Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
3 септември 2010
Мислења
5.750
Поени од реакции
7.925
Емпириски-реалистичен доказ.
Првиот емпирискиот би го модифицирал со додатни уреди, има одредени работи за кои сетилата знаат да бидат излажани, но затоа успеавме да направиме уреди со кои може да покажеме работи кои сетилата немаат способност да ги видат со природната градба.
На кој начин сметаш дека од тој замислен експеримент ќе ги одвоиш иманентноста и трансцедентноста како главни Божји атрибути, за да не ти влијаат на добиениот резултат?

За второто сметам дека можеме да осознаеме се што постои, потребно е само време и желба.
Пред само 50 години работи кои биле прикажувани во sci-fi филмовите, денес се реалност, по 50 не може ни да замислам што се може да имаме достигнато.
По 50 години може ќе има и Еврабија и шеријат, а може човештвото ќе стигне и до идиократија бидејќи веќе се појавија првите нејзини предвесници со своите „длабокоумни“ согледувања, уверувајќи ги другите дека Земјата е рамна, дека не постои континентот Антарктик, па дури дека не постои ниту Австралија.[DOUBLEPOST=1490552786][/DOUBLEPOST]
Пред само 50 години работи кои биле прикажувани во sci-fi филмовите, денес се реалност, по 50 не може ни да замислам што се може да имаме достигнато.
Мислам дека беше во периодот 1990-1993, телевизор црнобел CRT - емисија Виленка (Ordy/Meme).

2016 година: Телевизор OLED и Late Night Show - Земјата е рамна.

Да ти се плукнам во таквиот напредок.:)
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
На кој начин сметаш дека од тој замислен експеримент ќе ги одвоиш иманентноста и трансцедентноста како главни Божји атрибути, за да не ти влијаат на добиениот резултат?


По 50 години може ќе има и Еврабија и шеријат, а може човештвото ќе стигне и до идиократија бидејќи веќе се појавија првите нејзини предвесници со своите „длабокоумни“ согледувања, уверувајќи ги другите дека Земјата е рамна, дека не постои континентот Антарктик, па дури дека не постои ниту Австралија.
Првото прашање е дали навистина иманентноста и трансцедентноста постојат или се дадени од човековиот ум како божји атрибути, т.е доколку бог не постои, тогаш не постојат ни тие.
Кога ќе докажеме како сме настанале ние, како настанал светот, што навистина се случува после смртта, каде се предава енергијата и уште мал милион работи ќе може да се направи овој доказ, дотогаш ќе имаме милион теории за божјото постоење односно непостоење, за изгледот на бог и т.н, мислам дека не сме многу далеку и од тој дел, дали постои креатор и дали тој е онаков како што го опишала религијата или се работи за цел народ понапреден од нас ќе видиме.

За брзо време ќе имаме создадено и ние нови суштества т.е роботи со вештачка интелигенција, веќе успеавме да клонираме, успеавме генетски да модифицираме и да добиваме нови видови, дали тоа нас не прави богови?

Факт е дека религијата нема доказ за божјото постоење, туку претпоставка дека постои и тоа се однесува на сите религии не само на христијанството.
По 50 години ќе може да си платат карта тие што сакаат и да ја видат каква е земјата, веќе смисливме возила кои самите возат без потреба од возач со навигацијата која е заснована со апроксимацијата на геоидот со ротациски елипсоид и сите можни калкулации се засновани на тој начин, летала кои летаат без пилоти и извршуваат одредени цивилни и воени цели со истите тие математики и т.н, но теории на заговори има и ќе има, лудаци со мозоци кои не функционираат баш најдобро постоеле откако постои човековиот род, нив не може да ги запреме, секој може да верува во тоа што сака, а каква е реалноста е тоа е веќе одлика со која сакаат да се занимаваат свесните.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Мики не си понудил никаков доказ, туку претпоставки.
Јас може да претпоставам дека постои патување во времето и паралелни светови, но се додека не го докажам или не успеам да патувам нема да се важи, може да претпоставам дека има универзален лек за сите типови на рак, но се додека не го докажеме ќе умира народот и тн.
Кеплер,

е ми, појќепати ти нагласив и напишав; дај кажи ми како треба да „изгледа„ доказот, а да ти биди по мерак...:pos:

Наместо да изразиш жеља, ти непрекидно бараш доказ, кој (доказ) не знаеш ниту оддалеку како треба да „изгледа„ па сето ова твое промашување мене ми го припишуваш како „претпоставка„, а јас не ти посочив никаква претпоставка, туку реално искуствено сознаније за моќта од молитвата-што од Црквата. што мое лично.

