Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
3 јуни 2018
Мислења
308
Поени од реакции
134
Hmm ова значи дека и овие се исправни религии
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Убеден сум дека и ти не ги знаеш другите учења, уште помалку ги знаеш сите учења по Земјава, па и покрај тоа си се определил за едно од нив, не за сите одеднаш...
Не ги знам нормално сите учења и тајни пракси и ритуали, симболи на Земјата... но јас за разлика од тебе, немам проблем да проучувам и истражувам, да дознавам нешта дури и ако тоа може да ги разниша моите моментални ставови за она што сметам дека е апсолутната вистина за мене, тука....

И од секој систем наоѓам „златна тајна нишка“ која ја претворам во камен кој го вметнувам во патеката која ја одам... се разбираме?

Исто така знам дека религиите кои содржат егзотерично обожување на божественото како нешто надворешно и само преку „поуки“ укажуваат на внатрешниот пат се оние кои себе си се ставаат над другите во однос на божественото и патот кој треба да го оди секој поединец, и нормално, прикажуваат суптилно како сето друго (освен нивното) е погрешно, зло, корен на зло и поттикнато од самото зло...

А злото е во човекот или надвор од него? Бидејќи нели таму некаде се велеше „царството е во вас“... не вели ќе биде во вас, туку „е во вас“... без труд, без ништо (можеби кармата си завршила работа) :)

И овие изјави не се христијански и измислени од христијанските секти... тоа се стари учења (дека божествената искра Е во човекот), кои христијанството подло и долготрајно ги сатанизираше за да по некоја нивна математика и шаховска игра, испадне дека христијанството и ништо друго на светот е совршеното нешто на Земјата.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.653
Поени од реакции
3.767

Чепкањето по иноверните религии се чини забавна работа, особено ако се работи за лик кој штотуку се заинтересирал за духновноста па почнува да трага по „онаа вистинската„.

А кое е мерилото според кое се одредува „вистинската„..не знаеме.

Во Црквата постојат поединци кои, трагајќи по вистината и по духовноста, имаа бааги „забраздено„ во тешка прелест низ азијатските учења, за да отпосле, увидувајќи го „ништото„ кое го нашле. се враќаат на она верско учење кое (можеби) им било блиско, „под носот„.

Не гледам потреба за „акање„ по религии и по вистини кои ми се далечни по секој можен основ: георгафски, историски, по ментален склоп, по традиции...
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
лик кој штотуку се заинтересирал за духновноста па почнува да трага по „онаа вистинската„.
А кое е мерилото според кое се одредува „вистинската„..не знаеме.
Ми се допаѓа ова што го пишуваш во наводници.

Бидејќи не знаете, не може да велите дека само преку ова и ова или само преку нас (кои и да сте вие верниците) човекот може ова и ова...

Заради таа потреба од незнаење туку постојано убедување дека доволно е верување, не може да ги ставате во еден кош сите други и нормално, да се дрзнувате да ги осудувате и окарактеризирате како зло или погрешни. И да, тоа не го правите директно, онака суптилно, оддалеку, за да обичниот човек не ја разбере смислата на вашето ограничување и постојано сатанизирање на другоста.

За тоа зборувам јас постојано...
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.653
Поени од реакции
3.767
Ми се допаѓа ова што го пишуваш во наводници.

Бидејќи не знаете, не може да велите дека само преку ова и ова или само преку нас (кои и да сте вие верниците) човекот може ова и ова...

Заради таа потреба од незнаење туку постојано убедување дека доволно е верување, не може да ги ставате во еден кош сите други и нормално, да се дрзнувате да ги осудувате и окарактеризирате како зло или погрешни. И да, тоа не го правите директно, онака суптилно, оддалеку, за да обичниот човек не ја разбере смислата на вашето ограничување и постојано сатанизирање на другоста.

За тоа зборувам јас постојано...
Не ми вади зборој од контекст.

