Дијанетика и Скиентологија

Член од
25 август 2006
Мислења
336
Поени од реакции
6
Некој спомена некоја позната личност во првите страници од темава која се излечила од...нема повторно да ја споменувам затоа што име не е тоа важно,важно е тоа што само доколку тој што го кажа тоа ја знаеше личноста од поблиску ќе знаеше дека денес стравува утре (буквално утре) да не остане на улица затоа што прави проблеми и таму каде што сега седи пошто е многу "здрава" персона.Порано имаше мнооогу (материјално),ама се поради вербата во горенаведенава "организација" дека ќе му го просветли животот и ќе го извади од кризата, остана со прстот во уста т.е. и без мозок и без пари+без покрив на глава!
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
[Marko];1111369 напиша:
Болен, како тебе.
Прво прочитај некоја книга, па потоа збори, не давај празни коментари.
Ако не бил болен тогаш зошто твојот Хабард бил едноставно откачен да не речам набркан од друштвото на псиијатри...... како ќе објасниш тоа дека вашето верување се базира на тоа дека Ксену - вселенскиот генерал оставил луѓе на оваа планета и ги убивал со хидрогенски бомби ??
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
395
Поени од реакции
6
[Marko];1111449 напиша:
Извини бате, ама јас имам прочитано доста книги околу Скиентологијата и Дијанетиката, имам завршено повеќе од нивните курсеви, и не, не ширам погрешни дискусии на форуми, полни со глупавост, дебилност, а немање докази за тоа. Имам повеќе пријатели на кои им препорачав да одат во Нарконон да се излечат, и до ден денес ми се благодарни.
А вие ширете си празни и погрешни дискусии.
xixixixixixixixixixi

Znam kolku se blagodarni.Od narkomani stanuvaat uste POGOLEMI narkomani.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
.... том круз со своите посебни скиентолошки моќи го исчистил воздухот на Њу јорк после нападите на 11.09.2001.....

[media]http://youtube.com/watch?v=A9jqD_8IQpM[/media]ви изгледа ова на нормално ???

и бонус

[MEDIA]http://youtube.com/watch?v=H-C-wupe76E&feature=related[/MEDIA]

???????? нов хитлер ????
 

iis

Mraf4i
Член од
12 септември 2007
Мислења
432
Поени од реакции
16
Што е тоа Скиентологија?
„Целите на Скиентологијата се цивилизација без лудило, без криминалци и без војна, каде што способните луѓе можат да просперираат, а чесните можат да имаат права и каде што човекот слободно може да се издигне до поголеми височини.
Неполитична во својата природа, Скиентологијата срдечно го прима секој човек, од секоја вера, раса или нација.“
Скиентолошката религија смета дека човекот во основа е добар и ги нуди алатките кои секој може да ги користи за да стане посреќна и поспособна личност, која може да ги подобри состојбите во животот и во животите на другите.Скиентологијата е учење за духот и за неговиот однос кон себеси, универзумите и другите живи форми. Земено од латинскиот збор scio- знаење во потполна смисла на зборот и грчкиот збор logos- учење за. Сам по себе, зборот значи да знаеш како да знаеш. Скиентологијата е „рута“, пат, а не дисертација или наметливо самоуверено знаење. Низ нејзините вежби и изучување, човек сам може да ја открие вистината. Затоа, технологијата не е образложена како нешто во кое треба да се верува, туку како нешто кое треба да се прави.
Скиентологијата е едно тело на знаење кое се протега од одредени фундаментални вистини. Оние што го заземаат примарното место меѓу овие вистини се:
Човекот е бесмртно духовно битие.
Неговото искуство се протега многу подолго од само еден животен век.
Неговите способности се неограничени, дури и кога во моментот не се реализирани.
Исто така, Скиентологијата смета дека човекот е во основа добар и дека неговиот духовен спас зависи од него самиот, од неговите пријатели и од неговото постигнување на братство со универзумот.
Скиентологијата не е догматска религија која од човекот бара тој слепо да верува во сё. Единката сама открива дека Скиентологијата функционира, на тој начин што ќе ги применува нејзините принципи и ќе ги види или искуси резултатите од таа примена.
Крајната цел на Скиентологијата е вистинско духовно просветлување и слобода за единката.
Луѓе истово го има и кај сектите и е преземно од сајтот за скиентологија у МК
 

iis

Mraf4i
Член од
12 септември 2007
Мислења
432
Поени од реакции
16
Што е тоа Дијанетика?
Дали некогаш сте имале проблем со несаканите чувства и емоции, несреќни случки, повреди, заболувања итн.?
Дијанетиката го разоткрива изворот и нуди делотворни справувања со овие состојби.
Дијанетиката ја истражуваше и разви Л. Рон Хабард.
Па, што е тоа Дијанетика?
Зборот Дијанетика значи „низ душата“ (од грчкиот збор dia- низ и nous- душа). Уште се дефинира и како „она што душата му го прави на телото“.
Пред Л. Рон Хабард да ги објави основите на Дијанетиката во 1950 г., научната мисла тврдела дека човековиот ум е неговиот мозок, ништо повеќе од збир на клетки и неврони. Се сметало дека коефициентот на интелигенција не може да се подобри, карактерот не може да се промени.
Дијанетиката го промени сето тоа. Во текот на половина век на применување, може да се забележи нејзината ефективност, зачудувачка во многу случаи.
Дијанетиката го открива изворот несаканите чувства и емоции, несреќни случки, повреди, заболувања, и нуди ефективно справување со овие состојби. Понатамошните истражувања во духовните аспекти на Дијанетиката, доведоа до откритието на Скиентологијата.
Скиентологијата, пак, е учење за духот и за неговиот однос кон себеси, универзумите и другите живи форми. Земено од латинскиот збор scio- знаење во потполна смисла на зборот и грчкиот збор logos- учење за. Сам по себе, зборот значи да знаеш како да знаеш. Скиентологијата е „рута“, пат, а не дисертација или наметливо самоуверено знаење. Низ нејзините вежби и изучување, човек сам може да ја открие вистината. Затоа, технологијата не е образложена како нешто во кое треба да се верува, туку како нешто кое треба да се прави.
Доколку сте заинтересирани да го подобрите својот живот со помош на Дијанетиката, можете да ја искусите функционалноста на Дијанетиката со тоа што ќе го посетите Дијанетичкиот семинар и ќе учествувате во дијанетички аудитинг. За да започнете, кликнете на иконата Хабардов Дијанетичкиот семинар десно.
Исто и ова!!!!!!!
 

iis

Mraf4i
Член од
12 септември 2007
Мислења
432
Поени од реакции
16
Л. Рон Хабард е еден од најчитаните автори на сите времиња. Преку 120 милиони примероци на неговите дела се продадени на повеќе од педесет јазици ширум светот.
„За да го познаваш животот мора да бидеш дел од него“, напиша тој, „Мораш да слезеш таму долу и да погледнеш, мораш да влезеш 'под дрво и под камен' на постоењето и мораш да ги истриеш лактите и колената со сите видови и типови луѓе, пред да можеш конечно да востановиш што е човекот“.
Тој го стори токму тоа. Од отворените планински венци во неговиот дом, државата Монтана, до ридовите на Кина, од студениот брег на Аљаска до џунглите на островите на Јужниот Пацифик, работејќи со луѓето во истражувањата или подучувајќи ги неискусните поморски екипажи како да ги преживеат разорувањата од Првата светска војна, Л. Рон Хабард навистина разбра што се тоа човекот и животот.​
Патувајќи далекусежно низ Азија и Пацификот, тој ја проучи мудроста на философиите од Далечниот Исток и покрај набљудувањето на широко распространетото страдање и сиромаштија. Ако таму на Исток имаше толку совршена мудрост, тогаш зошто е сето ова вака, праша тој.
Рон почна со студии по математика и инженерство, запишувајќи се на универзитетот Џорџ Вашингтон. Тој беше член на една од првите американски класи по нуклеарна физика и додека беше на универзитетот тој ги спроведуваше своите први експерименти што се занимаваа со умот. Тој откри дека и покрај напредокот на човештвото во физичките науки, една функционална технологија за умот и животот никогаш не била развиена. Тој спроведуваше серија експерименти што водеа до успешно откритие што го изолираше начелото на постоењето - заедничкиот именител на сё живо - ОПСТАНИ!Како што се распространуваше зборот на истражувањето на Рон, постојано се зголемуваше протокот на писма со барање за натамошни информации и потраги тој да детализира повеќе примени на неговите откритија. За да одговори на сите овие распрашувања тој одлучи да напише и отпечати севкупен текст на темата - Дијанетика: Модерна наука за ментално здравје. Со објавувањето на Дијанетиката на 9-ти мај 1950 година, еден комплетен прирачник за применување на неговата нова технологија првпат беше нашироко достапен. Јавниот интерес се рашири како молња, а книгата се искачи на врвот на Њујорк Тајмс (New York Times), на листата на бестселери (најдобро продавана книга) и остана на тоа место со недели.
„Основното откритие во Дијанетиката беше точната анатомија на човечкиот ум“, напиша тој.
„Откритието за тоа што беше тоа што умот го обвиваше беше откритие на Скиентологијата.“
Предметот философија е многу стар. Зборот философија значи: „љубов, изучување или стремеж кон мудроста или кон познавањето на нештата и нивните причини, теоретски и практично“.
Сё што знаеме за науката или религијата, потекнува од философијата. Таа лежи зад и над целото останато знаење, што го имаме или користиме.
„Првиот принцип на мојата сопствена философија“ напиша Хабард, „е дека, мудроста е наменета за секој кој сака да посегне по неа. Таа е слуга, како на обичниот човек, така и на кралот и на неа не треба да се гледа со стравопочит.
Вториот принцип на мојата сопствена философија е дека таа мора да биде применлива.
Учењето заробено во мувлосани книги, не му користи никому и затоа, нема никаква вредност ако не може да се употреби.
Третиот принцип е дека секое философско знаење е корисно, само ако е вистинито или ако функционира.
Овие три принципи му се толку туѓи на полето на философијата, што јас на мојата философија ў дадов име: СКИЕНТОЛОГИЈА. Ова едноставно значи ’да знаеш како да знаеш‘.“Намерата на Рон во текот на целиот негов живот, беше да го заврши своето истражување на загатката - човек, и да развие технологија што би го подигнала до повисоки нивоа на разбирање, способност и слобода - цел што тој целосно ја постигна со развојот на Дијанетиката и Скиентологијата. Рон секогаш сметаше дека не е доволно што тој самиот имал корист од резултатите на неговото истражување. Тој многу се грижеше да го забележи секој детал од неговите откритија така што другите ќе можат да го споделат богатството на знаењето и мудроста за да си ги подобрат нивните животи.
„Сакам да им помагам на другите и најголемо задоволство во животот ми причинува кога ќе видам како некој се ослободува од сенките што му ги помрачуваат деновите.
Не живеев манастирски живот и го презирам мудриот човек кој не живеел и учениот човек кој не сакал ништо да сподели.
Сум го видел животот од врвот надолу и од дното нагоре. Знам како изгледа во двата правци. И знам дека има мудрост и дека има надеж.
Зашто јас не познавам човек кој има право на монопол врз мудроста на овој универзум. Таа им припаѓа на оние кои умеат да ја применат за да си помогнат себеси и на другите.“
Неговите дела на темата човекот, умот и самиот дух, содржат десетици милиони публикувани зборови забележани во томови книги, ракописи и преку 3.000 снимени предавања и куси извештаи.
Денес, неговите дела секојдневно се проучуваат и применуваат во преку илјада дијанетички центри, скиентолошки цркви, мисии и организации ширум целиот свет.
манастирски: повлечен на некое тивко место; изолиран.монопол: единечно поседување или контрола на нешто.
Исто и ова!!!!!!!!
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Рон никогаш не ги завршил студиите, иако сегде лажел дека имал диплома.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Мрафка, незнам од кај ти е тој текст, најверојатно од некое скиентолошко пафмлетче во кое мора да му напраат хваљоспев и маркетинг. Еве ја реалноста за Хабард:

Завршил средно ушилиште во машки колеџ во 1930 година, а потоа запишал цивилен инжинеринг на Џорџ Вашингтон Универзитетот. Неговите оценки биле константно лоши и според универзитетските извештаи, тој посетувал настава само 2 години, паднал по физика и конечно се откажал во 1931 година, т.е. останал без диплома. Подоцна во својата кариера Хабард тврди дека е „нуклеарен физичар“, иако неговото досие покажува дека имал најниска оцена по овој предмет.

Хабард тврдел и дека има докторат од Sequoia University во Калифорнија, но кога калифорниските власти извршиле истрага во оваа научна установа, се утврдило дека дипломите биле праќани по пошта и Хабард го „повлекол“ својот докторат поради коментарите во печатот.

Како писател на ефтина фикција

Хабард напишал многу ефтини фантастични приказни во т.н. Палп списанија. Критичарите често ги цитираат „Final Blackout“ и „Fear“ како негови најдобри примери на ефтина фикција. Меѓу останатите негови публикувани приказни се вбројуваат Sea Fangs, The Carnival of Death, Man-Killers of the Air и The Squad that Never Came Back пишувани под различни псевдоними.

Статусот на Скиентологијата во другите земји

Германската влада извесно време тврди дека главната намера на Скиентологијата не е религиозна, туку дека таа е од економска природа. Во Југославија Скиентологијата тврдеше дека не е религиозна организација, во Грција дека е филозофска, а кога во 1955 година беше основана во Јужна Америка, една од нејзините цели беше „...да позајмува пари“.

Германската влада тврди дека Скиентологијата е опасна за своите членови и потенцијална опасност за општеството. Таа во една збирка посветена на заканите на демократијата, ја сврстува рака под рака со екстремниот исламизам и организираниот криминал.

На судењето кое на 10 и 11 Мај 1999 се одржа во Атина, 15 водечки лица на Скиентолошката мисија во Грција беа обвинети за систематско следење и водење досиеа за еминентни луѓе во државата. Имено, нивната операција на пратење била насочена кон собирање доверливи информации за политичари, свештеници, судии, јавни обвинители и новинари, односно за сите оние кои порано или подоцна би застанале на „патот на алчноста“.

По оваа пресуда, Скиентологијата како организација од било каков вид, престанува да постои во Грција.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
... и потоа му светна идејата за Ксену, па му преостана да собере доволно богати будали околу него за сега да биде тоа што е.

п.с мрафка пак не си го ставила изворот на информации, вака доаѓа како да ги рекламираш.... Свет без лудило хаха види го Том Круз во видеото погоре и кажи дали тоа личи на евентуален свет без лудило, види во што веруваат....
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Personality Test

Висококритикуваниот карактерен или психолошки тест, оригинално наречен „American Personality Analysis“, подоцна преименуван во „Oxford Capacity Analysis“ е првото практично претставување на Скиентолошката Црква. Оригиналниот тест е креиран од психологот Џулија Луис, а подоцна е усвоен и уреден од Црквата на Скиентологијата.

Тестот е измама, а оние кои го оценуваат најчесто немаат доволно квалификации.

Скиентолозите обично одбираат луѓе на улица, не кажувајќи за себе кого или што навистина претставуваат. Ако ги прашате кого застапуваат, тие најверојатно ќе се дефинираат како филозофија или ќе се претстават како хуманитарна организација. Ако на пример им кажете дека веќе припаѓате на некоја религија, ќе ви кажат дека е возможно да бидете и скиентолог истовремено. Но, сето тоа е лага бидејќи се нестрпливи да земат дел од колачот. Во случајов тоа сте вие и пред се вашето материјално, а што е најстрашно попатно и вашето духовно богатство и приватност. Сето тоа со максимална упорност за да ве убедат да дадете се што сте стекнале. Анкетарите земаат 5-15% за секој што ќе се зачлени.

Не ги потценувајте, бидејќи некои од нив се екстремно добри во својата работа која ја усовршуваат од раните педесетти. По поминатиот OCA тест(без разлика на резултатот), Скиентолозите советуваат дека е паметно да земете дополнителни курсеви кои ќе ви помогнат да ја подобрите комуникацијата или слично.

Првите курсеви се ефтини, но кога ќе се уверат дека сте заведени, цената веќе нема разумни граници!

Луѓето во голем дел од случаите ги продаваат своите имоти, се задолжуваат, дури и крадат, се со цел да продолжат со курсевите.

По потрошеното богатство, тие дознаваат за Ксену, вселенската опера и сите останати научно-фантастични глупости...но тогаш е веќе доцна.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Ne0

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Абе Топ Шоп пропаганда, купи со попуст, купи на рати е, земи ја книгава (дијанетика) ќе те упати - ќе ти ја покаже вистината и тоа за САМО 900 денари..... а и на курс за самоконтрола можеш да се запишеш за САМО 1200 ден од сесија...... ааа и брошурките се евтини......

"Наједноставен начин човек да се збогати е сам да си основа религија" Погодете кој ???
 

iis

Mraf4i
Член од
12 септември 2007
Мислења
432
Поени од реакции
16
Мрафка, незнам од кај ти е тој текст, најверојатно од некое скиентолошко пафмлетче во кое мора да му напраат хваљоспев и маркетинг. Еве ја реалноста за Хабард:

Завршил средно ушилиште во машки колеџ во 1930 година, а потоа запишал цивилен инжинеринг на Џорџ Вашингтон Универзитетот. Неговите оценки биле константно лоши и според универзитетските извештаи, тој посетувал настава само 2 години, паднал по физика и конечно се откажал во 1931 година, т.е. останал без диплома. Подоцна во својата кариера Хабард тврди дека е „нуклеарен физичар“, иако неговото досие покажува дека имал најниска оцена по овој предмет.

Хабард тврдел и дека има докторат од Sequoia University во Калифорнија, но кога калифорниските власти извршиле истрага во оваа научна установа, се утврдило дека дипломите биле праќани по пошта и Хабард го „повлекол“ својот докторат поради коментарите во печатот.

Како писател на ефтина фикција

Хабард напишал многу ефтини фантастични приказни во т.н. Палп списанија. Критичарите често ги цитираат „Final Blackout“ и „Fear“ како негови најдобри примери на ефтина фикција. Меѓу останатите негови публикувани приказни се вбројуваат Sea Fangs, The Carnival of Death, Man-Killers of the Air и The Squad that Never Came Back пишувани под различни псевдоними.

Статусот на Скиентологијата во другите земји

Германската влада извесно време тврди дека главната намера на Скиентологијата не е религиозна, туку дека таа е од економска природа. Во Југославија Скиентологијата тврдеше дека не е религиозна организација, во Грција дека е филозофска, а кога во 1955 година беше основана во Јужна Америка, една од нејзините цели беше „...да позајмува пари“.

Германската влада тврди дека Скиентологијата е опасна за своите членови и потенцијална опасност за општеството. Таа во една збирка посветена на заканите на демократијата, ја сврстува рака под рака со екстремниот исламизам и организираниот криминал.

На судењето кое на 10 и 11 Мај 1999 се одржа во Атина, 15 водечки лица на Скиентолошката мисија во Грција беа обвинети за систематско следење и водење досиеа за еминентни луѓе во државата. Имено, нивната операција на пратење била насочена кон собирање доверливи информации за политичари, свештеници, судии, јавни обвинители и новинари, односно за сите оние кои порано или подоцна би застанале на „патот на алчноста“.

По оваа пресуда, Скиентологијата како организација од било каков вид, престанува да постои во Грција.
Да де потенцирав ја у трите од сајтот на скиентолозивее, знам дека е реклама али мора да знаемее како иде тоа за да не се убациме у некое такво среање.
 

iis

Mraf4i
Член од
12 септември 2007
Мислења
432
Поени од реакции
16
... и потоа му светна идејата за Ксену, па му преостана да собере доволно богати будали околу него за сега да биде тоа што е.

п.с мрафка пак не си го ставила изворот на информации, вака доаѓа како да ги рекламираш.... Свет без лудило хаха види го Том Круз во видеото погоре и кажи дали тоа личи на евентуален свет без лудило, види во што веруваат....[/quote
Абе пишав најдоле бе луѓеее
 

Kajgana Shop

На врв Bottom