Трај си, глеј си то омите, ватите, фарадите, волтите, каблите, дозните, прекинувачите, трафостаниците и сличните електрчарски стварчици и не се петљај со претешки теми.

Патем кажано, универзален лек за ракот нема и ќе нема, оти преку ракот, Бог го полни Рајот.
 

mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
Мислам дека беше во периодот 1990-1993, телевизор црнобел CRT - емисија Виленка (Ordy/Meme).

2016 година: Телевизор OLED и Late Night Show - Земјата е рамна.

Да ти се плукнам во таквиот напредок.:)
забораваш дека во тој напредок во кој плукаш е напредокот кој ти овозможи овде да пишуваш на форумов, тоа ти е интернет, персонален компјутер.[DOUBLEPOST=1490557710][/DOUBLEPOST]
Патем кажано, универзален лек за ракот нема и ќе нема, оти преку ракот, Бог го полни Рајот.
а создава “пекол“ овде на земјата. и после ме прашуваш каде гледам демонска хриситјанска религија со еврејски господ-демон.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Да постоеше објективен метод, тогаш и верници и атеисти и сатанисти и муслимани и хиндуси ќе можеа со него да се уверат во вашите тврдења. Пет плус пет е десет без разлика дали ќе учиш собирање во Македонија, Америка, Јапонија или Африка, неможе во Македонија да биде десет, во Јапонија петнаесет.
Објективниот метод постои, даден ни е бадијала од Небесата и истиот токму за тоа и служи; за да ја одвои вистината од лагата. Со тој метод се служат само верните во живиот Бог, Кој ни ја објави вистината и Себе си се објави како жива Вистина. Оние кои не ја прифаќаат таа вистина а исповедаат нечија туѓа, веќе се во длабока прелест.

Математиката е вистина сама за себе и нема ништо заедничко со духовноста.[DOUBLEPOST=1490557928][/DOUBLEPOST]
а создава “пекол“ овде на земјата. и после ме прашуваш каде гледам демонска хриситјанска религија со еврејски господ-демон.

А кај ти е одговорот?[DOUBLEPOST=1490558030][/DOUBLEPOST]
Првото прашање е дали навистина иманентноста и трансцедентноста постојат или се дадени од човековиот ум како божји атрибути, т.е доколку бог не постои, тогаш не постојат ни тие.
Кога ќе докажеме како сме настанале ние, како настанал светот, што навистина се случува после смртта, каде се предава енергијата и уште мал милион работи ќе може да се направи овој доказ, дотогаш ќе имаме милион теории за божјото постоење односно непостоење, за изгледот на бог и т.н, мислам дека не сме многу далеку и од тој дел, дали постои креатор и дали тој е онаков како што го опишала религијата или се работи за цел народ понапреден од нас ќе видиме.

За брзо време ќе имаме создадено и ние нови суштества т.е роботи со вештачка интелигенција, веќе успеавме да клонираме, успеавме генетски да модифицираме и да добиваме нови видови, дали тоа нас не прави богови?

Факт е дека религијата нема доказ за божјото постоење, туку претпоставка дека постои и тоа се однесува на сите религии не само на христијанството.
По 50 години ќе може да си платат карта тие што сакаат и да ја видат каква е земјата, веќе смисливме возила кои самите возат без потреба од возач со навигацијата која е заснована со апроксимацијата на геоидот со ротациски елипсоид и сите можни калкулации се засновани на тој начин, летала кои летаат без пилоти и извршуваат одредени цивилни и воени цели со истите тие математики и т.н, но теории на заговори има и ќе има, лудаци со мозоци кои не функционираат баш најдобро постоеле откако постои човековиот род, нив не може да ги запреме, секој може да верува во тоа што сака, а каква е реалноста е тоа е веќе одлика со која сакаат да се занимаваат свесните.
Кон болдот: наведи кој е тој факт.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Кеплер,

е ми, појќепати ти нагласив и напишав; дај кажи ми како треба да „изгледа„ доказот, а да ти биди по мерак...:pos:

Наместо да изразиш жеља, ти непрекидно бараш доказ, кој (доказ) не знаеш ниту оддалеку како треба да „изгледа„ па сето ова твое промашување мене ми го припишуваш како „претпоставка„, а јас не ти посочив никаква претпоставка, туку реално искуствено сознаније за моќта од молитвата-што од Црквата. што мое лично.

Трај си, глеј си то омите, ватите, фарадите, волтите, каблите, дозните, прекинувачите, трафостаниците и сличните електрчарски стварчици и не се петљај со претешки теми.

Патем кажано, универзален лек за ракот нема и ќе нема, оти преку ракот, Бог го полни Рајот.
Мики, ти кажуваш дека госпо постои и дека си праиш муабет, јас ти наведов, чекам емпириски реалистичен доказ, ако знаеш дека нештото постои, обиди се да го докажеш.

Мислиш дека ова е претешка тема? Не постои претешка тема, постои тема за која уште немаме доволно информации, не значи дека со тек на време нема да ја осознаеме истата.

Нели госпо беше арен, шо така намерно праи болештини за да го полни рајот, сега ме тераш да го поистоветам со ѓаолот, фактички според твојава реченица станува за истиот лик, манипулира со луѓето демек добро/зло, рај/пекол за да си го исполни времето?[DOUBLEPOST=1490558080][/DOUBLEPOST]П.С ти треба да го дадеш доказот, се додека не го дадеш останува фактот дека немаш доказ!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Мики, ти кажуваш дека госпо постои и дека си праиш муабет, јас ти наведов, чекам емпириски реалистичен доказ, ако знаеш дека нештото постои, обиди се да го докажеш.
Веќе го изнесов доказот-моќта од молитвата.
Ако прејдам на Светите Тајни, уште помалку ќе разбереш...[DOUBLEPOST=1490558209][/DOUBLEPOST]
Мислиш дека ова е претешка тема? Не постои претешка тема, постои тема за која уште немаме доволно информации, не значи дека со тек на време нема да ја осознаеме истата.

За тебе е претешка, за мене е позната; разликата е очигледна.[DOUBLEPOST=1490558324][/DOUBLEPOST]
Нели госпо беше арен, шо така намерно праи болештини за да го полни рајот, сега ме тераш да го поистоветам со ѓаолот, фактички според твојава реченица станува за истиот лик, манипулира со луѓето демек добро/зло, рај/пекол за да си го исполни времето?
Господ Бог пак Си Е арен, оти Неговата природа не се менува, за разлика од човековата, која е отпадната и склона кон болести и конечно, кон смрт.

Злото не произлегува од Бога, оти злото не е створено, туку е последица од слободноволноста.[DOUBLEPOST=1490558356][/DOUBLEPOST]
П.С ти треба да го дадеш доказот, се додека не го дадеш останува фактот дека немаш доказ!
Доказот веќе е даден.
 

mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
Незнам навистина, страшна работа..од каде ти е таква сулуда идеја дека христијанската религија била демонска..брееееееее..првпат за толку години да прочитам вакво лудо мислење...па па...
Нашата религија нема ритуали, има само листа со правила како треба да постапуваме, што треба и што не треба да се прави.
Никакви ритуали, никакви жртвувања, нема пиење на крв и др. сатанистички обреди...САМО ШИРЕЊЕ НА ЉУБОВ, МОРАЛ И ПОЧИТ кон се што е на оваа планета.
mister blue,



Туку, ај ти напни го мозокот и посочи ми на кој начин откри дека рисјајнската религија е демонска? Јас велам дека абер си немаш, попут многумина други на формов, кои наместо со мозокот, мислат со задникот.

Ај, обиди се, живо ме занима твојата метода на утврдување демонизам. Ќе мојш?...
еве ти мој цитат од порано

“Да во право си, Вистината е љубов, взаемна почит меѓу сите различни луѓе - раса, пол, идеологија, сексуална ориентација, итн.

а христијанската демонска религија на чело со нивниот еврејски бог/демон е лага, суровост, измачување, казнување
страв од казна на еврејскиот бог/демон,
суеверие за следење на правилата на истиот и најголемата казна доколку не ги следат,
величење на машкиот пол и потчинување на женскиот пол,
маргинализирање, угнетување и уништување на неистомислениците на сектата на еврејскиот бог/демон,
маргинализирање, угнетување и уништување на поединците кои ја преферираат слободата отколку демонската хриситијанска религија,
маргинализирање, угнетување и уништување на поединците кои сами сакаат да ја изберат својата сексуална ориентација
маргинализирање, угнетување и уништување на поединците и нивните дела доколку со истите тие дела го побиваат или разоткриваат еврејскиот бог/демон (научнаци, истражувачи, филозофи и.т.н.)
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Веќе го изнесов доказот-моќта од молитвата.
Ако прејдам на Светите Тајни, уште помалку ќе разбереш...[DOUBLEPOST=1490558209][/DOUBLEPOST]


За тебе е претешка, за мене е позната; разликата е очигледна.
Мики, за што се помоли и што ти оствари госпо, а не беше остварливо без неговата помош?

