Еее, време да се потсетам на детството со вкусниот сомун или пешник, како сакате на баба ми
Ајде да пробам да ти помогнам друже од тоа што имам во сеќавање и од тоа што гледав додека бабичката моја месеше леб во фурна.
„Квасецов“ што го бараш, баба ми , а и мајка ми го викаат домашен квас, а квасец е тоа купениот. Квасот како и секоја домаќинка од моите мали години, го имаа покрај нив зошто не се купуваше леб, туку се месеше стално. Се чуваше во посебен сад и на ладно место, од време на време знае да направи кора на површината, па таа се отстранува и за одржување се додава по малку вода и брашно па се меша. Квасов с еставаше вешерта на потопло место за слабајлето да биде спремен за подготовка.
Баба ми месеше леб со т-500 брашно, ќе земеше брашно и го ставаше во „текне“ како што го викаше, а тоа е да ти доловам дрвено корито, така метро должина и 80-тина цм ширина со 50-тина цм висина и нормално поклопец. Е во тоа текне брашното на средина правеше место и добиваше сол и домашен квас, па следуваше малку размесење на смесата и потоа кинеше од таа смеса и оставаше за следното месење домашен квас, во меѓувреме купениот сув квасец нормално кога ќе стасаше го тураше во смесата и следуваше добро месење. Оставаше да скисне, покривајќи ја со „цедила“- бело платно(стар материјал од мајка на баба ми) и најгоре ќебенце, па го затвараше текнето.
Кога ќе нараснше тестото, кинеше поголеми парки(сега веќе сомуни) и паметам во малата соба ќе постелеше на подот ќебиња, над ќебето имаше „бљуд“ тоа е тркалезна штица и на неа, по по дваесетина пати го удираше силно сомунот, така од метро висина, затоа што како што ми кажуваше тоа е добро за да ги има тие дупчињата во внатрешноста.
Потоа земаше штица на која имаше послано од цедилата, па на нив доаѓаше сомунот, али изолирани еден се еден за да не се залепат со цедилата, па така со штицата на рамо до фурна. А таму мислам дека знаеш како се разгорува, мети и чисти фурната.
.....Најубавиот леб на светот го имав на трпеза
за жал сега баба ми е 85год. и не е во состојба да меси, али вечно благодарен. Мајка ми со работата не и дозволува да се нафати на ваков предизвик, па тераме на купен.
Имам рецепт, (МАЈА) леб тој сеуште мајка ми го практикува за Велигден, има тежок и чуден мирис
ЕДИТ годинава тоа задоволство ќе биде ускратено, сега ја прашав мајка ми, па ми кажа дека е во изумирање, тешко денешниве генерации домаќинки да го прават овај рецепт, жално
Друже не знам дали ти помогнав, битно ти доловив носталгија