Еврејските партизани на Македонија

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
приказна-поточно слики за партизанот Виктор Мешулам - Бустрик (партизанско име)........................................................................
Picture 1363.jpg Picture 1365.jpg Picture 1366.jpg Picture 1367.jpg втор од лево во Битолскиот П.О.во 1942 г.

Picture 1364.jpg Виктор Мешулам,како воен аташе во Турција 1945 година.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Оваа е вон темата но се однесува за евреите во Втората светска војна
Во Дневник најдов напис дека, додека Евреите од Амстердам биле во Аушвиц и другите логори, градските власти им наплатувале комунални давачки. Кога по Војната се вратиле ( тие кои преживеале ) ги натерале да ги платат
Каков цинизам....
http://dnevnik.mk/?ItemID=6BF1989A409AF04EBC57410723B51436
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Во борбата против фашизмот дејствуваа и лица од еврејско потекло пред 1941 година. Познат комунист и борец за работнички права, член на КП на Мексико Рафаел Батино (илегално име Мишо Цветковиќ), се враќа во родниот град Битола во 1934 година. Во јуни 1936 година во Скопје, заедно со Мино Миновски, Живко Ивановски, Васил Антевски, учествува во формирањето на партиски ќелии. Меѓутоа, на 15 септември е откриена таа активност од полицијата и е осуден на 5 години робија. Во затворот во Сремска Митровица учествува во разни активности за подобрување на условите на затворениците. Заради тоа неколку пати е изведен пред суд и му е продолжена казната. Често мачен и претепуван, му ја повредуваат ногата, и поради тоа е слабо подвижен.
Во 1941 година успева да побегне од затворот со група политички затвореници.Во јули 1942 година, е предаден и е фатен од четничките банди, и е предаден на италијанските фашисти го стрелаат со група партизани во Вучја Клека.

Сарина Песо во септември 1939 година, поради својата активност, е затворен со група скоевски раководители. Во 1940 година е член на Меснсиот комитет на КПЈ во Битола. Членови на КПЈ во 1940 година се: Пепо Камхи, Исак Сарфати и Елијао Барух. Тие истовремено се и раководители на еврејската младинска организација "Хашомер Хацаир", освен Исак Сарфати.

Во 1941 година од Белград се враќа во Битола Давид Садикарио, член на КПЈ од 1939 година, а Хаим Садикарио, битолчанец, член на КПЈ од 1939 година, активен учесник во работничкото движење во Белград.

Ѓорѓи Блаер, дентист од Скопје, член на КПЈ од1937 година и истакнат синдикален работник, од 1941 година е учесник во НОБ во Скопје.

Исак Симон од Штип во 1939 година учествува во акциите на напредните банкарски службеници во Љубљана, а во 1940 година станува член на КПЈ. Во 1941 година се враќа во Штип и веднаш стапува во НОД.

На крајот на јули 1941 година беше растурен летокот на КПЈ со кој се повикуваат Македонците и сите народности масовно да излезат на прославата на Илинденското востание и да демонстрираат против поробувачите на Македонија. На 2 авгтуст во Скопје и Битола излегоа на улиците голем број граѓани, групи студенти, работници, комунисти, скоевци и симпатизери на НОД да демонстрираат. На 1 и 2 август полицијата затвори околу 10 души во Скопје, исто и во Битола. За првпат на тие демонстрации во Битола се исфрли паролата "Да живее слободна Македонија". Во тие демонстрации учествуваа и Евреи, коишто поединечно и спонтано се вклучуваа во поворката.
Илинденските демонстрации јасно покажаа дека македонскиот народ и народностите ги сметаат Бугарите за окупатори, а не "ослободители" – како што тие се нарекуваа. Набргу се случија и првите атаци врз личната слобода: апсења, интернации и др. На 7 август 1941 година скопскиот полициски началник издава наредба за начинот како ќе се испраќаат лица на принудна работа и интернација.
 
Член од
8 мај 2005
Мислења
542
Поени од реакции
76
На крајот на јули 1941 година беше растурен летокот на КПЈ со кој се повикуваат Македонците и сите народности масовно да излезат на прославата на Илинденското востание и да демонстрираат против поробувачите на Македонија. На 2 авгтуст во Скопје и Битола излегоа на улиците голем број граѓани, групи студенти, работници, комунисти, скоевци и симпатизери на НОД да демонстрираат. На 1 и 2 август полицијата затвори
многу неискрен текст. Зошто нема интервенција од страна на Братот или Ченто не мога да разберам? Да подигнат еден по друг слоевите од манипулации во овој текст и да рајазјаснат вистинската положба во овие години.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
За време втората светска војна бугарите познати по превртливоста мислејќи оти ќе ја окупираат Македонија како подарок од нивниот наредбодател хубавиот им мил ем драг хитлер ќе остане во нивно фашистичко владеење слугувајќи и извршувајќи ги наредбите на сс наредбодателите ставија во црно многу македонски и еврејски фамилии. Згора на тое белокошулјашите чуварите на бугарските фашистички затвори

Арно ама хубавиот им хитлерчо се посра и тие го завртеа газот према истокот Русија кои пеесетина години ги ранеа.

На крај бугарите за конечна завршница (кој знае) што беа газолижачи на хитлер од фашисти станаа кимунисти сега се трансформираа во големи ѓоа демократи и католици послушници на капиталистичкиот анархизам мислејќи дека за се што направија со депортациите на евреите тие ќе им заборават.

Фашистичките влади на Бугарија и нацистичка Германија во најголема тајност водат преговори за предавање на еврејското население од бугарските територии на Германците. На 22 февруари 1943 година во Софија беше потпишана спогодба за иселување во прво време на 20.000 Евреи од териториите окупирани од страна на Бугарија, односно од Тракија и Македонија. Иселувањето ќе се реализира во источните германски области. Спогодбата беше потпишана од Александар Белев, комесар на Комесарството за еврејски прашања при Министерството за внатрешни работи и народно здравје во Софија, и германскиот полномошник капетанот на заштитните одреди (СС-хаупштурмфирер) Теодор Данекер. Спогодбата е донесена по одобрување на Министерскиот совет на Бугарија. Во спогодбата се утврдени појдовните железнички станици, и тоа:
од Скопје ..........................5.000 лица во 5 воза
од Битола .........................3.000 лица во 3 воза
од Пирот .......................... 2.000 лица во 2 воза
од Горна Џумаја ...............3.000 лица во 3 воза
од Дупница .......................3.000 лица во 3 воза
од Радомир ......................4.000 лица во 4 воза




Депортацијата на македонските Евреи и директната инволвираност на тогашната бугарска влада е неспорна. Последните документи кои излегоа од нацистичките архиви јасно докажуваат дека бугарските власти во Скопје 1943, не само што знаеле, туку и го организирале транспортот на Евреите со крајна дестинација логорот Треблинка во Полска.

Инаку, мајмун кога избега од зоолошката градина треба самиот да се врати оти ќе го фатат чуварите и ќе вратат во зоо градината.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Партизани, од Еврејската заедница во Скопје,кој не се спомнати до сега.
-------------
Шурна Јосиф - Скипо, работник,лимар, од теророт на бугарската полиција во 1942 година се засолнил во Гостивар.
Борец во Првата македонска-косовска ударна бригада,од нејзиното формирање во ноември 1943 година. Во сите борби се истакнувал како храбар пушкомитралезец и се наоѓал на најиздадените позиции.
Загинал во мај 1944 година.
-----------------
Давид Дик Навара,роден во Скопје,загинал при пробив на Сремскиот фронт 1945 година.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Рекапитулација за депортираните Евреи од сите делови на Македонија

- од вардарскиот дел на Македонија...................................................7.144 лица
- од источниот дел на Македонија........................................................2.617 лица
- од Пиринскиот дел на Македонија..........................................................10 лица
- од германската окупациона зона.....................................................45.650 лица
- од италијанската окупациона зона........................................................763 лица
------------------------------------------------------------------------------------------------------------
вкупно од цела Македонија: 56.184 лица
-
На оваа бројка треба да се додадат и лицата што умреле во привремените или собирните логори,
или по пат до депортацијата, што вкупно изнесува околу 31 лице,
тогаш вкупно во логорите на смрта биле „испратени“ или умреле по патот 56.215 лица, ЕВРЕИ
што изнесува околу 98% од сето еврејско население од цела Македонија.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Ова беше за во друга тема, но добро е да се прочита и овдека
---------------
извор: Историја на Евреите во Македонија, Александар Матковски, Македонска Ревија - Скопје 1983 год. стр. 196.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Како загина Шурна Јосиф - Скипо
Роден е во Скопје 1923 година
„ Беше учесник во сите борби на Бригадата,а особено на Кленоец,Пресек,Буковиќ и други места. Во нападите за ослободување на Кичево се истакна со својата храброст.Во последниот напад беше заробен од балистите но успеа да избега и пак да им се приклучи на партизаните во Бригадата.
Покрај учеството во оружените борби, имаше изразит талент за организирање на културно-забавен живот.Благодарејќи на тоа беа приредувани настапи за партизаните и населението на ослободената територија.
Со Бригадата учествуваше и во Богомилскиот марш од 31јануари до 14 февруари 1944 година. Во сите борби беше пушкомитралезец,особено се истакна ви борбите на реката Треска кај Кичево.
По враќањето од Богомилскиот марш ја водеше својата последна борба кај Велмеј,Охридско. Одејќи во претходница,сретна силни бугарски единици.Успеа да ги задржи и да и овозможи на Бригадата да се развие,истовремено нанесувајќи му на непријателот катасрофални загуби.Во овие борби храбро загина во Мај 1944 година.“
 

Kajgana Shop

На врв Bottom