Другата страна на убавиот изглед

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Сите ќе се согласиме дека кога некоја добро облечена и средена девојка ќе помине покрај нас, тајно изнудува восхит и дури вртење по неа.:)
На сите ни се допаѓаат витките тела во тесни фармерки, вртоглаво високи потпетици ,потемнетата кожа и долгата коса. Но по која цена го посакуваме тој изглед?

-Тесните фармерки се неудобни (особено ако материјалот е покрут), во летно време знаат да бидат неподносливи но сепак многу од девојките ги носат кога излегуваат. Од тоа што се тесни се намалува циркулацијата на крвта во нозете, и погодете што се појавува? Нашето добро познато пријателче целулит.

-Темниот тен е посакувана цел на голем дел од девојките, па затоа не се чека одењето на одмор, кое сега е заменето со печење во солариум. Не еднаш, двапати колку за подлога, туку доволно пати за да се направат банту црнци. И по некое време-оп, ризикот за рак на кожа се зголемил драстично.

-Долгата коса пак, според многу истражувања е она што го преферираат машките. А во даден момент, надградбата на пократка коса може да биде супер решение. Имате инстантно долга блескава коса тазе излезена од фризер! Но што се случува по само неколку дена/недели? Силиконот почнува да боде при спиење, отпаѓаат прамени а вие почнувате да добивате изглед на расчупана кокошка отколку на девојка со долга коса. И единствено чаре ви е да одите секој втор ден на фризер за да ви ја средуваат веќе нескротливата коса. На крај ќе завршите со поплиток џеб и неквалитетна коса. Вредеше ефектот?

-Надградба на нокти. Не е толку страшно ако можете да се „носите” со изгледот на ноктите откако ќе ги извадите вештачките надоградби. Од лично искуство, лажги со опашки е тоа што го тврдат дека ноктите потоа растат демек поцврсти и се губи навиката за грицкање.

-Високи потпетици сакаме сите. На ногата и дава поеротичен изглед, визуелно се скратува стапалото и одот станува пограциозен (ако правилно се оди на штикли, во спротивно се добива ефект на „ми-се-одвртеа-штрафовите-и-сега-се-клатам”). Со само неколкучасовно одење мислам дека сите знаеме колку проклето знаат да болат нозете. Зошто тогаш да се форсираат потпетиците постојано? Плус, неретко се закачува и некој деформитет на коските.

Оваа појава не е уште од сега. И во минатото жените се мачеле во огромните фустани со неверојатно тесни корсети кои предизвикувале богзнае какви проблеми со виталните органи.
Се правеле огромни „фонтана” фризури со железни арматури, косите се пудреле со пудра од бел грав и слични препарати за да добијат на цврстина. Едно што било непрактично, не било ни приближно хигиенски. Им се собирале глувци (!) во основата на арматурите, легла на болви и слично.
Да не продолжувам со примери, мислам дека ја сфативте поентата на темава-дали сте се запрашале која е цената на „добриот” изглед? Не ли овие сите набројани работи се само одвишен и непотребен дел кој само ја кити женската фигура и привремено ги маскира комплексите?
Не ли е природната убавина дар кој не смееме да го уништиме со непотребни трендови?
 

JuveFan

Џабарлак
Член од
11 мај 2006
Мислења
918
Поени од реакции
7
Премногу глупости поради да фатите некого или пак да бидете најубавата женска која цел град ќе свирка по неа. Мое мислење е дека кога Бог го создал Адам знаел дека ќе му треба некого, и тогаш ја создава Ева. Без разлика на тоа дали носите штикли, дали сте најцрни, дали носите тесни фармерчина или пак кизни што уште не, ние мажите ќе ве сакаме поради тоа што сте жени и што ни го правите животот најубав. Нема потреба од никакви додатни препарати, тоа што го сакаме кај вас е тоа што го имате во внатрешноста.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Факт е дека секоја девојка колку толку сака да привлече внимание.
Природната убавина е дар, но таа треба да се негува и да се истакнува. Од фактиве набројани погоре не ми се допаѓа само надградба на коса, ми изгледа премногу вештачки. Надградба на нокти зошто да не, ама ако не се преголеми. Еве јас на пример имав лоша навика да ги грицкам и сега не можам да ги пуштам. Со штиклите конкретно немам проблем, се навикнав и не ми сметаат.:smir:
Од она што имам разговарано со другари сфатив дека тие навистина ги сакаат девојките поради тоа што се девојки и им го разубавуваат животот...но сепак не им е сеедно кога ќе бидат во присуство на поатрактивна девојка.
Трендовите не се за слепо да ги пратиш и да се раководиш според нив, туку да пронајдеш нешто што ќе истакне некој дел од тебе. Шминката не е за бидеш во центарот на вниманието, туку за да ги истакне твоите црти...барем за мене...
 

joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
Затоа:
-Врешчиња тексасни.
-Бели ко сиренце (колку е само посекси белиот тен чавече).
-Машинката и фаќаш ќец или двојка за фризурица.
-Патичиња комотни.
Вака ја доистакнувам јас убавината.
Ова е најлесниот начин и најклошарскиот наравно.
Искрено им се дивам на типките кои ги издржуваат сите погоренаведени тортури. Навистина. Ипак мислам дека трудот се исплати:) Убавината која ја негуваат или ја создаваат е најдоброто нешто што можат да си го пружат себеси, негуваната жена е помоќна од секој аспект:)
 

a n g e l c e

^ Poison Girl ^
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.202
Поени од реакции
5
жената ќе истрши тотално се само за да биде привлечна и убава на спротивниот пол
еве еден извадок од книга :
- Жената се облекува внимателно, имајќи во предвид какво е времето надвор,кое годишно време е, што е моден тренд, кои бои и прилегаат, каде тргнала, како се чувствува тој ден, со кого ќе се види, што ќе работи.
Мажот едноставно ќе го помириса алиштето што го нашол на потпирачот на столот и ќе го облече :toe:
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Добро,факт е дека секоја девојка сака да изгледа убаво и се ќе направи за да не изгледа ко вампирка во петок навечер,со подочници до колена,со исушена коса,со неколку бубулици...Ама сите работи кои што ги наброја Скул,мислам дека и не се потребни за девојката да ја истакне нејзината природна убавина.За промена би било доволно место тесни фармерки-некое комотно и летно фустанче за да се чувствува попријатно,место мал милион пати на солариум за неодоллива кожа-еднаш до два пати,место надградба и фрлање пари за вештачка коса(што лично ми е бљак) да ја негуваа онаа што ја има (кратката) и друг пат да размисли пред да се ишиша толку кратко,место надградба на нокти за да ги прикрие нејзините изгрицкани до месо-да престане со таа одвратна навика и да ги среди нејзините нокти,наместо екстра високите потпетици-ниски(или со минимална потпетица) и удобни сандалчиња со некој моден додаток(многу поубаво би изгледало отколку километарките потпетици)...
И би додала уште нешто...Наместо тон шминка за да прикрие некои невидливи недостатоци што си умислила дека ги има ...само малце пудра под очите(ако има подочници и сака да ги покрие),руж,креонче и маскара би биле доволни,многу поубаво би изгледала со пририднаа боја на кожата отколку лицето да и изгледа ко на порцеланска кукла.
 
Ч

Чек Он Ит

Гостин
''Нафицнатите'', ''стегнатите'' или девојките на кое секое машко паѓа се најчето теми на разговор. Ги озборуваат, некои со восхит некои со завист. Таквите девојки ги има. И сето тоа, тие ''измачувања'' ги претрпуваат заради полнење на сопственото его, популарност. Девојките (сега нека ми простат тие што не сакаат да се ''стегнат'' по секоја цена) се спремни и на најлудото за убав изглед и тоа по секоја цена. Ох, зависта што ќе напраи. Кој ја има ок, кој ја нема алал нека му е.

Од се набројано погоре носам само тесни фармерки. Па дури и нив не ги носам многу често и не пукаат на мене. Да се надоврзам на Прл, има слаби (таман) девојки кои носат таман фармерки, ама има и такви кои секогаш зимаат број помали па си го стискаат стомакот и колку и малку сало да имаат тоа им вири од секаде.

Не сум ја продолжувала косата, тоа воопшто не е привлечно. Како слама да имам ставано на глава. Пари за џабе само. Со тие пари што ќе ги дадев за продолжување, за рок од 1 месец бев 15 пати на фризер и напраив милион фризури. И секако бев секој ден различна и секој ден убава иако немав продолжена коса(која секој ден ќе беше иста). Па да напраиме сума сумарум ќе видиме дека инвестиција џабе е само тоа косите вештачки.

Ноктите се исто глупости. Кога ќе ги извадиш надградбите тоа е во несвест паѓање. Грдо. Ноктите (природните) се полоши од кога и да е и меки и изнемоштени ако можам да го употребам тој збор за нокти.

(Многу) високи потпетици исто не се толку привлечни ако девојката е 2м. ... Ако е ниска, средна висина ОК е ... Може да се поднесе цената за убав (убаво е релативна работа) изглед.

