SuBZerO
Бигус Дикус
- Член од
- 26 јануари 2007
- Мислења
- 3.862
- Поени од реакции
- 4.814
I kaj e tuka odgovorot be miki....ti samo generalno ja opisa hirearhijata\postavenosta vo crkvata! Kako da znaeme deka ucitelot sto go predava materijalot e vistinit?Одговорот веќе ти е даден во склоп на мал миљон одговори, кои веќе сум ти ги напишал.
Ајде пак, за да не се расплачеш од моето неодговарање...
Објавената ни вистина е една и иста за сите во Црквата-иста е и за епископот, кого целата Црква во знае, а иста е и за најголемиот анонимус во Црквата, за кого ретко кој чул.
Авторитетот во Црквата се постигнува преку:
- Апостолското преемство, преку кое дел од Црковните членови стануваат свештеници и имаат ексклузивно право да бидат светотаинско свештенство и
- преку личниот духовен опит, кој се постигнува преку живеењето во и со објавената вистина.
Духовниот опит е ист и за „обичните„ верници и за подвижниците, а најизразен и најобемен е кај подвижниците во Црквата, кои, таложејќи знаење и искуство, стекнуваат позиција на Учители во рамките од Црквата и од таа позиција, можат и мораат да ги подучуваат понеуките и понеискусните од себе.
Просто кажано, хиерархиската поставеност во Црквата е од Бога зададена и е пресликана од небесната хиерархија.