Се што не можеш да го објасниш со неколку зборови, не го разбираш доволно добро, во случајов ти и самиот не веруваш во тоа што го кажуваш.
 

mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
Веќе го изнесов доказот-моќта од молитвата.
Ако прејдам на Светите Тајни, уште помалку ќе разбереш...
единствениот доказ за вашиот бог е вашето сведочење ( на поповите, владиките на црквата). одамна е увидена правата природа на црквата и нејзините свештеници, одамна е изгубена вашата репутација и верувањето во вашите искази, на чудата кои што ги рекламирате и како резултат на тоа одамна народот престана да верува на поповите, владиките и црквата.[DOUBLEPOST=1490559867][/DOUBLEPOST]
Има правила кои навистина и јас им се чудам а и не ги прифаќам, не ги почитувам..но тоа е друга тема.
јас мислам дека оваа е правата тема за тоа.
па тогаш не си православна христијанка, ти си нешто друго, сама си создаваш правила и си ги почитуваш, или со други зборови ти сама одлучуваш кои правила да ги почитуваш а кои не, тогаш правилата можат да бидат од било која религија,од било која животна филозофија.

си се запрашала ли всушност што си ти ?:D
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
единствениот доказ за вашиот бог е вашето сведочење ( на поповите, владиките на црквата). одамна е увидена правата природа на црквата и нејзините свештеници, одамна е изгубена вашата репутација и верувањето во вашите искази, на чудата кои што ги рекламирате и како резултат на тоа одамна народот престана да верува на поповите, владиките и црквата.[DOUBLEPOST=1490559867][/DOUBLEPOST]

јас мислам дека оваа е правата тема за тоа.
па тогаш не си православна христијанка, ти си нешто друго, сама си создаваш правила и си ги почитуваш, или со други зборови ти сама одлучуваш кои правила да ги почитуваш а кои не, тогаш правилата можат да бидат од било која религија,од било која животна филозофија.

си се запрашала ли всушност што си ти ?:D
Таа е стандардна христијанка, во секое село различни адети и толкувања, па дури и секој селски поп различни адети и толкувања има за христијанството, комедии живи се.
А ако навлеземе по различни епархии, тоа е врв, сите имаат иста цел, како да соберат што е можно поголема сума од народот на името од истиот лик, со нехомогенизирани приказни за истиот.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Објективниот метод постои, даден ни е бадијала од Небесата и истиот токму за тоа и служи; за да ја одвои вистината од лагата. Со тој метод се служат само верните во живиот Бог, Кој ни ја објави вистината и Себе си се објави како жива Вистина. Оние кои не ја прифаќаат таа вистина а исповедаат нечија туѓа, веќе се во длабока прелест.
Да постоеше објективен метод, тогаш и верници и атеисти и сатанисти и муслимани и хиндуси ќе можеа со него да се уверат во вашите тврдења. Пет плус пет е десет без разлика дали ќе учиш собирање во Македонија, Америка, Јапонија или Африка, неможе во Македонија да биде десет, во Јапонија петнаесет.
[DOUBLEPOST=1490561329][/DOUBLEPOST]
Злото не произлегува од Бога, оти злото не е створено, туку е последица од слободноволноста.
Уште еден класичен пример за заклучокот предходно - дека единствено оружје ви е да ја повторувате до бесвест лагата и да ги игнорирате аргументите! Веќе беше побиен изговорот дека злото постои поради слободната волја! И тоа иронично со пример го поткрепи токму ти, примерот со чевлите!
Слободната волја е само можност да се бира, што ќе биде изборот зависи од особините на човекот! Посочив хипотетички пример, педофил и човек што не е педофил, двајцата се наоѓаат во идентична ситуација да злостават дете. Педофилот го злоставува, другиот не. Од примерот се гледа дека причината не е слободната волја туку особината да биде сексуално привлечен од деца. Доколку беше причина слободната волја, тоа ќе значеше дека само педофилите имаат слободна волја, што е очигледна глупост.
 
Последно уредено:

mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
Злото не произлегува од Бога, оти злото не е створено, туку е последица од слободноволноста.

