ЕКСКЛУЗИВНО: МПЦ вметнува ГРКЧИ икони во МАКЕДОНСКИ цркви!

Член од
14 март 2008
Мислења
574
Поени од реакции
14
е а јас будала, отидов да барам поддршка од МПЦ за протестот на плоштадот Пела на 27 февруари... и не ја добив... барав барем јавно да се искажат...
 
S

Sagan

Гостин
Дедо Стефан ги мерка грчките икони!

http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/4B2F549D0CF46A4A9D7BF32DF866BBA9.jpg
183 икони се запленети во камион кој транзитирал од Грција кон Србија, а на увид на криумчарената стока вчера во Царина се појавил лично и поглаварот на МПЦ. Причината може да се претпостави, иако е непознато како нашите свештеници ќе употребуваат икони осветени од грчка црква


Стоосумдесет и три икони во разни големини биле пронајдени сокриени во камион, кој транзитирил низ нашава земја од Грција кон Србија. Иконите ги заплени македонската Царина, а на увид на запленетата стока вчераутро во Царинската управа дошол и поглаварот на МПЦ, Г.Г. Стефан.

По постапка на царината иконите се одземени, а возачот на камионот кој бил српски државјанин заработил пријава и глоба од 4.500 евра. Се уште не е познато каде ќе завршат иконите, а отворено останува и прашањето што барал поглаварот на МПЦ, Г.Г. Стефан во Царина?!.
Според царинската управа случајот бил откриен во саботата на граничниот премин Богородица, кога Одделението за оперативни работи извршило царинска контрола на камион со српски регистарски ознаки. Возачот на камионот, српскиот државјанин Р.Р., на преминот се пријавил за транзитна постапка кон Србија. При контролата цариниците со помош на мобилен скенер во камионот забележале дека во возачката кабина, во пределот помеѓу горниот и долниот кревет зад возачот, имало шест пакети кои возачот не ги пријавил за царинење.

Пакетите биле покриени со покривки, а возачот најверојатно сакал да ги претстави како дел од креветите. По извршениот детален преглед на возачката кабина, во шесте пакети биле откриени вкупно 183 икони, на кои стоел сертификат дека се работи за оригинали, а очевидците тврдат дека иконите се со исклучително висок квалитет. Непријавената стока привремено била задржана, а против возачот била поднесена прекршочна пријава до Комисијата за одлучување по прекршок при Царинска управа.

Во итна постапка, Комисијата го сослушала Р.Р. по што било утврдено дека српскиот државјанин направил царински прекршок. Возачот за прекршокот платил глоба во износ од 4.500 евра во денарска противвредност, а му била изречена и задолжителна мерка одземање на стоката која е предмет на царински прекршок.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Бар можеле грчките записи да ги ретушираат.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.338
Поени од реакции
6.019
Нормално е Црковно Лице да знае што се работи околу иконите поради тоа што низ нашата територија врват такви икони, и тоа директно или индиректно се загрозува МПЦ,па што сакате?Инфериорно да се однесуваат?Медиумите бараат нешто интересно да најдат за да си го билдаат продадениот тираж!
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Дајте, напишете убаво точно шо ни е целта, и да дам на попојве од црквиве во Охрид. :)
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
НАКРАТКО...ПЛАКАМЕ НА СОПСТВЕНАТА ЦРКВА ЗА СОПСТВЕНА ГРЧКА АСИМИЛАЦИЈА...



апелираме до сите медиуми институции и православни верници да извршат притисок врз македонската православна црква да се изврши замена на истите со икони од Македонско производство и ПИСМО!!!
--------------------------------

КАКО МОЖАМ ДА ПОМОГНАМ ?

- препрати го постов до сите тв и печатени медиуми
- регаирај кај одговрниот во твојата црква или во седиштето на МПЦ
- искористи ги пријателите и контактите што ги имаш за да излобираш ПРОМЕНА!!!


ЗАЕДНО МОЖЕМЕ
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
по неколку средби овие денови дознавме дека истите овие икони биле нудени на Македонски цркви во прекуокеанските земји но со Српско посредство...

рекции и помош приостигна за многу кратко време...само денови по прзентирање на собраните материјали да ве информирам

дека веке е најдена печатница и средства кој се понудија да помогнат со цел препечатување на иконите, доста влијателни Македонци од диаспората ке побараат објаснување од поглаварот на МПЦ гг Стефан...а и дел од Медиумите одвоиа простор за овој проблем...

Благодарност на Кајгана и Вмацедониа, како и дел од форумџиите кој земаа директно учество..сакаме да охрабриме слични грагански иницијативи...ке ја истуркаме работата до крај....

