Од досегашни примери и искуства, имам сфатено дека многу, многу ретко другарството меѓу машко и женско останува само другарство. Обично доста често, преминува во нешто повеќе. Како и да е, секогаш постои физичка привлечност, и со тек на време чувствата се развиваат во друг правец, кој дефинитивно веќе не е другарски. Не мора да биде сето тоа взаемно, но доволно е да му се случи на едниот и целата работа веќе не е ни близу до другарство.
Многу нормално секоја чест и на оние кои успеале да си го задржат другарството со личност од спротивниот пол, зошто верувам има и такви.