Имам сирење-тен и не си го уништувам ни пари да ми даваат. Читав негде, некоја пред свадба претерала со одење на солариум и ја ''испржиле'' кожат цела се лупела до рани и морале да ја поместуваат свадбата. Бедно. А за што толку зезанции ? За еден тен, глупости. Темниот тен не е привлечен.

Сите сакаат да ги имаат тоа што го немаат.

Можеби се одвишни сите работи набројани погоре, но девојките се ќе направат да бидат задоволни со себе макар и за малку, макар и после да трпат последици и да си ја чукаат главата оти сакале да бидат нешто што не се и оти сега се погрди од кога било(оти од сите тие третмани и глупости има негативни ефекти). Природната убавина е дар. Но не знае секој да го почитува тоа што го има и сите го посакуваат туѓото, односно тоа што го немаат.
 

Nina

Ange ou Demon
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.256
Поени од реакции
4
Добро девојки сакате да кажете дека не носите тесни фармерки и високи потпетици?Хмм...не верувам!
Јас лиќно од овие работи нема да пробам само солариум и можеби вештачка коса и нокти.Другите работи уште вечер ке ги облечам.Сите овие набројани работи се дел од секојдневната облека на голем број од жените во светот.
Инаку не зборуваме тука за "цена" на убавината туку за самостоен избор.Доколку не сакаш да ги употребиш,нема да ги употребиш.Некој те тера да ги ставиш на себе? Не!Значи додека го градиш својот стил,сам решаваш дали ќе ги употребиш како дел од својот имиџ или ке се решиш за нешто полежерно.
 
Член од
16 јуни 2007
Мислења
117
Поени од реакции
1
Скулгрл напиша:
Сите ќе се согласиме дека кога некоја добро облечена и средена девојка ќе помине покрај нас, тајно изнудува восхит и дури вртење по неа.:)
На сите ни се допаѓаат витките тела во тесни фармерки, вртоглаво високи потпетици ,потемнетата кожа и долгата коса. Но по која цена го посакуваме тој изглед?

-Тесните фармерки се неудобни (особено ако материјалот е покрут), во летно време знаат да бидат неподносливи но сепак многу од девојките ги носат кога излегуваат. Од тоа што се тесни се намалува циркулацијата на крвта во нозете, и погодете што се појавува? Нашето добро познато пријателче целулит.

Cel zivot nosam tesni farmerki i fala bogu nemam problem so celulitot. Celulit najcesto imaat onie so visok kilogrami,a tie ne nosat tesni farmerki.

-Темниот тен е посакувана цел на голем дел од девојките, па затоа не се чека одењето на одмор, кое сега е заменето со печење во солариум. Не еднаш, двапати колку за подлога, туку доволно пати за да се направат банту црнци. И по некое време-оп, ризикот за рак на кожа се зголемил драстично.

Mozebi za ova si vo pravo,no jas licno odam na solarium i ne postoi tolku golem rizik ako pojdes 1-2 pati.Ama postojat i kremi za pocrnuvanje,taka da moze i na toj nacin da pocrnat dovolno.



-Долгата коса пак, според многу истражувања е она што го преферираат машките. А во даден момент, надградбата на пократка коса може да биде супер решение. Имате инстантно долга блескава коса тазе излезена од фризер! Но што се случува по само неколку дена/недели? Силиконот почнува да боде при спиење, отпаѓаат прамени а вие почнувате да добивате изглед на расчупана кокошка отколку на девојка со долга коса. И единствено чаре ви е да одите секој втор ден на фризер за да ви ја средуваат веќе нескротливата коса. На крај ќе завршите со поплиток џеб и неквалитетна коса. Вредеше ефектот?

Nema vrska dali devojkata ima dolga ili kratka kosa.Moze i kratka kosa da i stoi poubavo na devojkata,toa zavisi od facata.A i ne e tocno deka site maski sakaat dolga kosa,mozebi poveketo da,ama sepak nekoi devojki se mnogu poubavi so kratka kosa.


-Надградба на нокти. Не е толку страшно ако можете да се „носите” со изгледот на ноктите откако ќе ги извадите вештачките надоградби. Од лично искуство, лажги со опашки е тоа што го тврдат дека ноктите потоа растат демек поцврсти и се губи навиката за грицкање.

Ne e tesko da se odrzuvaat noktite i dokolku redovno se odrzuvaat voopsto nema ni potreba od nadgradba.A inace jas ednas staviv nadgradba i poveke nikogas nema da stavam zatoa sto bas po nekolku dena otkako ja staviv imav soobrakajka i site nokti mi se iskrsija i mnogu me bolese.