Тоа што го напишав (дека не знаеме кое е мерилото за вистинската религија...) го напишав во контекст од трагањето низ разни религии, без однапред поставено мерило за нивната вистинитост.

Мојата вероисповест го нема тој проблем, затоа што истата е сеопфатна, го опфаќа постоењето на Светов од неговиот почеток, во неговиот тек па се‘ до неговиот крај (дури и после крајот...), односно вера која дава најточен опис за Бог, за Светов, за човекот, за животот, за смислата и целта од нивното постоење. Значи, имаме октроирана религиозна вистина, дадена од Бога, за џабе, без наша заслуга, а по милоста Божја.

Простата споредба меѓу Христовата вистина и другите религиозни вистини, дава доволни причини за приклонување кон истата. Верата Христова не трпи дополнувања и промени, како што е случајот со другите вероисповести, за кои веќе е познати дека повремено се „самопоправаат„.

А сам Бог допушта постоење на вистини поинакви од Неговите, така да кој сака, нека си одбере, соглсно слободната волја, од Бога ни дадена...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Простата споредба меѓу Христовата вистина и другите религиозни вистини, дава доволни причини за приклонување кон истата. Верата Христова не трпи дополнувања и промени, како што е случајот со другите вероисповести, за кои веќе е познати дека повремено се „самопоправаат„.

А сам Бог допушта постоење на вистини поинакви од Неговите, така да кој сака, нека си одбере, соглсно слободната волја, од Бога ни дадена...
Како пишуваш така те читам.

Христијанството никој не сака да го промени од надвор, тоа се случува од внатре...
Само намалете со "вистината" и како христијанството ја има сета апсолутна моќ над индивидуалното внатрешно искуство кај човекот, со лажно зборување злобно за другите.

Ти не знаеш за боговите ништо, не може да зборуваш што допушта било кој... религијата не ти дозволува да имаш искуство и знаење, верувањето е врвот.

Зборуваш како постоењето на богови е реалност, сакаш да го скокнеш или прикриен делот дека зборуваме за религии, верници и верување...сето тоа е верување дека постојат еден, два, три... На n-та богови ако гледаме кон истокот. :coffee:
 
Член од
3 јуни 2018
Мислења
308
Поени од реакции
134
Според библијата нема богови тоа се демони...само еден е бог
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625

Морам да ти признаам дека малку ме загрижува тоа шо сакаш да го преинсталираш пророкот без да си му ја видел фацата дали е сумљива.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.653
Поени од реакции
3.767
Според библијата нема богови тоа се демони...само еден е бог
Овој став нека ти биде доволен за почеток...

Нелогично е постоење на мноштва од богови, пооделни во и за секоја религија, богови за „оваа„ или „онаа„ намена и потреба, притоа истите да се толку силно противречни и нетрпеливи едни кон други, а згора на сФе, пак ја слушаме фразата дека „...сите религии водат кон ист бог...„.

Таман работа...
Автоматски споено мислење:

Како пишуваш така те читам.

Христијанството никој не сака да го промени од надвор, тоа се случува од внатре...
Само намалете со "вистината" и како христијанството ја има сета апсолутна моќ над индивидуалното внатрешно искуство кај човекот, со лажно зборување злобно за другите.

Ти не знаеш за боговите ништо, не може да зборуваш што допушта било кој... религијата не ти дозволува да имаш искуство и знаење, верувањето е врвот.

Зборуваш како постоењето на богови е реалност, сакаш да го скокнеш или прикриен делот дека зборуваме за религии, верници и верување...сето тоа е верување дека постојат еден, два, три... На n-та богови ако гледаме кон истокот. :coffee:
Читај ме, ама не погрешно...

Христијанстово е неменливо во формата која ја држи Источната православна Црква, а што се случува надвор од Црквата-тоа е историја, лесно достапна за проверка. Секоја новотарија, која се појавува во Црквата, значи уште една ерес, а секоја ерес раѓа уше една секта, која себе си милува да се нарече „црква„. Чисто онака, ради убедливост.