ЦУТИ ШВЕРЦОТ СО ВЕРСКИТЕ РЕЛИКВИИ
И Господ на тезга Македонија станува крстосница на шверцот со христијански реликвии што потекнуваат од Русија, Романија и од Украина, а кај нас се внесуваат од Грција, предупредуваат достоинствениците на МПЦ

Македонија станува земја-крстосница на шверцот со икони и други христијански реликвии што најчесто потекнуваат од Русија и од Украина, а кај нас се внесуваат од Грција, предупредуваат достоинствениците на Македонската православна црква. Неодамнешното запленување на 183 икони што македонската царина ги откри во камион што транзитирал од Грција кон Србија, како и пред еден месец кога спречи шверц на икони на граничниот премин Меџитлија, потврдуваат дека преку земјава транзитираат или остануваат верски предмети со дискутабилно потекло. Во Царината изјавија дека се' уште не е решена судбината на запленетите 183 икони. Најверојатно Владата ќе донесе одлука со која тие ќе се подарат на некои институции.

загрозена автентичност

Поголеми и помали икони со налепници од слики на светци со натписи на руски, бугарски, грчки или на српски јазик се' почесто може да се најдат и по верските храмови на МПЦ. Крстови во најразлични форми, кандилца, приврзоци... се само дел од асортиманот на верските реликвии кои до верниците што ги купуваат стигнуваат по неколкукратно зголемена цена. Владиците на МПЦ предупредуваат дека напливот на ваквата стока ја потиснува и ја загрозува автентичноста на христијанството во Македонија.По продажните места се' повеќе ги среќаваме руските или византиските крстови. По своите карактеристики тие се разликуваат од крстовите што по традиција се користат на македонска почва. Луѓето што сакаат во своите домови да имаат икони, кандилца, крстови ги купуваат и заради цената која им е донекаде прифатлива. Појавата има и масовни карактеристики. Точно е дека христијанството има универзална димензија, но националните специфичности се негуваат - вели еден владика на МПЦ.Свештеникот Стојан Пајковски од манастирот „Света Троица“ вели дека последниве години добро е разработен пазарот со црковни реликвии од Русија и Романија.Во овие две големи христијански земји постојат големи капацитети, во манастирите или во индустриски погони, кои произведуваат големи количества верски предмети. Таму, на пример, една икона се набавува по десет евра, а потоа нејзината цена достигнува и до сто евра. Нашите луѓе не се разбираат толку за да ја проценат вистинската вредност на таквите предмети. Со таква трговија не само што се ограбуваат луѓето туку и' се нанесува голема штета на автентичноста на македонската иконографија - вели Пајковски. Тој објаснува дека ваквите предмети доаѓаат до свештениците откако ќе им ги понудат најразлични „трговци“. Свештеникот ќе ги земе заради тоа што често има потреба да им даде нешто на верниците. Како црква, сепак, би требале да имаме наши оригинални предмети, а не да користиме туѓи и неавтентични за нашиот простор - потенцира Стојан Пајковски.Скопјанецот Зоран Георгиевски вели дека помалите икони ги купува првенствено поради нивната цена: Неодамна бев во една скопска црква и на тезгата во нејзиниот двор купив мала икона за 100 денари. Подоцна, видов дека на нејзината заднина има текст на руски јазик. Како христијанин, не ми пречи, но мислам дека треба да имаме такви работи и на македонски јазик.

кусок работилници

Во МПЦ наведуваат дека до скоро Грција била главната земја од која во Македонија се увезувале верските предмети. Свештениците таму набавувале облека, панагии, свеќници, икони, кандила.Сега цените во Грција се прескапи за нас и очигледно е дека предметите доаѓаат од други земји каде што се купуваат евтино. Ние не можеме да забрануваме таквите предмети да се продаваат, но јасно е колкава вредност тие може да имаат - вели дебарско-кичевскиот митрополит на МПЦ Тимотеј.Митрополитот Петар смета дека МПЦ во последниве години од сопствени ликовни работилници по манастирите обезбедува доволно оригинални икони.Нема доволно само помали и поголеми икони кои се користат во поширока употреба од граѓаните што сакат да ги имаат во својот дом. Кај нас постои производство на помали икони со постапка на „каширање“, односно, со лепење хартиени слики од светци на дрвена подлога. Но, таа хартија се набавува од Русија или од други земји - вели тој.МПЦ нема специјализирана работилница во која би се правеле поситни верски реликвии. Ние треба да создадеме таква работилница бидејќи без неа доаѓаме во незавидна состојба што ја нарушува нашата христијанска автентичност - велат во МПЦ.
Грчки кандила за скопската „Пресвета Богородица“
Канидалата, свеќниците, крстовите и другите црковни предмети неопходни за неодамнешното осветување на скопската црква „Пресвета Богородица“ морале да бидат итно увезени од Грција зашто не можеле да се најдат во Македонија. Истата ситуација се случила и при осветувањето на црквата „Свети Пантелејмон“ на охридски Плаошник.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom