Си биле еден штурец и една мравка. Тие биле добри пријатели. Цела есен мравката вредно работела и собирала храна за зимата. Не се сончала, не уживала во вечерното зајдисонце...
...ниту пак трошела време на седенки со пријателите пиејќи пиво после работниот ден. За тоа време штурецот само пеел по градските барови со пријателите , не се изморил ни минутка, пеел и преку целата есен, играл, се сончал,... уживал бескрајно негрижејќи се за ладното време кое допрва доаѓало.
Дошла зимата и малата мравка изморена од напорната работа се повлекла во својата куќичка преполна со храна, Касно вечерта некој тропнал на вратата и кога мравката отворила, за изненадување, го видела својот пријател штурец, во ферари и скапоцена крзнена бунда.
Штурецот рекол: -Замисли, минатата недела пеев во еден бар и еден продуцент ме слушна и му се допадна мојот глас... Потпишав договор за шоу во Париз. А, ти сакаш ли нешто од Париз?
Да, - рече мравката. Ако го сретнеш Ла Фонтејн (авторот на басната), речи му да оде у п.м...од мене....
Наравоучение: Искористи го животот, работиумерено и забавувај се, затоа што претераната работа носи корист само во басните на Ла Фонтејн. Работи, но уживај во животот, затоа што е само еден. Ако не си го пронашол своето парче портокал, не барај го, земи лимон, стави шеќер, додај лед и коњак и биди срекен. И сети се: Ако живееш само зада работиш од тоа ќе има корист само.........твојот газда!