Јас знам прилично за боговите и затоа можам да си допуштам за коментирам за нив. Верувањето е само почеток во моја вера, а потоа следуваат живеењето и искуствените сознанија од истата, каде границата меѓу релгиозната теорија и пракса станува невидлива.

Постоењето мноштво богови не значи и постоење мноштво паралелни вистини. Вистината е една, универзална, идентична за сите, а надвор од вистината постои светот од лагите и нивниот татко.
 
Последно уредено:
Член од
3 јуни 2018
Мислења
308
Поени од реакции
134
Епа во христијанството имаш Илија громовник...во Грција Зевс...во други држави thunder god , значи за истиот бог/демон станува збор....???
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Морам да ти признаам дека малку ме загрижува тоа шо сакаш да го преинсталираш пророкот без да си му ја видел фацата дали е сумљива.
:love:
Човечката обвивка на средиштето на огнот што гори во срцето на секоја ѕвезда е ништо во однос на бесконечноста.
:coffee:
Автоматски споено мислење:

Логика и старо-еонски религии не оди добро кога се работи за туѓите учења.
Имате омраза кон туѓоста, непријателски став кон „ближниот“ - кој реално не е ближен ако не е со вас, автоматски е зло.
Вакви муабети со тинејџери или млади луѓе кои сеуште се запознаваат со старите религии...
Автоматски споено мислење:

Ќе се цитирам:
Бидејќи не знаете, не може да велите дека само преку ова и ова или само преку нас (кои и да сте вие верниците) човекот може ова и ова...
Заради таа потреба од незнаење туку постојано убедување дека доволно е верување, не може да ги ставате во еден кош сите други и нормално, да се дрзнувате да ги осудувате и окарактеризирате како зло или погрешни. И да, тоа не го правите директно, онака суптилно, оддалеку, за да обичниот човек не ја разбере смислата на вашето ограничување и постојано сатанизирање на другоста.

За тоа зборувам јас постојано...
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.653
Поени од реакции
3.767
Епа во христијанството имаш Илија громовник...во Грција Зевс...во други држави thunder god , значи за истиот бог/демон станува збор....???
Не...

Илија е пророк од Стариот Завет, не е никаков бог. Илија е жив вознесен на небесата и како таков ќе се врати на Земјава, заедно со Енох, за да го разобличат антихристот, во последните години од битисувањето од овој Свет.

Зевс е еден од врвните богови во елинската митологија, што значи дека е измислен митолошки лик, не е религиозен бог. Со крајот од елинските градови-држави, престана и елинската митологија, која денес има по некој свој следбеник низ Грција.

Начелно, зад секој измислен бог, стои по еден идол, односно демон. Демоните се прилагодливи па низ човековата историја ги гледаме како едни и исти ликови, но со различни имиња.
 
Член од
3 јуни 2018
Мислења
308
Поени од реакции
134
Ахам а што е со сите светци,празници и други не библиски работи што ги негува христијанството?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.653
Поени од реакции
3.767
Ахам а што е со сите светци,празници и други не библиски работи што ги негува христијанството?
Следно ќе речеш/прашаш е-дај ми цитат од Библијата во кој го пишува тоа и тоа...:icon_lol:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Следно прашање е зошто старите верувања, рутали и иницијации ги преставувате како измислени (и нормално се што може најлошо да се накалеми на истите), а вашето верување како христијани е факт, реалност на универзумот, богот на евреите е и ваш бог кој што верувате дека постои, верувате во стариот завет или тората... како е тоа можно?
Зевс, Пан, Аполон, Нептун итн итн се измислени, а вашиот бог преземен од еврејската тора е реалност и тоа реалност мора да биде за сите or else...

И пак ќе прашам: што е филмот и денес со постојано демонизирање и сатанизирање на туѓото еве како што правиш ти и многу други пред тебе на форумов, а и на други места по нетов? За да христијанството го преставувате како „светла точка“ која важи за сите? :coffee:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom