ogledalo
провинцијалец
- Член од
- 12 мај 2008
- Мислења
- 3.198
- Поени од реакции
- 174
ok demian kako sto rekov ja najdov knigata, ama ke se zadovolis samo so moe prepisuvanje zasto doma neam skener.
knigata e ``Преспа во пламен и чад`` од Коста Мундушев, Ресен 1988
накратко..Коста Мундушев ( сега најверојатно покоен ) е роден 1914 во село Роби, Мала Преспа (грција) во земјоделско семејство.Основно образование завршува во родното село. од Октомври 1940 до април 1941 се бори на првата линија во грчката армија против Италијанците во Албанија. Во 1943-1944 активно се вклучува во движењето за ослободување и во 1944 останува инвалид без една рака од експлозија на бомба. Во мај 1947 се вклучува во ДАГ и се бори о нејзинот пораз. во 1949 преминува во Албанија а од тамо во Нр Полска......( ова со цел дека мештанин ја пишува)
сега да се вратиме на она што е за темата
прва светска војна во м.преспа
``......Со доаѓањето на бугарската и германската војска, грчките пограничари се повлекоа од М.Преспа. со нив се повлекоа и учителите и целата грчка администрација. Во црквите пак се пееше славјански јазик. Бугарските војници, штом пристигнаа во Преспа, почнаа присилно да собираат овци, кози, како и голем дел од говедата. На манстирот ``Св.Јован Преспански`` на тумбата Горица до роби, на ѕидот на влезната врата, по кажување на постари селани од Роби, беше созидана надгробна плоча од царот Самоил. Оваа плоча со векови беше чувана во олтарот на црквата ``Пречиста`` во роби. Селаните од роби во 1870 година, со обнова на овој манастир, ја соѕидале плочата, која за преспанското население била вистинска легенда. Тамо на денот СВ.Јован, на панаѓурот, се собирал народ од селата, луќето имале можност да ја видат плочата. Бугарските војници, кои се задржаа на тумбата, ја видоа плочата, ја откорнаа од ѕидот, и заедно со другите надгробни споменици од времето на Самоил, кои се чувале во црквите ``Св,Герман`` во герман и ``Пречиста`` во Роби ги натоварија на кола и ги однесоа во Буагрија.....``
е сега уште еден занимлив податок
``.... во Преспа Самоил ја иградил и црквата Св. АИл, исто на островот. Оваа голема и ретко убава црква имала 12 олтари и во неа на обредите пееле 12 попови. Самоил црквата ја подигнал по големиот поход и победа над Византијците во близина на Лариса. Кога влегол во Лариса и тамо ја видел црквата св. Ахил посакал да игради иста таква во Преспа. Од Лариса Самоил ги донел коските на Патријархот Ахил, во чија чест била иградена оваа црква. неговите коски ги погребал во еден од олтарите на црквата....
...во 1 Светска војна во 1918 год. сојузничката војска во состав французи, срби игрци на тумбата Граишта на 5 км од островот имале поставено топовска батерија. Фронтот со Бугарите бил на ридот Св. Илија и Сливје над Роби и герман. на денот на Св.Аил на островот бил надојден многу народ и во моментот кога луѓето излегувале од црквата таа била бомбардирана. Половина час на црквата експлодирале гранати од тешката артилерија на Граишта и црквата била цела разурната. Од насобраното население имало мртви и ранети. Со оглед дека од набљудувачницата на Граишта до островот растојанието е премало сојузничкиот штаб можел убаво да разликува дали се работи за бугарска војска или население.``.........
и додаток уште еден
``...во летото 1937 година примамени од раскажувањата за богатство на Самоил на островот Св. Аил се отпочнало со копање и тагање. Копачите биле под строг надзор на државните органи на Грција. тие копале на одредени места, спрема искази на поединци-познавачи на историјата на островот. Копачите копале едно лето и за ова време успеале да откопаат голем број надгробни плочи испишани на славјанско писмо, како и многу други предмети од тоа време. Надгробните плочи и другите предмети што биле пронајдени за време на ископувањето, под строга контрола биле спакувани во сандаци и одведени во внатрешноста на Грција. Коппачите меѓудругото се надевале дека ќе ги најдат и коските на Патријархот Ахил за да ги вратат коските во Лариса.......``
п.с. препишував од книга не ме фаќајте за грешка ако иам утнато буква или слично.......