ЕП 2014 - [ Втора фаза ] Група II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.225
Поени од реакции
35.848
Ја решија утакмицата хрватите во периодот од 30та до 37ма минута. Баш тогаш ја направија разликата. И понатаму пред крајот од 50та мин. успеаа да го зачуваат резултатот кога се играше гол за гол.

Натпреварот по мене го решија подобрата одбрана на хрватите и нападот преку нивните убиствени крила од каде што ги дадоа пола од головите (14 гола). Исто така многу ценам што кога беше Хрватска под притисок и Бичаниќ и Копљар не пукнаа и дадоа многу битни голови и не им доволија на полјаците да се доближат.

Браво исто и за полските навивачи. Бодрење од почеток до крај.(y)
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.705
Поени од реакции
6.643
Сакав Полска да тепа за да се смени малце финалнава 4-ка, го отупеа веќе со години истите се :D али то је то, формата е моментална, класата е вечна ;) Хрватска оди понатаму али штета што играат со Данска во 1/2 :D
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Шо ти е голема селекција,со добра игра во првите 5 минути од второ полувреме и решија се...
Тоа е тој квалитет,таа класа,таа големина на Хрватите..
Ментално силна селекција,добро водење од клупата,одбрана ѕидина.страшна работа...
Штета шо уште во полуфинале одат на Данците,селекција шо не им одговара никако,налет тоа и на гостински терен...
Како и да е интересна утакмица денес,Пољаците ме импресионираа,секоја чест,навистина покажаа дека имаат врвни ракометари...
Да имаа малку повеќе среќа со Французите можеби ќе беа и во полуфинале....
Околу другата двојка,Шпанците не ме импресионираа...
Шпанците мака ќе мачат со голманите,а против разбивачи како Карабатиќ,Нарцис прашање е како поминат...
Иако досега не изиграа некој сериозен меч,освен тој со Исланд кој го добија на крај,поразот од Данска не е мерило..далеку се од ланската форма...
Интересен меч во скеој случај...
Мој тип е Франција оди во финале,на грбот на ударната двојка Карабатиќ-Сораиндо:) ...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom