Една од досегашна работа на Власта 2017 - 2023 !
конкретно во 2019 година го исполни предизборното ветување за остранување на оградата околу Владата чии железните решетки кои биле платени 700 илјади евра како проект „Скопје 2014“ заедно со реконструкцијата на фасадата на владината зграда.
... со отстранувањето на железната ограда сегашнава Владата укажала на ослободување целосно на јавниот простор за да биде достапен за користење од страна на граѓаните кои би се движеле слободно и би биле „поблиски со своите барања до власта“,
додека бетонските столбови останале поради 1 метро вкопаност во земја што би било потешко да се остранаат, а владата тоа го направила по предлог на дел од граѓани со што се сложиле за такво остранување.
...е сега дали тоа се случи „блискоста на граѓаните со Владата“ со остранување на железната ограда не би рекла според протестот на вработените во Култура пред Влада, каде има поставено подвижна ограда како преграда, а меѓу столбовите каде ја нема остранетата железна оградата всушност стоеше по еден полицаец, не ми изгледа баш блискост, напротив уште повеќе одалечување на Владата и граница за граѓанинот до каде може да оди и до каде може да бара исполнување на желби за покачување на платите како што бараа и се одбиени 190 вработени во Култура.
... па сега изгледа железната ограда не си го оправда нејзиното остранување, но највероватно тие граѓани кои се сложиле и предложиле за нејзино остранување не се сега таму во тие протести пред дупла ограда една железна и една човечка ограда од полицајци.
граѓаните не можат да се доближат до тротоарот, а не дека ќе бидат слободни до владиниот дом, а најмалку ги ислушуваат нивните барања, па очигледно не им треба Култура, а со тоа не им се важни ниту вработените во неа, што се 190 души што протестираат како бројка?
- важно Владат го изработи ветеното ја тргна железната ограда!
