Зависи кој како гледа на работите. Некои се способни религијата да ја напикаат и онаму кај што ја нема.
Ни спиритуални искуства ни Транс се „ексклузивно право“ на која и да било религија, дури не ни постојат во истите. Душата е нешто што е во нас, наше сопствено, лично. Не е никаде надвор, не е во наизуст научени молитви, не е во привиденијата кои се производ на нашите желби и манипулација од свесноста.
За [2],
Не би се сложил со “старата комунистичка“ туку старата античка. Уште античките агностици-атеисти си го поставувале тоа прашање, дали митовите за боговите не се производ на човечката имагинација. Не ја потценувајте човечката имагинација. Способна е и зачудувачки работи да креира, да створи.
Дали нашата личност, сме ние, она што произлегува од нас? Не...
Ние секогаш ги повлекуваме границите на нашата личност премногу тесно. Ние во нашата личност го признаваме секогаш само она што го создаваме како индивидуално различно, како нешто што го препознаваме дека отстапува од другите. Но ние, секој од нас се состоиме од сите состојки на светот и како што нашето тело го носи во себе родословието на развитокот, се до рибите или водоземците, дури и многу, многу поназад, така и ние го имаме во душата сето она што некогаш живеело во човечките души. Сите богови и ѓаволи, кои некогаш постоеле, било кај Грците, или кај Кинезите или кај Египќаните, сите се во нас тука, како можности, како желби, како излези. Кога човештвото би изумрело се` до едно единствено средно надарено дете, кое не добило никакво обучување, тоа дете повторно би го пронашло целиот тек на работите, би пронашло богови, демони, рајови, заповеди и забрани, стари и нови завети - тоа би можело повторно да го создаде тоа.