Ма не ми е јасно, како може да сум привлечна само за зафатени типови со долги врски?
Wtf is going on? Зашо бе еден асален (нормално тука спаѓа и да ми се допадне и на мене) не ми се "пушта". Проклетство!
Ти го лајкнав мислењето не затоа што е убаво тоа што ти се случува, туку затоа што се пронајдов во него и често се замарам и опседнувам со истиот проблем. И после долго време анализирање, не сум дошла до никаков заклучок. Не е ваљда до нас, нели?
На страна тоа, Драга моја, што му е на животов? Далеку подобар е од пред неколку дена, но пак е и далеку од тоа каков што треба и сакам да е. Многу се мачам, многу трпам, многу се трудам и борам, а некако ништо не ми оди како што треба. Знам дека ништо не се добива лесно и за секоја правилна и добра работа треба многу да се жртвуваш, ама зарем не жртвував се` што можев и имав? Уште колку и што треба?
Друга работа и проблем се луѓето. Зошто повеќе никој не слуша и разбира? Не ми е проблем и да цртам ако треба (си имам уметнички дарби во себе де
), но нека кажуваат јасно ако имаат потреба и од тоа. До толку ли отупеа сите или па јас грешам кога очекувам сите да се однесуваат со мене барем половина од тоа како јас се однесувам со нив? Ех.
И згора на се`, цело тело ме боли. Буквално секое мускулче. Но добро, ова барем е последица од нешто успешно, па не ме нервира толку многу.
А невремето прееска... ах кое чувство! Чекав да прекине и излегов. Порелаксирачка шетња одамна не сум доживеала. Буквално се осеќав како да лебдам додека се туткав во џемперчето и го дишев свешиот и влажен воздух со опојниот мирис на летен дожд. Прекрасно!
Ајде доста ти е тука... да оставам сила во рацеве да ти поднапишам уште нешто на некоја друга тема. Трета сум, па имаме уште многу време за дружба.