Дресура

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Не знам зошо толку мене ми се сснавте сите, како јас да сум крива што го зедов кучето на толку мала возраст. Секоја чест за луѓето од каде што си го земал кучето, не се сите толку посветени. Знам како ја чуваат женката и како го чуваат мажјакот и можам да кажам дека е од љубов а не од профит.
Нема врска, си го зедовме си го вакциниравме, се прилагодува добро, многу добро напредува, така да задоволна сум.
Убаво @wiksa напишал. Проблемот е во луѓето(секогаш). Таков одгледувач како што тебе ти дал куче секогаш ќе продаде додека има кој да го земе(немој да се најдеш нападната, сакам да ти кажам за да утре ти своето мислење го пренесеш на другите). Ретко кога новите сопственици ќе седнат и ќе направат детален преглед и ќе научат прво и за расата и за дресура и за се, а поготово пред да земат кутре. Битно ура ура го земавме и вториот ден, а сеа што да правиме :D И поради тоа што ти не си си го напишала домашното, има луѓе што ќе даваат толку мали кучиња.
Затоа пробуваме да шириме знаење, бидејќи само така на крај ќе се види кој зошто чува кутриња и како ги чува.[DOUBLEPOST=1486156910][/DOUBLEPOST]
здраво друштво да прашам и да замолам доколку некој има книга прирачник за дресирање да го сподели истиот ако сака, знам дека има мн совети на темава ама сакам доклку е можно самиот да прочитам и да се информирам од прирачник книга за дресура.

Фала мн. однапред
Youtube ти е одлично место каде можеш да видиш доста работи за дресура. Тоа ти е мојата препорака.
 
Член од
23 ноември 2016
Мислења
525
Поени од реакции
511
Здраво дечки. Дома имам маламутче веќе две недели. Задоволна сум како напредува, се навикнува веќе и на просторот ( дома го чуваме пошо е многу ладно надвор, иначе планот е кога ќе затопли да е надвор во двор, пошто сме во куќа ), се навикнува и на нас. Ме загрижува тоа што почна последнава недела некаде да ржи и да гризе кога ќе тргнам да го погалам. Не секогаш, ама доволно често за да ме загрижува. Знам дека може да бидат агресивни, исто така знам дека е од круцијално значење да се поставиш доминантно. Проблемот е што кучето е многу живо, нема шанси да му задржиш внимание повеќе од 10 секунди. Почнавме со некој базични команди како Седи, Не, пошто многу гризе папучи, ама некако бавно ни оди :D Иначе има месец и пол. Совет од некој поискусен?
Na malamut mu e ladno nadvor? Barem na internet imate informacii
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.001
Поени од реакции
12.599

На маламут стар 2 месеци. Барем да дочиташе.

Него ај сеа пак совет. Почнавме прво да го оставаме сам во соба по саат-два или кога ќе излезевме за да се научи да биде сам ( пошо нели надвор ќе биде ). Не знам дали го фаќа паника, ама кога и да остане сам се кака и прави лом насекаде. Да напоменам дека кога е со луѓе стално или си бара за надвор или се кака на пелена. Се потстопли па почнавме да го оставаме надвор по саат/два, луѓе цело време завива и цивка, вчера од толку напнување и поврати па моравме да го земеме внатре после нецел саат. Од една страна ми е многу жал ама мора да се научи да биде сам.
 
Последно уредено:
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Некој што се бави со дресура да ме контактира по ПП за информации
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.664
Поени од реакции
5.376
На маламут стар 2 месеци. Барем да дочиташе.

Него ај сеа пак совет. Почнавме прво да го оставаме сам во соба по саат-два или кога ќе излезевме за да се научи да биде сам ( пошо нели надвор ќе биде ). Не знам дали го фаќа паника, ама кога и да остане сам се кака и прави лом насекаде. Да напоменам дека кога е со луѓе стално или си бара за надвор или се кака на пелена. Се потстопли па почнавме да го оставаме надвор по саат/два, луѓе цело време завива и цивка, вчера од толку напнување и поврати па моравме да го земеме внатре после нецел саат. Од една страна ми е многу жал ама мора да се научи да биде сам.
До некаде е нормално тоа што реагира така и со правењето „бељи“ кога е сам дома, а и со завивањето и цивкањето. Научен е да биде дома со луѓе и нема се тоа што му го правиш како оставен сам дома или пак во двор го разбира како казна и моли да биде дома со вас. Ова со тек на време ќе се научи ама нема да биде од едно оставање и одма знае како е.
Иначе само мое мислење ако си издрала да го чуваш дома сега кога е мал, остави го нека седи дома со вас цело време наместо во двор, верувај оваа зима е мн подобра за 2 месеци стар маламут отколку тоа што ќе го очекува на лето сепак е маламут.
 
Na aljaskin malamut mu tece antifriz vo venite, namesto krv :) Valjda nemate iskustvo so kuce, i prvo pa masko - biras najtvrdoglavo kuce sto raste 60 kg. Good luck
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.001
Поени од реакции
12.599
Na aljaskin malamut mu tece antifriz vo venite, namesto krv :) Valjda nemate iskustvo so kuce, i prvo pa masko - biras najtvrdoglavo kuce sto raste 60 kg. Good luck
Се консултирав и со ветеринар и со други луѓе што чуваат исто маламут, имаше 5-6 години стари кучиња што седеле надвор сите претходни зими, зимава луѓето си ги земаа внатре. Јас јануарито на мочање го извадив мојот го залепи јазикот за оградата едвај го тргна, не па да да го оставам сам навечер на -20.

До некаде е нормално тоа што реагира така и со правењето „бељи“ кога е сам дома, а и со завивањето и цивкањето. Научен е да биде дома со луѓе и нема се тоа што му го правиш како оставен сам дома или пак во двор го разбира како казна и моли да биде дома со вас. Ова со тек на време ќе се научи ама нема да биде од едно оставање и одма знае како е.
Иначе само мое мислење ако си издрала да го чуваш дома сега кога е мал, остави го нека седи дома со вас цело време наместо во двор, верувај оваа зима е мн подобра за 2 месеци стар маламут отколку тоа што ќе го очекува на лето сепак е маламут.
Ќе седи надвор, така одлучивме сите зошо имаме голем двор кој е заграден за да може слободно да се движи. Мислам дека е греота на толкава површина да го затвориме внатре цело време.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.664
Поени од реакции
5.376
Ќе седи надвор, така одлучивме сите зошо имаме голем двор кој е заграден за да може слободно да се движи. Мислам дека е греота на толкава површина да го затвориме внатре цело време.
Никаде не реков дека е добро голем двор да остане неискористен, само прашај ги другите што чуваат маламут и ветеринарот што прават они на лето кога температурите се +40 (хинт: сигурно не им седи кучето надвор)
Ова ти е како добро намерен совет од лице кое има два самоједи, да сакаа да се надвор кога беше ладно, и сега сакаат. Ама некаде април месец кога веќе температурите се 25+ верувај само бараат дома на плочки да легнат и климата да им работи (а вратата од надвор летно време им е стално отворена за да шетаат кога сакаат само што тоа шетање преку ден е сведено на минимум дури и за вршење нужда не им се оди надвор)
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
@Емкаа а а можеш ли да побараш транспортен кафез и така да го тренираш да биде сам? На 8 недели, што стварно е бебе и ништо чудно што го фаќа паника кога е сам, е стварно супер што научил да кажува кога треба да изврши нужда, така да ако го оставате сам во соба по неколку саати, само му го уназадувате учењето. Кафезот помага така што му даваш помал предвидлив простор, но и временски период на кучето, односно му даваш рутина и цел. Постои и друга причина зошто велиме дека кученцата не треба да се одвојуваат од мајката до одредена возраст. Во тие недели додека се заедно со мајката и леглото, кученцата учат како да бодат кучиња - говор на телото, дисциплина, како да си играат, како да препознаат опасност итн. Тоа е основна и многу важна социјализација, која понатаму мора да ја продолжи сопственикот, особено до некаде 14тата недела, кога кученцето треба да се изложува на многу нови ситуации за да се научи како да се справува со нив со самодоверба. Кучињата природно се плашат од нови ситуации-така им работи мозокот. Кога го оставаш кутрето само, дали во соба или во двор, тој голем простор него го плаши, а додатна паника му ствара њто нема никој да му каже што треба да прави. Затоа почни со кафезот во соба, со помалку време - ако му е многу 2-3 саати, почнете со пола саат до саат. Освен тоа, кога е во ограничен простор како кафезот, кученцето повеке ке трпи за да изврши нужда. На тој начин му даваш рутина и предвидливост - останувам само, ама по некое време секогаш доаѓа некој да ме пушти. Така ќе почнеш со малку време и ќе дојдеш до неколку часа, прво внатре а после надвор.
Не постои такво нешто како тврдоглаво куче, има само мрзливи сопственици кои не се потрудиле да научат ништо за расата, која ја имаат. Маламутите се интелигентни кучиња кои се независни и бараат многу ментална стимулација. Имате добар почеток со бебушот, само треба да продолжиш во тој правец.
 
Гледаш, не ми текнало на ова. Во истата соба кај што го оставаме имаше кутија и кога беше помало седеше во кутијата без проблем. Ја надрасна кутијата за нецели три недели ( зборам за кутија со големина на машина за перење ), почна да ја скока и сам да излегува, па му ја тргнавме. Сега некако ми има смисла. :)
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.292
Дајте некој совет или стратегија како да ја издресирам кога јас ќе и кажам "мирна" да се смири и да не лае? Не можам со луѓе муабет преку ограда да направам, мисли цела улица е нејзина! Баш прееска застана еден и од кола ме прашуваше за некои насоки, не можевме ништо да се разбереме, срамотилаци :)

20170216_085929.jpg
 
EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
814
Дечки, вчера си купив германски овчар женско, родено е некаде околу нова години (месец ипол старо), дајте ми некој совет за нужди, неможам ниту да го приметам кога моча/сере, ниту клекнува ниту покажува некои знаци, кога се посра на плочките дома, му го собрав тоа неговото и го однесов во бавчата и му го начукав носот да го мириса, мислите ли дека е добра таа стратегија? Не планирам со ќотек ништо да и правам, само сакам да знам од прилика колку време ќе потрае школото.
 
EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
814
Да се надоврзам со себеси, почнав подетално да го следам кучето и сега кога почнува да квичи му давам храна и вода, а кога не сака да јаде или пие и пак продолжува да квичи, тогаш го носам надвор, со тоа успеав да спречам 4-5 :гомце:, само еднаш ми се измоча внатре, но во тоа време спиев и никако не го осетив.

SAM_1339.JPG
Мара кучката :D.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.292
Да се надоврзам со себеси, почнав подетално да го следам кучето и сега кога почнува да квичи му давам храна и вода, а кога не сака да јаде или пие и пак продолжува да квичи, тогаш го носам надвор, со тоа успеав да спречам 4-5 :гомце:, само еднаш ми се измоча внатре, но во тоа време спиев и никако не го осетив.
Не се потресувај многу на таа возраст ќе моча и ке кака кај стигне, мојата на секои 10 минути мочаше :D. Битно е кога ќе изврши нужда кај што треба да и дадеш награда и да ја пофалиш, а кога ќе ја фатиш да врши нужда кај што не смее искарај ја некако, пример некој звук непријатен направи и збркај ја и после тоа веднаш однеси ја кај што треба. Ама битно е ова да го правиш само на дело кога ќе ја фатиш иначе нема да разбере. Тоа бутање на муцка во измет и слично е неефикасно и стресно за кутрето.
Кога спиеш или кога не е под твој надзор ти препорачувам да ја држиш во некоја оградена просторија кај што ќе ставиш весници во едниот крај и доволно е еднаш да се измоча на нив, или па ти натопи ги малце и поради мирисот на нив ќе си врши нужда.
 
X3m

Титула по желба
Член од
20 јуни 2007
Мислења
445
Поени од реакции
177
Некој што се разбира во дресура или тоа му е професија нека ме контактира во пп. Имам проблем со однесувањето на моето куче кон други кучиња.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom