- Член од
- 21 април 2006
- Мислења
- 612
- Поени од реакции
- 11
Европската унија (ЕУ) би требало да ги продолжи преговорите со Турција за членство во Унијата, и покрај противењето на германската канцеларка Ангела Меркел, соопштено е денеска во Европската комисија.
„Мислиме дека треба да се држиме до тој принцип. Европската комисија ќе тежнее кон продолжување на преговорите“, изјави на конференција за новинари, портпаролот на Комисијата Јоханес Лајтенбергер. Германската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот во говорот на конгресот на нејзината Христијанско демократска партија се спротивстави на членство на Турција в ЕУ, и наместо тоа повика на склучување „привилегирано партнерство“ со Анкара. /макфакс/