Драга,
конечно и јас да начекам слободно време; мирна, тивка и ладна вечер. Преку ден пеколно, не се издржува Не се седи пред pc, неможеш една серија на раат да изгледаш, а и сум зафатен со работи баш во тоа време кога најмногу пече сонцето. Де онаму де ваму де таму. Но еве и за мене слободно време вечерва. А и онака ладовина е, па би сакал сега на раат да седнам да изгледам 2-3 епизоди од серијата која одамна ја спремам за гледање, но преокупираноста со триста работи ми го оздеде целото слободно време ова лето.
Исто така сакам да ги искажам убавите чуства од препралвените љубовни емоции кои овие денови во мене ги осеќам, а посебно вечерва. Беше прекрасна прошетка како и секогаш, но овој пат со многу слатки бакнежи исполнети со страст и љубов. Смеењето, задевањето и гушкањето ми ги наполнија батериите за вечерва. Па како можи да не бидам среќен покрај таква убава девојка која што знае секогаш да ме направи да се чуствувам прекрасно покрај неа.
Тоа што друго сакам да кажам е она за мојот најдобар другар кој сабајлево се враќа дома послем 1 помината недела. Ни недостасува во друштвово за смеа, за глупости, па дури и ненадејни конфликти.
Но најмногу што ми недостасува во овие мачни, тешки и напорни денови , е седумдневниот одмор кој ми следи. Одвај чекам да се опуштам и да се разладам; да се тргнам од сите настрана, да искулирам и едноставно да уживам во одморот заедно со мојата љубена и целото друштво. Со нетрпение ги чекам тие денови - спасителски.