Добри идеи за бесплатна WEB страна

G

guestMK

Гостин
Здраво,
Прв пат пишувам на форумов и сметам дека е место за прашања, одговори и дискусија на темава...
Поседувам повеќе домени (најмногу поради емаил адресите) ама ми се појави потреба за отворање на WEB страни, гледам дека цените за изработка на страните варираат во однос на перформансите и незнам што уште. Мене ми се потребни страни од наједноставна форма за кои сметам дека можам и самиот да ги уредам но незнам од каде да ги превземам (како шаблон) и да ги трансверирам на серверот каде ми е закупен доменот.

За секое мислење и совет однапред благодарам
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
9.683
Поени од реакции
9.670
Најди домеин ,хост и инсталирај вордпрес, таму имаш куп готови теми
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
9.683
Поени од реакции
9.670
Извини, ама ништо не те разбирам...
Па нели сакаш страна да направиш? Ете имаш домеин, поврзи го со хостинг и инстслирај вордпрес, таму имаш цпанел и може да ја скоцкаш страната како сакаш
 
G

guestMK

Гостин
Веќе имам домеин, а на сите страни што ги пребарав нудат опции за страна со нивен хостинг[DOUBLEPOST=1546049076][/DOUBLEPOST]АХА, сега те разбирам...
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
690
Поени од реакции
264
Изработка на веб страна и не е така едноставна работа, иако навидум така изгледа.

Ако тргнеш по тој пат, ќе ти требаат најмалку неколку месеци / години за да го совладаш занаетот.
Обиди се.
Најмногу што можеш да изгубиш е време и нерви, а прашање е и колку веб страните ќе ти бидат добро изработени (знаеш, не е важен само изгледот, моторот и битните работи се "под хаубата").

Ако ти е времето важно, ангажирај некој да ти ги изработи веб страните.
Контактирај ме во приватна порака ако тргнеш по овој пат.
Наведи буџет по страна, и кратко инфо што бараш, па, ќе продолжиме од таму.

Среќно, што и да одлучиш!
 
F

Flatter

Гостин
Ако си почетник и ако правеш блог пробај со блогспот и самиот рече имаш веќе домеин само го поврзеш на блогспот и бараш на гугл бесплатни темпејти и тераш натаму се усовршуваш.
 

Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
270
Поени од реакции
66
Многу е лесно. Јас на пример користам Firefox и ако сакам да го видам изворниот код на страната што сум ја посетил стискам Ctrl+U. Firefox има и други вградени алатки за веб девелопери.
 
Член од
21 јули 2017
Мислења
125
Поени од реакции
48
Направи си блог на Блогер или на Вордпрес како што ти препорачаа. Блог платформите се добри за споделување инфо, слика, видео.
Само погрижи се да ставаш значки(тагови) на секој напис(пост) за да можат пребарувачите како Гугл, Јаху да ги индексираат, а со тоа полесно ќе се наоѓа твојот блог/напис на Интернет.
За како да ги означуваш написите, побарај на Интернет за SEO(Search Engine Optimization)
https://en.wikipedia.org/wiki/Search_engine_optimization

https://wordpress.com/create-blog/
https://www.blogger.com

Ако пак сакаш да фрлиш некој денар, закупи си хостинг со Друпал или со Вордпрес. Овие ти се CMS(Content Management System) софтвери за споделување на содржини преку Интернет.

Кога ќе видиш можеш и Фејсбук страница да си направиш за беспари.
 
Последно уредено:
Член од
7 октомври 2018
Мислења
15
Поени од реакции
0
Zdravo na site,imam baranje-ponuda,mi treba dobar graficka dizajner sto znae da raboti so vektori,mi treba dizajn za nadvoresen izlog na apteka,koj e zainteresiran moze da komunicirame privatno..pozdrav
 
F

Flatter

Гостин
Многу е лесно. Јас на пример користам Firefox и ако сакам да го видам изворниот код на страната што сум ја посетил стискам Ctrl+U. Firefox има и други вградени алатки за веб девелопери.
Да гледаш изворен код од Chrome/Firefox и пишаниот код разликата ти е ден и ноќ... Во изворниот код го дава тоа што е пишано се во едно скоцкано и од авион се познава дека е плагијат. Има на интернет преку 1000 бесплатни теми за вордпрес/блогер на гугл нека бара може да бира колку сака.
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
690
Поени од реакции
264
Внимателно со бесплатните теми!
Многу од нив се со малициозен / злонамерен код.

Не ретко се случува цела веб страна / хостинг да буде наполнет со спам фајлови и постови, да има превземање на страната, итн...

За сериозни веб проекти користете проверени теми, теми кои имаат поддршка / на кои им се знае авторот.
 
F

Flatter

Гостин
Внимателно со бесплатните теми!
Многу од нив се со малициозен / злонамерен код.

Не ретко се случува цела веб страна / хостинг да буде наполнет со спам фајлови и постови, да има превземање на страната, итн...

За сериозни веб проекти користете проверени теми, теми кои имаат поддршка / на кои им се знае авторот.
Nemora da znaci osven ako ne bara nulled templejti. Ima dosta provereni solidni provajderi za besplatni templejti so vidliv avtor i se ostanato
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
9.683
Поени од реакции
9.670
нема да прави некој екомерц сајт или нешто друго со аутентификација па да се секира дека ќе му протечат информациите ако некој го хакне. Типчето бара статичен сајт што и сам може да го скоцка ако знае малце хтмл и цсс.
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
690
Поени од реакции
264
Nemora da znaci osven ako ne bara nulled templejti. Ima dosta provereni solidni provajderi za besplatni templejti so vidliv avtor i se ostanato
Баш на nulled теми и темплејти мислев.
Верувај, баш на тие се залетуваат.

Знаеш, "обработени" се баш најбараните, нај-визуелно допадливите теми.
И, оп - луѓево се фаќаат ко пијан за плот.
 
На врв Bottom