злото со кое се потопија од поројни дождови скопските села на обиколницата на скопје и умреа/удавеа неколку луге од кој произлегува тоа зло?
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
Објективниот метод постои, даден ни е бадијала од Небесата и истиот токму за тоа и служи; за да ја одвои вистината од лагата. Со тој метод се служат само верните во живиот Бог, Кој ни ја објави вистината и Себе си се објави како жива Вистина. Оние кои не ја прифаќаат таа вистина а исповедаат нечија туѓа, веќе се во длабока прелест.
Emi kade e more Miki? Niti mojme da go vidime niti osetime toj "obejktiven metod" niti pak ja doznavme vistinata. Ti ja znaes a ne ja kazuvas. Ne si fer Miki ne si fer!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
злото со кое се потопија од поројни дождови скопските села на обиколницата на скопје и умреа/удавеа неколку луге од кој произлегува тоа зло?
Тоа „зло„ произлегува од перманентана неспособност од македончето да створи и води држава, со добро организирани и кадровски и технички опремени институции.[DOUBLEPOST=1490639939][/DOUBLEPOST]
еве ти мој цитат од порано

“Да во право си, Вистината е љубов, взаемна почит меѓу сите различни луѓе - раса, пол, идеологија, сексуална ориентација, итн.

а христијанската демонска религија на чело со нивниот еврејски бог/демон е лага, суровост, измачување, казнување
страв од казна на еврејскиот бог/демон,
суеверие за следење на правилата на истиот и најголемата казна доколку не ги следат,
величење на машкиот пол и потчинување на женскиот пол,
маргинализирање, угнетување и уништување на неистомислениците на сектата на еврејскиот бог/демон,
маргинализирање, угнетување и уништување на поединците кои ја преферираат слободата отколку демонската хриситијанска религија,
маргинализирање, угнетување и уништување на поединците кои сами сакаат да ја изберат својата сексуална ориентација
маргинализирање, угнетување и уништување на поединците и нивните дела доколку со истите тие дела го побиваат или разоткриваат еврејскиот бог/демон (научнаци, истражувачи, филозофи и.т.н.)
mister blue,

за твои потреби „по дома„, можеш да се цитираш до бесвест, а моето прашање не се однесува на твоето самоцитирање, туку на посочувањето на методата со која откри дека рисјанската вера е демонска.

Личните ставови не се никаква метода, туку само субјективен и често погрешен поглед кон одредени појави.

Ај обиди се одново...[DOUBLEPOST=1490640063][/DOUBLEPOST]
Мики, за што се помоли и што ти оствари госпо, а не беше остварливо без неговата помош?

Се што не можеш да го објасниш со неколку зборови, не го разбираш доволно добро, во случајов ти и самиот не веруваш во тоа што го кажуваш.
Веќе ти објаснив со неколку зборови, ама ниту нив не ги разбираш, а мене ми ја префрлаш кривицата?
„Не ми ја мати водата„-и‘ рече волкот на овчичката.[DOUBLEPOST=1490640238][/DOUBLEPOST]
[DOUBLEPOST=1490561329][/DOUBLEPOST]
Уште еден класичен пример за заклучокот предходно - дека единствено оружје ви е да ја повторувате до бесвест лагата и да ги игнорирате аргументите!
Лагата до бесвест ја повторуваат само лажговците.
Црквата исповеда откриена вистина и жива Вистина-самиот Бог.

Разликата е очигледна.[DOUBLEPOST=1490640311][/DOUBLEPOST]
[DOUBLEPOST=1490561329][/DOUBLEPOST]
Веќе беше побиен изговорот дека злото постои поради слободната волја!
А како го поби она кое веќе пости? Му рече „Не постоиш„ и постоечкото исчезна, така?[DOUBLEPOST=1490640498][/DOUBLEPOST]
[DOUBLEPOST=1490561329][/DOUBLEPOST]
Слободната волја е само можност да се бира, што ќе биде изборот зависи од особините на човекот!.
Според твојава премудрост, особините на човекот ја условуваат слободната волја. А од кај доаѓа слободната волја, дури и да е само проста можност за избор? Од особините на човекот, така?

Се вртиш во место.[DOUBLEPOST=1490640763][/DOUBLEPOST]
[DOUBLEPOST=1490561329][/DOUBLEPOST]
Посочив хипотетички пример, педофил и човек што не е педофил, двајцата се наоѓаат во идентична ситуација да злостават дете. Педофилот го злоставува, другиот не. Од примерот се гледа дека причината не е слободната волја туку особината да биде сексуално привлечен од деца. Доколку беше причина слободната волја, тоа ќе значеше дека само педофилите имаат слободна волја, што е очигледна глупост.
Примеров ти е промашен попут изборите у Липково.

Ако човекот постапува според своите похоти, во случајов, ако е настрано-педофилски расположен, тој ќе се поведе токму по таа своја похота, за да ја задоволи, како и по својата слободната волја, која не ја запоставил, одбирајќи зло(дело), и конечно, не по совеста, која ја затапил.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom