Слушам Гласвегас, ментален шкотски бенд и си се бедирам.

Ама онака, продуктивно. И сакам ништо да не кажувам, ама не можам.
Супа со букви и отворен пенџер, лето иде. Мириса на свежо и чисто, на повраќаници и меморија од прва средно кога мастурбирав на Џ.Морисон и не обрнував внимание на жив момчешки свет.
Денес денгубам освен што ја прочитав Погубни идентитети и Мајсторот и Маргарита и почнав да се губам во меѓупростори.
*денгубам
*Погубни
*губам
случајно поврзани зборови... Сега знам дека кенкањето пет дена пред мензис, пет дена дур трае и пет дена откако ќе ми помине, му го сервирам на Мио мој Мио и он ужасно се љути. Не знам како изгледа тоа, а верувам е непријатно :smir:
Јајца, та јајца. Мимоза салата, и више аман.
Како да и објаснам дека не чувствувам верба на мајка ми побожната (за атер на комшиите религиозна)? Скептицизам ме утепал.
Татко ми не се замара и упорно прави макало од лук секој трет ден.
Сестра ми ќе ми кидне у Фиренца, Мио ќе иде у Полска, Сандра утре е на апсолвентска екскурзија, а ја си се чешам.
Ми се бега и мене некаде.
Ама пениси... Вишок енергија, вишок килограми, Лесковачка пречкртана со црвено, скратен Хедонизам, (од утре со мала буква, за да на крај стане само низам...) и поплаки до другото Јас.
Немам за учење, немам што да правам. Дојдат ли колоквиумски - се жалам ко кретен.
Средина нема. Семинарски еден куп. Сеќавања исто. Мрзнење газови у Центар и целодневна со катаљон луѓе. За убаво.
Ништо со ништо нема врска.
И мазохизам во гледање документарци за деца со Арлекинов синдром. Глупак што сам себеси си се расплакува, во најдобар опис.
Би изела сега еден вол, ако не и слон, ама нема.
Ив Енслер убаво ме учеше. Добро тело не е добро тело, ами добар ум - самосвест дека и да е големо, е твое и... Лајна.
Ми здосадува веќе сиов конгломерат карактеристики.
Клише +. Поезија, готвење, мачки, чат пат астрологија и андрогин стремеж.
Можда треба да почнам да чувам геко гуштери, да си напраам винтиџ тетоважа на бицепс и да се нафурам на некоја јапонска боречка вештина, а згора на тоа да почнам да функционирам на американизми и англицизми.
:kesa: Гласно размислување де.
Медеа, што знам...