-Високи потпетици сакаме сите. На ногата и дава поеротичен изглед, визуелно се скратува стапалото и одот станува пограциозен (ако правилно се оди на штикли, во спротивно се добива ефект на „ми-се-одвртеа-штрафовите-и-сега-се-клатам”). Со само неколкучасовно одење мислам дека сите знаеме колку проклето знаат да болат нозете. Зошто тогаш да се форсираат потпетиците постојано? Плус, неретко се закачува и некој деформитет на коските.

Prvite nekolku pati koga oblekov stikli,me bolea nozete,ama sega ne poveke.Ponekogas stiklite se poudobni i od baletankie,zavisi od kvalitetot.

Оваа појава не е уште од сега. И во минатото жените се мачеле во огромните фустани со неверојатно тесни корсети кои предизвикувале богзнае какви проблеми со виталните органи.
Се правеле огромни „фонтана” фризури со железни арматури, косите се пудреле со пудра од бел грав и слични препарати за да добијат на цврстина. Едно што било непрактично, не било ни приближно хигиенски. Им се собирале глувци (!) во основата на арматурите, легла на болви и слично.
Да не продолжувам со примери, мислам дека ја сфативте поентата на темава-дали сте се запрашале која е цената на „добриот” изглед? Не ли овие сите набројани работи се само одвишен и непотребен дел кој само ја кити женската фигура и привремено ги маскира комплексите?
Не ли е природната убавина дар кој не смееме да го уништиме со непотребни трендови?
Prirodnata ubavina mozebi treba da se ceni,ama malku sminka,visoki potpetici i stegnati farmerki ne se vestacka ubavina,tuku samo pravat devojkata da izgleda uste poubavo i sredeno.Ne mi se dopaga koga ke vidam devojki so nesredeni nokti,neisceslana ili izgorena kosa,model na farmerki koj se nosel pred 10 godini i slicno.
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Уште само без компликации да ги отстраниме репродуктивните органи и градите на жените и нема потреба да има блесави работи како мода, шминка и болната ствар наречена корсет. Ионака сето тоа го правите за да вагината стаса од точката А до точката Б (пенисот). Нема да има потреба за медијатор! Да живее медицината! ХАУ КЕ!!! ХАУ КЕ!!!!
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Pa vaka.. Tesni farrmerki mislam deka NEMA DEVOJKA so gi nema doma..
Stikli.. Isto.. Ok.. Ne se za sekojdnevno da gi nosis.. Stikli ja na mene stafam samo epten koa idam negde.. A toa e retko..
Solarium BLJAK.. Bidete prirodni.. Sminka.. Site se sminkame.. So i da zborime.. Bez sminka zensko ne e zensko.. Ne preterano sminkanje sea.. Ali chat pat..
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
girlll напиша:
Pa vaka.. Tesni farrmerki mislam deka NEMA DEVOJKA so gi nema doma..
Stikli.. Isto.. Ok.. Ne se za sekojdnevno da gi nosis.. Stikli ja na mene stafam samo epten koa idam negde.. A toa e retko..
Solarium BLJAK.. Bidete prirodni.. Sminka.. Site se sminkame.. So i da zborime.. Bez sminka zensko ne e zensko.. Ne preterano sminkanje sea.. Ali chat pat..
?????????????????????????????????????????????
Значи,ти ако не ставиш шминка ќе те мислат дека си машко?Дај аман,што е ова?Во минатото имале шминки?Не!Па пак жените си биле жени,мажите-мажи.
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Prirodnata ubavina mozebi treba da se ceni,ama malku sminka,visoki potpetici i stegnati farmerki ne se vestacka ubavina,tuku samo pravat devojkata da izgleda uste poubavo i sredeno.Ne mi se dopaga koga ke vidam devojki so nesredeni nokti,neisceslana ili izgorena kosa,model na farmerki koj se nosel pred 10 godini i slicno.
Не ми е поентата на темата дека набројаните работи се вештачка убавина. Свесни сме дека тоа се само минливи категории кои ги применуваме за да изгледаме убаво, а ефектот не е толку долготраен.
Што ако ставам вештачка коса или ако ја пеглам мојата постојано? Да, моменталниот ефект ќе биде супер, но што потоа?
Што кога ќе ги извадиме надградбите, тесната облека и шминката?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Денес многу се претерува со пасијата за тоа како некоја ќе изгледа.
Во почетното мислење на Скул,можат да се препознаат многу жени,но најстрашното е што во последно време гледам многу девојчиња(и тоа 7мо одделение) со штикли,претерана шминка,и др.
Еве јас сум спортистка,трнирам пливање,не се шминкам,ниту пак правам нешто гореспоменато,но тоа не значи дека не сум женско.
Бидете си природни,да бидеш природен и свој е нешто најубаво.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom