bucio
Урбан индијанец.
- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 16.330
- Поени од реакции
- 7.799
Го најдов на фејсбук на џидо од пријател :
.
.Ја користам оваа прилика озвозможена од владата на Р.М да јавно му се извинам на господинот Груевски за сите навреди кои ги имам упатено кон него и неговата дружина, да му се извинам за тоа што во годинава која изминува не бев добро и васпитано дете, пијав многу цигари и вино и лежев по паркој некош ко че не можев да стом на нозе.
http://okno.mk/node/15822Нова мода - граѓаните на Македонија масовно му се извинуваат на премиерот Груевски
22.12.2011 11:32
Пара вести
Стручњаците, аналитичарите, политичките коментатори, новинарите, но и обичните граѓани, деновиве забележаа една нова и популарна појава во македонското општество – објавување јавни писма со извинување до премиерот Груевски, но и до другите членови на владата.
„Јавно му се извинувам на Никола Груевски за изречените пцовки од моја страна, а кои се предмет на општо одобрување низ цела Македонија, како и за сите останати иронични коментари и забелешки кои во изминатиот период ги изреков за неговото водење на државата, неговата политика и неговата партија, без оглед дали за тоа ќе бидам тужен или не", стои во писменото јавно извинување на Ј. П., кој во налет на бес и нервоза пред неколку дена, пред пријателите и другите гости во една скопска кафеана, сочно го испцул премиерот на Република Македонија.
Ј. П. е само еден од неколкуте стотици граѓани на Македонија кои јавно му се извинуваат на премиерот, но и другите членови на владејачката партија. Меѓу граѓаните кои се извинуваат има и многу припадници на опозициските партии, но и обични граѓани, студенти, стечајци, средношколци, отпуштени работници, затворени престапници.
„Јавно му се извинувам на премиерот Никола Груевски за стореното кривично дело – кражба на автомобил марка ’фолксваген’ – сторено на 10.12.2011 година, во општина Центар“, се вели во едно од писмата, напишано од притворениот К. Ѓ.
Иван Ш., пак, кој е ученик во средното училиште „Јанко Јадибурек“, вели дека на часовите по македонски јазик и книжевност професорката на сите ученици им наредила да вежбаат пишување писмо со извинување до премиерот.
„На вежбата му се извинувавме за најразлични работи: од слабите оценки и недоволно постигнатиот успех на училиште до проблемите во меѓусебната комуникација и слабите резултати кај припадниците на спротивниот пол“, вели Иван.
Освен обичните граѓани, последниве денови сме сведоци на извинувања до премиерот и од страна на неговите политички противници. Најнов случај е писмото на Љубе Бошковски, кое деновиве беше објавено во сите македонски медиуми.
Од извори блиски до владата, Пара вести дознаваат дека Службата за комуникација со јавноста, која работи при Канцеларијата на претседателот на владата, досега е затрупана со стотици и стотици писма во кои граѓаните го искажуваат своето извинување до премиерот.
Но оваа нова појава не запира тука – илјадници Македонци на своите Фејсбук страници поставуваат статуси во кои јавно му се извинуваат на Груевски, на министрите, но и на некои од службениците во државната администрација, кои биле предмет на нивно негодување, пцовки, иронизирање и слично.
Пара вести и Окно продолжуваат да го следат развојот на настаните. Со нови информации за оваа масовна појава ќе се јавиме во текот на утрешниот или другите денови.
.