uste toa ne, imali nekoj koj ima takvo iskustvio?
Да, ја знам за такви.
Прво да кажам дека ја не знам дали терминиве што ќе ги употребувам се егзактни, али ќе покушам да објаснам, тоа што го знам.
Они (квантна медицина) што се тука у Скопје, се фалат дека имаат успешност од 80-90%.
Тоа, нормално, не можам да знам дали е точно, ама знам од прва рака за три случаи:
- Еден, раката лева не можеше да ја дигне подолго време, болка и му беше укочена нешто.
Отиде таму, и му кажаа после преглед, дека има превртен пршлен, горе испод врат негде.
Идеше на десет сеанси, па после уште десет. Му го оправија скроз. Помина од тогаш една година отприлика и сега за сега, нема никакво враќање на болка и симптоми.
- Друг што имаше проблеми тешки со синуси, многу долго време и никакви терапии подолго време не му помагаа да не му се појавуваат болки, отиде и после третманите, едно година-две ама баш ништо немаше, што многу го зачуди. Сеа после тие две години као пак да му се појавија болки малку, па пак отиде.
- Трет имаше некој превртен пршлен ваљда доле таму (L5 ли како и да се вика тоа), со разни симптоми, ама без некоја посебно јака болка, само нелагодност некаква, али со трнење по цело тело и други ефекти. После десет терапии некои 80-90% од симптомите ги снема. Сеа може ќе иде на уште неколку.
- Исто знам доста спортисти што идат таму.
Поима немам дали некои од овие случаи се дискус хернија или не.
Сега, ова се случаи кои ја ги знам, а кои биле таму. Ја не викам да идете таму, само ви пренесувам информација. Тие таму викаат дека не им требаат реклами, пошто луѓето кои идат таму на терапии сами пренесуваат/прават реклама.
Што е тоа, најлесно ваљда ќе видите од гостувањето на тој докторот во Јади Бурек:
(одма да кажам ја не сум изгледал ова)
Има преглед, па десет третмани, па пауза, од некои месец и пол, да речеме, па пак преглед. Ништо не боли, само дур траат третманите и паузата не смее ништо тешко да се работи.
Нова работа е ова, руска. Нема нешто на интернет многу, многу за тоа кои се лоши последици (ако воопшто ги има), али човек денес секогаш ќе побара, секогаш треба да се информира.
У принцип имаат холистички пристап (да не објаснувам, видете на интернет што значи тоа).
Нешто со некои ласери со минимална јачина олабавуваат некои ткива и работите сами си доаѓаат на место. - ова како да не сум го кажал, пошто гарант лупам, ама од прилика тоа е. И со други работи комбинираат (масажи, аромо-терапија и сл.).
Третман трае некои пола саат максимум, али и тоа ваљда зависи за што идеш.
Скупо е (или не е, ја не знам другиве иљачи колку коштаат). 1500 е преглед првиот, а третманите зависи, од 600 до 1000 (ваљда толку негде). Едниов од овие што ги знам плаќаше 600 по третман, другиов 700.
Ова е оригиналниот сајт на тој институт од Москва:
http://eng.kvantmed.ru/
и нашиве се под тој институт.
Нашиве имаат фејсбук страна колку што знам (пишете квантна медицина). А местово е у близина на грчка амбасада, кај драгстор Бети.
Искрено, мене малку ми е чудно како ова функционира за разни работи толку успешно. Идат таму и за алергии, бубрези и слично, али за кичми идат највише, мислам.
Ја не викам дека ова што го пишувам е изрежано у камен, вие сами проверете, информирајте се, али сведочам со рака у оган за ефектите на овие три погоре случаи.
Ја само сакам ако може некому да помогнам со информација или било како, затоа што, можда патетично звучи више, али е за мене ултимативна вистина - Здравјето пред се.
Ако не сум здрав (не дај боже), ни лошо не можам некому да направам, а камоли добро.
Ви посакувам таму или било каде да се куртулите од вашите здравствени проблеми. Господ здравје да ви даде.