и без поткрепа.
Лицето на заедничкиот непријател не се заврти кон него, а тој сè уште не се осмели да мрдне, стравувајќи дека смртоносните очи ќе го најдат. Лека, пополека, тој почна да ползи отстрана; но Црниот Заповедник, во сомнеж и коб кон жената пред себе, не го сметаше за повеќе отколку еден црв во калта.
Одеднаш големото суштество ги затресе крилјата, и ветрот од нив ширеше гнасна реа. Тоа повторно скокна во воздух, и потоа набрзина се втурна кон Еовин, врескајќи, колвејќи со клунот и канџите.
Сепак, таа не отстапуваше: воина на Рохиримите, потомок на кралевите, тенка, но опасна и остра како челик, прекрасна, и страшна. Таа брзо замавна, смртоносно и со вештина. Го пресече истегнатиот врат, и отсечената глава се стркала како камен. Рипна наназад откако големото суштество падна во неповрат, со крилјата раширени и стуткани на тлото; и со неговата смрт сенката исчезна. Тогаш светлината повторно ја облеа, и нејзината коса блескаше на изгрејсонцето.
Од пропаста се издигна Црниот Јавач, исправен и опак, надвиснувајќи се над неа. Со крик кој ги бодеше ушите како со отровно шило, тој удри со својот боздоган. Штитот и се скрши на многу парчиња, и нејзината рака беше скршена; потоа таа падна на колена. Тој се исправи над неа како облак, и очите му блеснаа; тој го подигна боздоганот за да усмрти.
Но, одеднаш и тој се заниша нанапред со вресок од лута болка, и боздоганот му затаи, па заврши долу во земјата. Мечот на Мери го прободе од зад грб, кинејќи ја црната роба, сечејќи ја тетивата под оклопот и силното колено.
„Еовин! Еовин!“ викаше Мери. Тетеравејќи се и мачејќи се да стане, со последните сили таа го заби мечот меѓу круната и мантијата, додека моќните плеќи се виткаа кон земјата. Мечот по јасен блесок се искрши на многу парчиња. Круната се отркала недалеку со ѕвекот. Еовин се струполи нанапред, преку својот противник. Но погледај! Мантијата и Оклопот беа празни. Сега лежеа на земјата безоблични, искинати и стуткани, и вресок се издигна во растреперениот воздух, претворајќи се во затаено завивање, кое исчезна со ветрот, глас обезглавен и слаб, на смртна постела легнат, проголтан, и нечуен повеќе во таа ера на светот.